Долга тема.
Се плашам. Искрено, се плашам многу.
Се плашам да не ме победи времето и да не, не успеам да ги сработам сите работи што сум ги имал во план.
Не ми е страв за брчите што ќе се појавуваат на моето лице, ниту пак отпуштањето на мускулите по телото - страв ми е само да не го убијам детето во мене и да бидам старец и во душата. Да не се шалам и да бидам типичен старец„А бе деца, деца“. Би сакал секогаш мозокот да ми работи со толкаво ниво на разбирателност.
Се плашам. Искрено, ни сам не сум свесен колку многу.
Со староста доаѓаат и болките - не сум имун на нив, јас не сакам да ме боли ништо сакам да сум во состојба да си чачкам низ двор, да си ми текне сред зима дека сакам да го бојам ѕидот да си станам и да си го обојам. Се плашам дека за тоа ќе немам сила во староста.