Загадениот воздух во Македонија

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Стигнавме пак до тие месеци каде загадувањето ескалира (не дека другиве месеци е пречисто за дишење), па да се преброиме колку ви е загадено местото на живеење. :zelen
Последнава недела дена Куманово скоро и не се гледа од магли наутро и навечер.
Дури ја пишувам темава, апликацијата/сајтот на МојВоздух покажува дека нивото на ПМ10 честички во Скопје е 295 микрограми на метар кубен, односно е класифицирано како опасно и означено со виолетова боја (што мислам претставува највисоко ниво).
Не е тајна ни дека често сме водечка сила не само во регионот, туку и на светските листи кога станува збор за загадување.
Приметувам и по себе дека некогаш грлото опасно ме гребе и ме тера да кашлам, што во одредени периоди дури и избегнувам да проветрувам пошто е отров.

Како е во вашето место и како може како индивидуи да се заштитиме барем до некој степен?
Кој е главниот причинител за загадувањето во вашето место на живеење и може ли некако да влијаете врз него?
Кај нас е палењето на ѓубре и гуми, но никој не се замара да оди да интервенира пошто „некаде мора да изгорат“ и тоа некаде е близу центарот на градот, односно секојдневно се гледа чадот од било која повисока тераса што гледа кон ридовите кајшто се палат гумите и ѓубрето.
Ова само ќе го поставам ради Васко Ефтов ефект, го знаеме веќе одговорот, но дали некоја партија исполни ветување (чек, ветија ли, ко прво?) дека ќе се погрижи за поздрав воздух за жителите?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Сите знаат кој највеќе загадува ама џабе, луди цигани на кејот палат се што може да гори, од пластика до гума преку текстил и кабли. Преку ден трпаат материјал а навечер димница ко во најдобрите денови на Железара. Тука се и секако милионите коли кои се користат за 20 метри пат, зошто да оди пешки до пазар кога може со кола. Ова значи не е загадувач туку загадувачи биле оние што се греат на дрва, па дури и ќе биле казнувани. Земеш на пример клима со овие субвенции, и сега мораш само со неа да се грееш, дрва не. Секоја година истото па истото, кога не беа на власт беше загадено многу, сега кога се на власт како кажуваат си мислиш Скопје е на 4000 метри висина. Истите ветувања истите глупости, а реалноста е згради од по 20 ката и 17 влезови, во Црниче секој мал плац што е празен е пополнет со зграда луѓето пијат кафе преку прозор од што се блиску. Џабе е се, ништо нема да се промени.
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Тоа ми е и жал многу, што не гледам како би се сменило.
Некои возила се толку канта и загадувачи, што побрзо ќе стигнеш пеш со врзани очи отколку со таа кола.
Со климите е исто жива глупост и можеби донекаде океј ако и само ако сите се греете, спиете и пувате во истата соба, инаку за зимски период е сосема неизводливо.
Криво ми е пошто баш со полицаец беа разговарале моиве и муабетот му беше „Не можеш со стоки да се расправаш цело време.“
Океј, океј е за обичен човек, ама тебе тоа ти е работата, не?
Јас па не знам и што очекувам, кога за видливо насилство враќаат со „Не си страшно претепан/а, не се познава баш, нема услови за санкција“ и останати глупости...
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Кои беа проценките, дека 4-5.000 лица во Хунзистан умирале годишно како последица на аерозагадувањето? Дека астмата и остали бронхопнеумони заболувања се во драматичен пораст? Мех...
Нема гајле раја, не е ова вирусот па сеа да трубиме за секој што умрел или имал тешки последици од аерозагадување.
Освен загадувачите тука е и географската положба на градови како Скопје, Тетово, Куманово кои биле градени на места каде нема простор за сериозно струење на воздух, може имало логика во среден век, но пост индустријализација морало да се мисли и на загадувањето.

Битола е крајно загадена од РЕК и тоа нема никогаш да се промени, ќе умираат годишно 100+ лица поради тоа. Ама тоа не е Корона, не е приориет 50 години, нек умира раја, смрт не е смрт ако ја нема на ТВ.
Охрид е ок во тој поглед, сите фабрики се затвориле во транзицијата, нема кој да загадува, населението е намалено за добри 30-35% од пикот, пола станбен фонд е на лица надвор од градот кои доаѓаат на викенди и празници.
Релација Бт-Ох веднаш се осеќа разлика во корист на Охрид, а Ск-Ох да не правиме муабет.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco

Има различни процени од 1.600 до 5.000 смртни случаи, а којзнае колку се лицата кои имаат трајни здравствени тегоби кои не завршуваат со читуља на предпоследна страна на весник.
Сепак, како општество, како држаа треба да се посветиме на побитни умирачки пошто този смрт не је смрт.
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Тоа ми е и жал многу, што не гледам како би се сменило.
Некои возила се толку канта и загадувачи, што побрзо ќе стигнеш пеш со врзани очи отколку со таа кола.
Со климите е исто жива глупост и можеби донекаде океј ако и само ако сите се греете, спиете и пувате во истата соба, инаку за зимски период е сосема неизводливо.
Криво ми е пошто баш со полицаец беа разговарале моиве и муабетот му беше „Не можеш со стоки да се расправаш цело време.“
Океј, океј е за обичен човек, ама тебе тоа ти е работата, не?
Јас па не знам и што очекувам, кога за видливо насилство враќаат со „Не си страшно претепан/а, не се познава баш, нема услови за санкција“ и останати глупости...
Би се сменило кога наместо овци ќе има народ, па кога ќе им излезат по 20-30 илјади на протести секој ден, кога ќе се блокираат автопати ќе видиш како ќе се смени. Што е толку тешко да пратат џандари на кеј, да испоказнат и испоапсат се што е циганско и готово. Стај забрана за возење на коли кои загадуваат, или нека биде ограничено бе, да не е тешко точак да возат? Нека ограничат од толку до толку саат може да се вози кола, после тоа не, или точак или пешки. Земи тоа криминалците што сечат дрва испоапси и готово. Ама зошто да го направат тоа кога и тие имаат дел од тоа. Јас сум сигурен дека секоја полициска станица во секој град е поврзана со дивите сечачи на шуми. Нив полесно им е да казнат некојси што се греел на дрва.
Кои беа проценките, дека 4-5.000 лица во Хунзистан умирале годишно како последица на аерозагадувањето? Дека астмата и остали бронхопнеумони заболувања се во драматичен пораст? Мех...
Нема гајле раја, не е ова вирусот па сеа да трубиме за секој што умрел или имал тешки последици од аерозагадување.
Освен загадувачите тука е и географската положба на градови како Скопје, Тетово, Куманово кои биле градени на места каде нема простор за сериозно струење на воздух, може имало логика во среден век, но пост индустријализација морало да се мисли и на загадувањето.

Битола е крајно загадена од РЕК и тоа нема никогаш да се промени, ќе умираат годишно 100+ лица поради тоа. Ама тоа не е Корона, не е приориет 50 години, нек умира раја, смрт не е смрт ако ја нема на ТВ.
Охрид е ок во тој поглед, сите фабрики се затвориле во транзицијата, нема кој да загадува, населението е намалено за добри 30-35% од пикот, пола станбен фонд е на лица надвор од градот кои доаѓаат на викенди и празници.
Релација Бт-Ох веднаш се осеќа разлика во корист на Охрид, а Ск-Ох да не правиме муабет.
И Охрид е за никаде со новите згради, можеби не во моментов ама ќе биде.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
@Altaïr далеку сме од тоа пошто не е тајна дека за да бидеш цајкан ти требаат само 5000 евра, па истите не знаат да се снајдат на улица и срам и страв (а навеќе ги мрзи) им е да направат нешто, туку само дремат.
Бар овде се такви за маски носење. Постариве ќе застанат некој безопасен, на други прогледуваат низ прсти, а младиве дремат до нив или општо само дремат ако се двајца млади.
Мислам... полицаец од едвај 160цм... под мишка можам ко Парис Хилтон кученцата да го носам.
Може за неколку генерации подоцна ќе станеме посвесни, но засега се јавуваат поединци што за некое време стивнуваат пошто гледаат дека нема фајде.
Денес 308 микрограми ПМ10 честици на метар кубен во Скопје...
Куманово „само“ 154, на пола. Може да се каже и дека е чист воздухот денес. :eek:
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Би се сменило кога наместо овци ќе има народ, па кога ќе им излезат по 20-30 илјади на протести секој ден, кога ќе се блокираат автопати ќе видиш како ќе се смени. Што е толку тешко да пратат џандари на кеј, да испоказнат и испоапсат се што е циганско и готово. Стај забрана за возење на коли кои загадуваат, или нека биде ограничено бе, да не е тешко точак да возат? Нека ограничат од толку до толку саат може да се вози кола, после тоа не, или точак или пешки. Земи тоа криминалците што сечат дрва испоапси и готово. Ама зошто да го направат тоа кога и тие имаат дел од тоа. Јас сум сигурен дека секоја полициска станица во секој град е поврзана со дивите сечачи на шуми. Нив полесно им е да казнат некојси што се греел на дрва.

И Охрид е за никаде со новите згради, можеби не во моментов ама ќе биде.
Зависи кој дел од Охрид, сеуште нема ништо на ниво на Железара или Аеродром или Лисиче каде постоење на најмало дрвце изгледа се смета за локално кривично дело. Такви чисто бетонски населби во кои летно време без клима уред се умира од горештина а зима е смртоносно од аерозагадување нема во Охрид, но не се сомневам дека ќе осамнат. Среќа пола станови се од викендаши, дијаспорци и по некој странец па нема раја.
Езерото исто така апсорбира значаен дел од загадувањето па и тоа ја вади ситуацијата.
Духот на Охрид го разнесоа со динамит во 1999-2000 година кога уништија музеј екс-џамија-екс-црква-екс пагански храм, феноменална градба од 5.век ама тоа е друга тема. Талибани who?

За Скопје е прекасно, треба да се уриваат стотици објекти буквално, да се консултираат светски научници за метеорологија и остали науки заедно со врвни архитекти и еколози.
Нема движење на воздухот, нема каде да оди. Настрана тоа, власта на пастирот беше опседната со сечење дрва, манијакално мразеа дрва, веројатно ги потсетува на нивните сељачки корени па потсвест ги јебе.

Хунзи за 3-5.000 мртви годишно не се замараат, пффф умирале од аерозагадување, види онаму Пекинг не се гледа прст пред око и умираат по 100К годишно ние ќе се жалиме...
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Ајмо, почнува сезона на постојани проверки на МојВоздух и скриншост со „Се отрувмеее, исцркавмеее“, дури се возат по еден во кола и ѓубрето се пали скоро во центар пошто потплаќаат Роми да собираат на и палат диви депонии.
Што знам, кај нас еве 3 метра пред себе можеш да видиш, па не е малце!
 

ScoobyDoo

Староседелец
17 февруари 2012
417
709
1,103
Еве и ние во Охрид малце да подишиме чист воздух. Иначе ова е во населба со згради, блиску базата на комуналец, планина во близина, и скоро непречен простап кун езеро. Нов туризам во Охрид, воздушна бања, 700 денари од вечер + 100 такса за дишење :rofl
 

Прикачувања

  • Screenshot 2021-11-15 010811.png
    Screenshot 2021-11-15 010811.png
    27.7 KB · Прегледи: 2
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider