И оваа нова V:iv година ќе се прославува примањето на новиот Закон и новото време, точно 114 години откако гори стариот свет, издигнувајќи се новиот Еон, Еонот на Детето - каде што секој е дете, секој бара искуство, смеа, знаење, надминување
Фрлете ги оковите на гревот и ограничувањата и нурнете навнатре, не нанадвор!
На 08.IV.1904, точно на пладне во времетраење од еден час е диктирано првото поглавје од Законот, каде што е даден зборот на Нуит!
„57. Призивајте ме под моите ѕвезди! Љубовта е закон, љубов под волја.
И не дозволете им на будалите погрешно да ја сфатат љубовта; зашто има љубов и љубов.
Постои гулаб, и постои змија. Одберете добро!
Тој, мојот пророк, одбра, познавајќи го законот на тврдината и големата мистерија на Божјата Куќа.
Сите овие стари букви од мојата Книга се правилни; но צ (Цади) не е Ѕвездата. Тоа исто така е тајна: мојот пророк ќе им ја открие на мудрите.
58. Јас давам незамисливи радости на земјата: сигурност, не верба, за животот, над смртта; мир неискажан, одмор, екстаза; ниту пак барам некакви жртви.
59. Мојот мирис е од смолести дрвја и гуми; и нема крв во него: поради мојата коса дрвјата на Вечноста.
60. Мојот број е 11, како и броевите на тие што се наши. Петокрака Ѕвезда, со Круг во Средина, а кругот е Црвен. Мојата боја е црна за слепите, но сина и златна гледаат тие што имаат вид. Исто така јас имам скриена слава за тие кои ме љубат.“
- Книга на Законот, Поглавје I
„Оваа книга е диктирана во Каиро, помеѓу 12 и 13 часот, три последователни дена, на 8,9 и 10 Април, 1904 година. Авторот се нарече себе си Аиваз и тврдеше дека е „пратеник на Хоор-Паар-Краат“, т.е. пратеник на силите коишто сега владеат со Земјата, што ќе биде објаснето подоцна."
- Мал Вовед во Liber AL vel Legis svb figura CCXX
"Ритуалите нека бидат изведувани правилно со радост и убавина!
Постојат ритуали на елементите и прослави на времињата.
Прослава за првата ноќ на Пророкот и неговата Невеста.
Прослава за трите дена на пишувањето на Книгата на Законот."
- Книга на Законот, Поглавје II:35-38