Стигнавме пак до тие месеци каде загадувањето ескалира (не дека другиве месеци е пречисто за дишење), па да се преброиме колку ви е загадено местото на живеење.
Последнава недела дена Куманово скоро и не се гледа од магли наутро и навечер.
Дури ја пишувам темава, апликацијата/сајтот на МојВоздух покажува дека нивото на ПМ10 честички во Скопје е 295 микрограми на метар кубен, односно е класифицирано како опасно и означено со виолетова боја (што мислам претставува највисоко ниво).
Не е тајна ни дека често сме водечка сила не само во регионот, туку и на светските листи кога станува збор за загадување.
Приметувам и по себе дека некогаш грлото опасно ме гребе и ме тера да кашлам, што во одредени периоди дури и избегнувам да проветрувам пошто е отров.
Како е во вашето место и како може како индивидуи да се заштитиме барем до некој степен?
Кој е главниот причинител за загадувањето во вашето место на живеење и може ли некако да влијаете врз него?
Кај нас е палењето на ѓубре и гуми, но никој не се замара да оди да интервенира пошто „некаде мора да изгорат“ и тоа некаде е близу центарот на градот, односно секојдневно се гледа чадот од било која повисока тераса што гледа кон ридовите кајшто се палат гумите и ѓубрето.
Ова само ќе го поставам ради Васко Ефтов ефект, го знаеме веќе одговорот, но дали некоја партија исполни ветување (чек, ветија ли, ко прво?) дека ќе се погрижи за поздрав воздух за жителите?