Сакам да кажам/Сакам да прашам

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Врв на хунзистански моронлук е кога се јавува раја во контактна емисија и сере за теории на заговор, chemitrails, осиромашен ураниум во прав додека гласа за надлежните кои касапат зелена површина, градат бетонски џунгли, оправдуваат природни непогоди како „божја воља“, амнестираат цели претпријатија за нелегална сеча.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Beauty&Beast and malo

Makedonec

Модератор
Член на администрација
15 јуни 2014
1,473
1,200
1,133
Учиш цела недела, учиш, полагаш, полагаш, доаѓа викенд се разболуваш или надвор врне и никој не искача.
 
Pisces

Истакнат Член
4 јули 2016
35
40
128
На седмо небо
Сакам да прашам во врска со стаклата со заштита од зрачење на очите односно антирефлексни,без диоптер.Има некој искуство со ваков тип очила?
 
Selene

Модератор
6 јуни 2012
720
1,865
1,103
Ми текна на времето 15 години кога имав, бендисував еден и си пишувавме на мсн. Не знам што му стана на машково одеднаш почна да ме игнорира, јас хартброкен си останав. И на статусот на мсн се потпишав "Girl with a broken smile" :D:D:D:D Не знам што ми текна, ама така квалитетно сама дома си се убив од смеење, уште да се соберам не можам :D:D:D
Која срцка сум била порано, еј :D
Girl with a broken smile, умирам.
 
Ѕвездичка

Староседелец
21 март 2016
1,102
971

Nugde му стискаше ли ? Ако и на тоа не ти враќал ептен идиот бил :D
 
Selene

Модератор
6 јуни 2012
720
1,865
1,103
Nugde му стискаше ли ? Ако и на тоа не ти враќал ептен идиот бил :D
Ма со nudge, со сите салтанати беше :D Потоа само едноставно почна да ме игнорира :(
Оф, уште си се смеам, една песна му ја пратив ептен емо што беше знам, ама да ме отепаш не ми текнува како се викаше. Ако ми текне, ќе ја пишам.
Girl with a broken smile, туго мајко.
 
Ѕвездичка

Староседелец
21 март 2016
1,102
971
1,133
Ма со nudge, со сите салтанати беше :D Потоа само едноставно почна да ме игнорира :(
Оф, уште си се смеам, една песна му ја пратив ептен емо што беше знам, ама да ме отепаш не ми текнува како се викаше. Ако ми текне, ќе ја пишам.
Girl with a broken smile, туго мајко.

гарант оваа била хахахахахах :D Јас се сеќавам ја пишував првата буква од моето име, срце и првата буква од името на симпатијата. Хахаха, е тоа беа најубавите времиња дефинитивно.
 
Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Форумов е ко селска биртија, во кое село има 40-50 жители од кои 20-30 не пијат алкохол и мразат биртии.
Отворена е секој викенд, а од понеделник до петок е отворена само до 22:00 часот. Најмногу гости кои некогаш биле присутни во биртијата биле 35-40 души, ваљда му било роденден на некој и затоа дошле и оние што не пијат. :)
Иднината не е светла, ќе остане во биртијата само келнерот и газдата, добро сега газдата никој не го знае ама ништо, а можеби и не е од тоа село. :)
Се тоа е заради иселувањето во поголемите градови каде има поголеми биртии, а некои и скроз се тргнале од таквиот живот и не влегуваат веќе во биртија.
Нашава биртија како што кажав се држи, ама до кога не знаеме. Дека ќе се врати стариот сјај нема шанси, дека ќе се затвори комплетно има шанси. Зависи од селаните (немојте да се навредите сега).
Како што гледаме се повеќе и повеќе доаѓаат други селани од околните ривалски села и ја уништуваат биртијата, тоа може да биде уште една причина зошто се напушта селото.
Ај можеби и не е се така црно, можеби има и нешто бело. :)