Колку афирмациите влијаат на психата?

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Освен медитација, како алатки за кревање на духот се користат и афирмациите и посвесните/скриените пораки (affirmations & subliminal messages), па така многу подкасти и Јутуб видеа се полни со дури и по неколкучасовни видеа од овој тип.
Афирмациите и поствесните пораки, во зависност од намената, обично се од типот:
- Јас сум силна/здрава/богата
- Финансиите/здравјето ми се во одлична состојба
- Личноста што ја барам ме бара и мене
Итн.

Кога бев во многу лоша состојба поради постојаните анксиозни и панични напади, ги слушав овие барем по час-два дневно. Иако тогаш си викав еј, глупости, триста гласа еден врз друг, колку фокус да ти оттргнат барем, сфатив дека навлегуваат во потсвеста и полека почнав да се фаќам како си повторувам некоја реченица кога ќе ме фати паника, па дури и ме смируваше.
Сега, дали мислам дека ако си повторуваш дека си богат и слушаш такви видеа, ќе ти дојдат сами парите? Секако дека не. Но можеби кај некого ќе влијае да го поттурне да разгледа опции за подобра работа.
За психичко здравје, посебно самодоверба или ако е потребен оној extra push да веруваш во себе или да се утешиш за нешто, и тоа како знае да влијае. Башка „гуруа“ се изнамлатија пари со вакви видеа - ќе стави некоја фреквенција у позадина, ќе нафрли 20-ина реченици со Мајкрософт/Сири гласовине и добива милиони прегледи.
За вакви зборам:
Мислам, секако не штетат да брчат во позадина дури си тераш со денот, ама овој тип се некако на исто рамниште колку Брацо што лечи со погледот. Али еј, за секого по нешто, па ако дава резултат, супер. :)
Искуства со афирмации, манифестирање, потсвесни пораки, итн.?
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Не сум сретнал досега вакви видеа, но и во овој случај како и некои слични се прашувам зошто никогаш нема ниту еден контент креатор од Молдавија, Босна, Парагвај, Намибија или барем Филипини? Што е тоа што спречува милијарди раја да визуелизираат позитивни мисли? Зошто секогаш мора да бидат некои амери?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Има од овие на мнооогу јазици пошто е многу лесно да се направат вакви видеа. Мајката на другарка ми секое утро си слушаше на српски дури бевме на одмор, па тогаш можеше денот да почне. :)
Еве само една од многуте. Вака стварно приглупо делува да зјапаш во празно дури некој ти повторува очигледни ствари на слушалки, ама ете некои реченици ми се имаат увртено за некои работи, па не е сосема губажа, хах.
Мене ми се допаѓаше Jason Stephenson со неговите афирмации и медитации пошто се многу смирувачки и личи дека стварно вложува во нив, иако одамна немам проверено што има ново.
 
Овие ситуации произлегоа од Тајната која пак произлегла од контракултурата и источњачки мудрости прилагодени за западно уво. Ако навистина помага на некого што да не, ваљда нема некоја штета од вакви видеа.
Во контекст на ова, јас слушам секој ден пост-панк, синт-поп, инди-поп, њу-вејв/нови вал песни, нема ден а да не слушнам барем 10-тина особено наутро пошто синтот има некои фреквенции изгледа кои помагаат во стварање серотонини и ендорфини и слични супстанци, навистина помагаат во секојдневие.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Овие ситуации произлегоа од Тајната која пак произлегла од контракултурата и источњачки мудрости прилагодени за западно уво. Ако навистина помага на некого што да не, ваљда нема некоја штета од вакви видеа.
Во контекст на ова, јас слушам секој ден пост-панк, синт-поп, инди-поп, њу-вејв/нови вал песни, нема ден а да не слушнам барем 10-тина особено наутро пошто синтот има некои фреквенции изгледа кои помагаат во стварање серотонини и ендорфини и слични супстанци, навистина помагаат во секојдневие.
Тоа е тоа, чист Пласибо ефект и еден вид на перење сопствен мозок, али што викаш, не штети никому... освен ако не излезе некој екстремист да почне со реченици што повикуваат на џихад, протнати меѓу „Јас сум прекрасна“ и „Парите идат кон мене секој ден“.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Тоа е тоа, чист Пласибо ефект и еден вид на перење сопствен мозок, али што викаш, не штети никому... освен ако не излезе некој екстремист да почне со реченици што повикуваат на џихад, протнати меѓу „Јас сум прекрасна“ и „Парите идат кон мене секој ден“.

Чудно како ставаат фотки од Бентли и остали коли од по 250К фунти, ајде барем нешто Хјундаи ова она, за почеток, не мора веднаш да се афирмира мечтаење за суперлукзузни генерички симболи на материјално богатсво, нема скромност некако :D
Може да помага на одредено ниво, но сакањето на самиот себе пример, во случај лицето да не се сака себеси, или чак да се мрази себеси, промената на тоа бара сериозна работа и посветеност, што сам, што со помош на стручни лица и пријатели но најмногу со интимни партнер/ки.

Јас правев нешто слично на ова во видеата ама спонтано со најсаканата, секое божје утро по будење и кажував нешто де на фиромски де на англиски де на српски па чак и на остали јазици од "добро утро најубава моја" до "mirror mirror on the wall who`s the sweetest of them all" ама баш буквално секој ден, настрана пример се качуваме во лифт и ја прашувам дали во скоро време некој и кажал колку е најубава на светот :p и таа знаеше што е ситуацијата па као демек не, немала чуено одамна :D
Навистина имаше проблем со тоа што имаше комплекси и мала самодоверба, што поради тоа што физички беше ниска и така ситничка, без изразени облини, нежна и кршлива па се до тоа што никој не ја земал за сериозно од најблиски нит пак можела да се довери на најблиските.......
Од почеток ми фалеше нејзина вокализација на она што го осеќа па бев некако малку даун ама со тек на време се научи да ми враќа наутро после мојата изјава следеше нејзина во сличен стил, ми кажуваше добро утро моја најубава и најширока душа на светот или `morning my beautiful boy :) и така денот започнуваше феноменално.
Ок е да се чуе нешто афирмативно на виртуелна платформа ама во живо да ти кажува постојано особа која искрено те сака..................е тоа е нешто кое е блиску до мојата перцепција за рајот на земјата.

Никогаш не сфатив парови кои особено наутро се расправаат и чак и се дерат наоколу, какво дно при старт на денот, не и не, надвор убаво време, сонце, а овие се јадат и си разменуваат тешки зборови, колку примери од моите, па се до братучеди и познаници што имам слушано, како бре возрасни магариња.........
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra