Тука лежи зајакот, во - "ве обвинуваат, за нешто што не сте виновни".
Тоа е клучот.
Штом не сум виновна за нешто, тогаш мојата совест е потполно чиста.
Така да кој што сака може да збори за мене и да ме обвинува, јас кога си ја знам вистината, и знам дека не сум виновна, тогаш мирно си спијам ... кучињата лаат, караванот си врви
Мене конкретно, најчесто ме обвинуваат кога нема да им се допадне некој мој став и мислење ... затоа што сум брутално директна особа и без влакна на јазикот, и тоа што го мислам го кажувам, директно во лице на соговорникот, па како ќе ме сфати тоа не е мој проблем, јас битно моето ќе си го кажам (најчесто, но не секогаш и во секоја ситуација).
И така најчесто, со мојата директност, сакајќи некому да му помогнам и да го освестам каде греши, со моја најдобра намера, таа особа ќе ме сфати сосема погрешно, и тука доаѓа до недоразбирање, и обвинување
Ама повторно, тоа не е мој проблем, кога јас ја знам реалноста