Во глобала, целиот македонски интернет простор се претвори во една огромна, задимена, усмрдена биртија, каде голем дел од пијаниците не мрднале повеќе од чоканчето ракија и маалскиот муабет. Муабетот најчесто варира од тоа кој член испил повеќе ракии, како моча во домашни услови, кого упознал во биртијата, со кој имал секс надвор од биртијата...
Истотака еден битен муабет е политиката, исправањето криви дрини, експертизата „слушај ме мене ја шо ќе ти кажам сеа“, споделување на мајки и шајки, масовна клевета до трето колено, инцестоидни псовки, како и употреба на богат речник при упикување и улизување само за лична добивка.
Сево ова е овозможено поради осиромашениот дух на рајата која верува дека со личниот придонес може да влијае многу, но кога се работи за заедничкото добро, тогаш ногите се кријат, глас не се слуша, наведната глава (сабја не сече).
Кога се плука, едноставно е, затоа што секогаш одговорноста паѓа обратно пропорционално. Секој сака да смени нешто но нејќе да мрдне со прст. И што е најтрагично, се лепи единствено за муабети онаму кајде што се плука. Не дека има вистина во плукањето.