Абе што толку ја сакате таа војна? (зборам општо за сите што еве веќе месец дена излезот го гледаат со војна).
Војна НЕ треба да биде ни последна можност за спас. Кои ќе војуваат, пензионерите што одат по улици или бабите што лежат на истите? Бетмен Велит или оние што одат на протести а немаат појма зашто се таму или ќе ја натераат војската да војува против сопствениот народ?
Свесни сте дека целата ситуација се сведе на тоа дека Македонија е ВМРО, ако си ВМРОВЕЦ значи си и Македонец, а ако не си тогаш си предавник, непријател се само не Македонец.
Ќе ви прокисни мозокот од толку перење.
Значи Европејците не ги сакате, Американците исто, а трчате кај Русите да ви помогнат. Па тоа нели е повторно мешање на надворешни сили во внатрешните?
И што мислите доколку Русите се согласат на раце ќе ве носат?
@Mnogo Bitno немам ништо против тебе знаеш и самиот и исто така не сакам да те навредам некако ниту да те разубедувам во твоите ставови.
Тоа што понекогаш ти одам контра на твоите ставови немој да го земаш лично едноставно не можам да се воздржам.