Јас сум атеист.
Не е едноставно да се одговори зошто, посебно кога некој ќе ме праша ,,зошто престана да веруваш?,,
Не можеш да престанеш да веруваш, ако никогаш не си верувал. Потекнувам од православно семејство, но уште од многу мала, имав одбивност кон величење на нешто - што не може ниту да се дефинира.
Подоцна, сфатив дека сум алергична на хипокризија, посебно онаа верската.
Подоцна, сфатив дека сакам да го живеам животот по мои правила. Не сакам да глумам етики, морал, и разни други глупости, за да бидам ,,богоугодна,,. Поважно ми е да бидам среќна во мојата кожа, отколку да одам самата против себе.
Денес, откако добро го проучив ,,материјалот,,, сите верници ми се смешни. Посебно оние кои врска немаат ни што пишува во Библијата, ама битно се верници. Јас ги нарекувам нив ,,традиционални,,, затоа што веруваат ,,оти така треба,, , а не зашто навистина се плашат од нивниот Бог и ги почитуваат неговите правила.