Пред малку ја прочитав статијава за тоа како Емили Ратајковски не сака да кажува што пол ѝ е детето бидејќи самото ќе си го одредело тоа кога ќе наполнело 18 години.
Е сега, малку проблем е што полот е биолошки и детето може самото да си го одреди само родот кога ќе потпорасне.
Како и да е, оваа појава не е нова и многу деца се конфузни околу својот род, посебно во тинејџерските години, кога пробуваат да се пронајдат себеси и да се изградат ко индивидуа. Тоа е посебно истакнато последниве години, што мислам дека се должи на поголемата слобода да се искажеш без да бидеш нападнат (многу). И порано имало луѓе кои не се чувствувале свои со полот, но сметам дека биле премногу преплашени да го признаат тоа.
Ако сте го гледале The Danish Girl, сигурна сум дека не сте останале рамнодушни на приказната. Знам дека јас не бев.
Имаме доста познати личности кои направиле целосна транзиција, пример Чез Боно и мејкап артистката Ники де Јагер (nikkietutorials), која уште од мала знаела дека е девојче заглавено во машко тело и нејзината мајка 100% ја поддржувала во нејзината одлука.
Мене ова ми е фер, искрено. За многу луѓе е претешко да признаат дека се геј, посебно во нашево општество, а не можам да замислам па како би било ако некој каже дека е трансродов. Не знам, сметам дека имаме паметна и напредна младина, но уште се побројни оние другите, кои се спремни да линчуваат ако некој не се однсеува хардкор стереотипно според полот со кој се родени.
Од друга страна пак, сметам дека некои, за да бидат ептен политички коректни во очите на јавноста, малку и забегуваат.
Нема ништо лошо во тоа да кажеш на другите и на самото дете дека океј, роден/а си машко/женско, но ако некогаш во животот се почувствуваш поинаку, сакам да знаеш дека ќе те поддржам во одлуката. Едноставно е.
Сметам дека втурувањето пол, род, сексуална ориентација, боја на кожа, класи, итн. на детето уште од мали нозе, му ствараат само конфузија. Децата само сакаат да си играат, не ги интересира со кого.
Единствено малку смешно ми паѓаше на Тамблр кога читав тинејџери што се идентификуваат ко верверици, кактуси, лисици, итн. Но, веројатно е само период бидејќи имаше и многу што им беше смешно што пишувале пред некоја година.
Како и да е, кое е вашето мислење за овие полови/родови норми?
Би го поддржале ли вашето дете доколку каже дека е трансродово?

Последна промена: