Ако си грд, ако не знаеш да се однесуваш и ако се правиш нешто што не си, подобро да не почнуваш.
Најважно за да добие повратен одговор е да си убав во очите на таа со која пишуваш. Ако си ропак некој тешко дека ќе ти врати. На чат на фејзбук не знам дали остана некој што се пушта, ако останал тешко него. Исто ако е нападно пишувањето тешко дека ќе излезе нешто од сета работа.
Најјако пуштање е во живо. Прав џентлмен доаѓа ми ја бакнува раката, ми дава комплимент и учтиво ме прашува како се викам. Секоја чест на храброста. Само овој дечко ми се пуштил така, другите се како телиња само стојат и не знаат да пријдат на девојка, а тука е најголемиот проблем
А ти вака како девојче што мислиш за оние момци што пратиле friend request и ги одбиле?