Сакам да кажам/Сакам да прашам

Mnogo Bitno

Староседелец
9 февруари 2015
1,801
810
1,133
Skopje
yes што да правам ,малце тука да пробам да бидам сакан :place (facepalm)
знаеш и ти дека сум голем п***р ;):cool:
 

Ѕвездичка

Староседелец
21 март 2016
1,102
971
1,133
Много shitno да ти дадам 100 денари да не пишуваш глупави мислења ? Или не може тоа појако е од тебе ?
Знам знам (nod)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Mnogo Bitno

Makedonec

Модератор
Член на администрација
15 јуни 2014
1,473
1,200
1,133
Ја гледате промотивната слика доле и кликате на неа!


cbb.PNG
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo

The_Mayor

Фраер од пелени
18 март 2012
2,840
6,532
1,153
Градибачалник на Прибој
Порно на кајгана да ги читам оние изгубенине што мислат дека земјата е рамна, одколку овде оние двајца со хумор (левел Раде Рогожаров) кај шо се расправаат.
 

$3Я3|\||)&p&†Y

Староседелец
12 мај 2012
3,690
3,871
1,183
Вака. Сакам нешто да прашам, со можност да ми кажете/да ме упатите каде може да се обратам. Ќе ги искористам имињата Трајко и Петко за проблемов.

Татко ми работеше многу години во хотел во којшто газда беше Трајко.По милијарда карања, татко ми напушти.
Мајка ми отиде да работи кај Петко, е арно ама објектот да ти бил на Трајко, кој му го дава на Петко под ќирија,а Петко таму отворил ресторан.
Е сеа, на Трајко не му се свиѓа тоа шо мајка ми работи кај Петко, и го тера Петко да ја отпушти мајка ми,во спротивно му се заканува.
Колку што знам тоа е работа на Петко, а Трајко само му го издава местото, нема право да му се меша на Петко во вработените.

Дали знае некој каде би можел да се обратам за проблемов?
Фала.
 

BadBoy007

Активен Член
26 септември 2016
209
166
43
Ќе кажам мое мислење, не сум правник, ама ќе пробам да толкувам како е право и правнички.
Татко ми работеше многу години во хотел во којшто газда беше Трајко.По милијарда карања, татко ми напушти.
Мајка ми отиде да работи кај Петко, е арно ама објектот да ти бил на Трајко, кој му го дава на Петко под ќирија,а Петко таму отворил ресторан.
Е сеа, на Трајко не му се свиѓа тоа шо мајка ми работи кај Петко, и го тера Петко да ја отпушти мајка ми,во спротивно му се заканува.
Колку што знам тоа е работа на Петко, а Трајко само му го издава местото, нема право да му се меша на Петко во вработените.
Мислам дека успеа самиот да си одговориш на дилемата. Значи Трајко му го издава објектот на Петко, а овој го користи за свој бизнис и според тоа Трајко нема право да му се меша на Петко како ќе го води бизнисот. Единствено што Трајко може да му направи на Петко е да му кажа не му го издава повеќе објектот. А инаку мешање на Трајко во бизнисот на Петко е тотално илегално и нема право да го уценува, пошто Петко има право да го тужи Трајко, ама пошто знаеме како идат работите кај нас на Петко му е мило да си го задржи објектот и бизнисот и може да игра како што ќе нареди Трајко.
Правна поука: Трајко заслужува да изеде добар ќотек при што никој нема да одговара за тоа пошто нели... го заслужил.

Решение: Петко треба да покаже дека е маж и глава на сопствениот бизнис, ама кога е под кирија врзани му се рацете. Ваљда имаат договор за закуп/кирија и Трајко џабе изиграва шериф.

Еве тоа би било мое некое лаичко мислење, да бев правник сигурно немаше да ти кажам совет, туку ќе ти наплатев, па тогаш можеше совет пошто не верувам дека некој правник би делел правни совети тек така пошто на тој начин испушта парички од џебот. :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: $3Я3|\||)&p&†Y

$3Я3|\||)&p&†Y

Староседелец
12 мај 2012
3,690
3,871
1,183
Ќе кажам мое мислење, не сум правник, ама ќе пробам да толкувам како е право и правнички.

Мислам дека успеа самиот да си одговориш на дилемата. Значи Трајко му го издава објектот на Петко, а овој го користи за свој бизнис и според тоа Трајко нема право да му се меша на Петко како ќе го води бизнисот. Единствено што Трајко може да му направи на Петко е да му кажа не му го издава повеќе објектот. А инаку мешање на Трајко во бизнисот на Петко е тотално илегално и нема право да го уценува, пошто Петко има право да го тужи Трајко, ама пошто знаеме како идат работите кај нас на Петко му е мило да си го задржи објектот и бизнисот и може да игра како што ќе нареди Трајко.
Правна поука: Трајко заслужува да изеде добар ќотек при што никој нема да одговара за тоа пошто нели... го заслужил.

Решение: Петко треба да покаже дека е маж и глава на сопствениот бизнис, ама кога е под кирија врзани му се рацете. Ваљда имаат договор за закуп/кирија и Трајко џабе изиграва шериф.

Еве тоа би било мое некое лаичко мислење, да бев правник сигурно немаше да ти кажам совет, туку ќе ти наплатев, па тогаш можеше совет пошто не верувам дека некој правник би делел правни совети тек така пошто на тој начин испушта парички од џебот. :D
Немаат договор за објектот, Петко глупо изиграл и не направиле договор со Трајко. Затоа овој сеа си го матка како сака.
 

Makedonec

Модератор
Член на администрација
15 јуни 2014
1,473
1,200
1,133
Многу се радувам кога ние вака ко администрација вложуваме во форумов:***
п.с. доцнам на предавање и колоквиум ради пензионериве, за миризбата у бус да не зборам :/
 

Selene

Модератор
6 јуни 2012
720
1,865
1,103
Јас никогаш не сум имала фобија од физички нешта. Ниту се плашам од пајаци, ниту од инсекти (не дека не ми се гадни, али сепак фобија немам), ниту пак од кловнови. Немам ни други кои се многу чести. Немам од темница, ни од тесни соби, ниту пак од висина. Имам една од која толку се срамам, толку е бизарна што освен на еден човек што му ја имам кажано не верувам дека ќе ја кажам на друг. Во последно време ми се јавува уште една, како ја преполовувам првава половина од моиве дваесетти години, така се почесто ме стега. Не сакам живот каков што има нашава популација овде. Морници ме лазат кога гледам типична фамилија каде сопружниците се толку мртви одвнатре, онака на мажот денот му почнува со пиење за до го поднесе полесно, потоа некоја работа од која сака да се самоубие, па потоа кладилница или кафана, муабет за политика, за фудбал чат пат и по некое оговарање. Жениве не се ништо поарно, слави, имендени, родендени се прават од што мора, денот хајлајт турската серија, погано кафе на кое се реди муабет за цел град, перење, пеглање...
Имам фобија од адултна рутина. Не дека сум филозоф или дека ме инспирираат quotes како оној I was not born to just work, pay bills and die, еден го шерна, сите по него како Мариовците и маглата, туку едноставно страв ми е. Страв ми е дека ќе заглавам во некој loophole, дека ќе заглавам во рутина од која ќе полудам. Гледам некои девојки веќе се омажија, други едвај чекаат, се радуваат, размислуваат за брак и деца. Јас ништо од тоа не посакувам. Напротив, нагон за повраќање ми доаѓа од горното сценарио. И не е само тоа, страв ми е дека баш оти сум така и воспитана, амбициозна, hard working person, дека само на тоа ќе се посветам, само на работа и дека ништо друго нема да уживам.
Страв ми е од просек... Не дека сум јас нешто надпросечна, или различна или посебна, не сум, ама знам дека не сакам да бидам типично Македонско човече кое живее оти мора. И страв ми е дека нема подобро. А можеби и ќе биде подобро, може само да ми е quarter life crisis ова. Се надевам, затоа што сон не ми доаѓа последниов месец.