Освен медитација, како алатки за кревање на духот се користат и афирмациите и посвесните/скриените пораки (affirmations & subliminal messages), па така многу подкасти и Јутуб видеа се полни со дури и по неколкучасовни видеа од овој тип.
Афирмациите и поствесните пораки, во зависност од намената, обично се од типот:
- Јас сум силна/здрава/богата
- Финансиите/здравјето ми се во одлична состојба
- Личноста што ја барам ме бара и мене
Итн.
Кога бев во многу лоша состојба поради постојаните анксиозни и панични напади, ги слушав овие барем по час-два дневно. Иако тогаш си викав еј, глупости, триста гласа еден врз друг, колку фокус да ти оттргнат барем, сфатив дека навлегуваат во потсвеста и полека почнав да се фаќам како си повторувам некоја реченица кога ќе ме фати паника, па дури и ме смируваше.
Сега, дали мислам дека ако си повторуваш дека си богат и слушаш такви видеа, ќе ти дојдат сами парите? Секако дека не. Но можеби кај некого ќе влијае да го поттурне да разгледа опции за подобра работа.
За психичко здравје, посебно самодоверба или ако е потребен оној extra push да веруваш во себе или да се утешиш за нешто, и тоа како знае да влијае. Башка „гуруа“ се изнамлатија пари со вакви видеа - ќе стави некоја фреквенција у позадина, ќе нафрли 20-ина реченици со Мајкрософт/Сири гласовине и добива милиони прегледи.
За вакви зборам:
Мислам, секако не штетат да брчат во позадина дури си тераш со денот, ама овој тип се некако на исто рамниште колку Брацо што лечи со погледот. Али еј, за секого по нешто, па ако дава резултат, супер.
Искуства со афирмации, манифестирање, потсвесни пораки, итн.?