Mатурска вечер

Angiie

Истакнат Член
16 февруари 2012
506
639
93
Изгледа сум била единствена која не се потресувала за матурата. :D

Фустанче, штикли, пликче и накит купив два дена пред матурата. Дотогаш бев решена дека нема да одам на прославата :cool:
Ама разговарав со моите и ајде ме убедија некако.
Косата ми беше извиткана и така пуштена, ме шминкаше братучеда ми и воопшто не беше во склад со фустанот туку сакав да ми одговара на бојата на лицето бла бла.
И пак си бев најубава бе :p
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Dee Dee and Luckky

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,933
743
Ич не се замарав како ќе бидам на матурската вечер.. Едноставно со истите фармерки и патики што си идев на школо си појдов со нив. Само кошула нова си земав од Шутка..И онака е само една вечер, зошто да трошам пари да се докажам колку фарер сум или која девојка таму била поубава.. Ние сме си прост и оговарачки народ. Облеката не те прави ни малце поубав или подобрар, тоа е само декорација.. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Scars31 and Dee Dee

InnaLaurie

Истакнат Член
12 март 2012
281
322
363
31
На некој пуст остров
И јас сум матурантка оваа година. Планирам да си купам долг фустан (планирав да шијам, но ме предомислија моите), штикли некои не мн високи да можам да играм, ке си се нашминкам сама, најубаво се шминкам :rofl Фризура кај мојата фризерка, имам кратка коса (добро не мн кратка) боб фризура, така да и незнам баш што ке ја направам. Инаку ако некој знае страни на кои можам да видам долги фустани кои се продаваат во Скопје и во др градови во Македонија нека ми прати линк во ПП.
 

Trajche

Староседелец
13 февруари 2012
1,542
2,557
1,133
Јас само ќе си го копирам мислењето кое предходно сум го искажал на еден друг форум, се надевам се важи ;)

Не бевме од оние типични прослави (свадбарски), туку заминавме за Турција 7 дена, 5 вечери, каде што ја прославувавме секоја вечер, имаше вечери на плажа, имаше вечери во дискотеки, ништо посебно не си купив, спортски патики, кои ми одговараа со панталоните, горе една кошулка, која само тогаш ја носев, демек имавме една „официјална„вечер, другите вечери како и обично на плажа три-четврт блуска, спортски патики. Екстра си поминавме, не како другите генерации да поминуваме низ град, да гледаат сите во нас, да паѓаат во несвест 90% од матурантите и после да не снимат кој што пиел, како играл, кој со кого бил...бла бла... Закон сите 5 вечери, а и во автобусот, на тракеткот, на крстарење и така натаму...
 

Luckky

Upright
22 февруари 2012
2,636
5,812
1,153
32
Western Sky, Land of Oz.
И јас сум матурантка оваа година. Планирам да си купам долг фустан (планирав да шијам, но ме предомислија моите), штикли некои не мн високи да можам да играм, ке си се нашминкам сама, најубаво се шминкам :rofl Фризура кај мојата фризерка, имам кратка коса (добро не мн кратка) боб фризура, така да и незнам баш што ке ја направам. Инаку ако некој знае страни на кои можам да видам долги фустани кои се продаваат во Скопје и во др градови во Македонија нека ми прати линк во ПП.
зашто долг??:eek: купи си нешто што ќе можеш и другпат да облечеш ана искачање на пример.. Ти си знаеш , твое е да си одбереш :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Dee Dee

InnaLaurie

Истакнат Член
12 март 2012
281
322
363
31
На некој пуст остров
Па кај нас обично сите долги носат, од моите другарки само една ке носи краток затоа што е ниска, инаку да идам со таков обичен фустан како за излегување сите луда ке ме направат, таков ни е менталитетот во градчето.
 

Luckky

Upright
22 февруари 2012
2,636
5,812
1,153
32
Western Sky, Land of Oz.
Па кај нас обично сите долги носат, од моите другарки само една ке носи краток затоа што е ниска, инаку да идам со таков обичен фустан како за излегување сите луда ке ме направат, таков ни е менталитетот во градчето.
ааа е тоа е веќе друга работа. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Dee Dee and InnaLaurie

Luckky

Upright
22 февруари 2012
2,636
5,812
1,153
32
Western Sky, Land of Oz.
А зошто пак краток Luckky ?? Матура е еднаш, зошто би купила фустан кој после ќе го носам секој ден?
Алал нека ти е ако носиш фустан секој ден.. ;P Зборам од практичност.. Не е ништо посебно па матура е еднаш ;) Краток е по практично, можеш да си го изнаносиш и за други пригоди помалце формални или повеќе.. А која е финтата да фрлиш пари за нешто што само еднаш ќе го облечеш ?? Секако тука е исклучок само венчаницата.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Dee Dee and lady_blue

LadyInPink

Истакнат Член
14 февруари 2012
1,236
1,749
113
Малку таму, малку овде...
Алал нека ти е ако носиш фустан секој ден.. ;P Зборам од практичност.. Не е ништо посебно па матура е еднаш ;) Краток е по практично, можеш да си го изнаносиш и за други пригоди помалце формални или повеќе.. А која е финтата да фрлиш пари за нешто што само еднаш ќе го облечеш ?? Секако тука е исклучок само венчаницата.
Сеедно. Независно дали краток или долг, фустанот ќе биде посвечен од оној што би го облекле да речеме во сабота навечер.
И краток и долг, ќе можеш да го облечеш повторно на некоја свадба или слична свеченост.
Не верувам дека некој ќе купи фустан за матура кој потоа ќе го носи на плажа...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: InnaLaurie