Сите ние сакаме поубав свет, мечтаеме за некоја поинаква реалност, носталгично се сеќаваме на времињата кога верувавме дека постои вистиска љубов, копнееме за вистинско и искрено пријателство, осамени сме зошто нема кој со нас да ги сподели најдлабоките тајни, чувствуваме дека животот нема смисла ако сме заробени во самотија, длабоко сме повредени од реалноста, разочарани од блиските, принудени да робуваме на материјализмот...
... Од друга страна и покрај тоа некои од нас сеуште не дораснале за да разберат дека светот е таков каков што ние го создаваме. Копнееме за исреност, а лажеме, не боли нашата осаменост, а ги искористуваме луѓето околу нас. Сакаме да бидеме сакани и сакаме да сакаме, а во секој кој ке ни се приближи гледаме непријател или евентуално наша потенцијална жртва. Големи критичари сме кога се другите во прашање, а се плашиме да погледнеме длабоко во себе си...
Многумина ми рекле дека светот не е розови ружи, но зошто да не може да биде?
Светот не е розови ружи бидејки ние газеме врз секоја пупка која се стреми да процвета. Затоа што ја уништуаме секоја убавина која сака да не допре.
Ја злоупотребуваме секоја доверба, секоја добра намера...
Длабоко сум ранета и многу сум разочарана... но не поради тоа што некој случаен патник во мојот живот ја злоупотреби мојата искреност и добрина што му ја подарив. Кога давам, давам безусловно и никогаш не се враќам да си ги соберам остатоците одкако еден однос ке се распадне на парчиња, туку разочарана сум од човечките суштества во општа смисла и срам ми е што сум човек, што припаѓам на еден толку неблагодарен, покварен и изопачен вид.