Бев вчера на вечера, другарка дипломираше, па не собра сите да не почестела вечера. Или јас сум ненормална, или луѓево немаат ни грам домашно воспитување. Многу, значи страшно ме лути кога се злоупотребува така нечија добрина, имаше ликови кои не знаеја колку јадење и пиење испонарачаа, нели бидејќи друг плаќа. Па мајко му стара, мислете малку со тоа тиквите на рамена што ги носите, ако некој ве викнал чест да ви направи, не мора да значи да ждерете и пиете како недоветни. Јас чекам да видам што ќе предложи таа, по мое девојчето сакаше две фамилијарни пици да нарача и пијалок за секого, ама не, се истепаа први да нарачаат, гајле им е за се друго. На одење си дискутираме со друга другарка и ми вика - па нека не не вика ако нема, штом не викнала значи спремна е пари да потроши. И си замолчив, што ќе и објаснувам, џабе.
Не знам можеби јас грешам, ама секогаш гледам да имам осет кога некој ме вика на прослава, независно дали роденден или нешто друго, многу ми е глупаво да јадам и пијам колку сакам, кога некој друг од свој џеб плаќа.
Друго, муабетите на маса. Немало девојки на денешницава, сето курвичиња биле. Кажано на маса полна со девојки. И го прашувам тој едниот, не знам му викам како очекуваш да фатиш девојка со ова твое однесување. Секогаш кога и да се видиме истиот муабет го вртиш, како сите трчаме по пари, како ве гледаме само за корист и како донори за генетски материјал. Не значи дека ако некоја те одбила заради некоја причина дека сите девојки се ѓубриња. Плус, никогаш нешто добро не си кажал за нас како пол, како очекуваш привлечен да си и на некоја? Добив одговор кога ќе се вработел и ќе вртел пари ќе ги третирал онака како што заслужувале
Падна муабет и за хомосексуалците. Како смееле Србите да си дозволат чудовиште да ги води. А интересна појава ми се ваквите хомофоби, повеќе од мене знаат за тоа кој и каде коментирал, точно знаат што се случува, коментираат по страници, посакуваат Содома и Гомора да им се случи на таквите луѓе. Не знам, еве мене пример ме нервира целата фама околу Бијонсе и близнаците нејзини, па ги скролам тие теми, не ги отворам и не ги читам. Немам потреба да коментирам како не чинат или да се расфрлам со погрдни зборови. Едноставно игнорирам. Мене конкретно нит ми згрешиле нешто хомосексуалците, нит па ме интересира кој бил и што бил. Пак прашувам, па што ги читате тие вести, што ве интересира што прават и како прават. Стегнете блок и нема да ви излегуваат такви вести. Интересни се, седнати и им пишуваат срамота, сапун да ве правиме, го грешите природниот циклус дрн дрн јариња... Ама мене на нешто друго ме асоцира толкава опседнатост со нечиј туѓ живот. Али ај не вака јавно
И џабе се сите муабети, никогаш нема да мрднеме од Турското ние. Иако сме слободна земја. Најжално е што вакви појави има кај луѓе од 20 и некоја година. Наместо напред да одиме со размислувања, ние си тапкаме во место. Жално што кога ќе имаат деца и нив вака ќе ги советуваат.