Јас разговор можам лесно да почнам викенд во сабота некаде кај 3 сат баш кога сум во добра форма
Зависи каква личност си, обично не е препорачливо во пијано стање да пишуваш, језда тогаш имаш поголема самодоверба и полесно ти е да и пишеш на некоја, но исто така голема е веројатноста во пијано стање, при остварување на прв виртуелен контакт (на пример ФБ) со личноста:
- Да: лупнеш некоја тешка глупост, кажеш нешто погрешно, правиш печатни грешки (мене на пример, ужасно ме нервираат печатни грешки), да пишуваш неповрзани и недобро осмислени реченици без никаква логика ... тоа се' сите тие ситници што се' голема веројатност да ги направиш во пијано стање, и автоматски тука од девојката добиваш црвен картон (не жут, туку црвен).
Барем јас би дала директива црвен картон некој така да ми пристапи на прво виртуелно „запознавање“ да го наречам, башка и увек преферирам да запознавам нови луѓе лично, а не виртуелно, затоа што луѓето зад тастатура се едно, а во живо се сосема друго ( па и трето
).
Башка и ако имаш способност за брза проценка на луѓе и карактери, доволно ќе ти биде 1 излегување со таа личност (рецимо 2 часа на пијачка и муабет), и да процениш доволно, и да извлечеш доволно информации од таа личност, сосема суптилно и неприметно, преку игра на зборови, да креираш Mind Game ... и всушност така да дознаеш со каква особа си излегол
Али ок, ако ти се точни податоциве на профилот, и ако си 16 години, тогаш ова од погоре што ти го кажав, не би можел да го изведеш ... за тоа да го изведеш е потребно животно искуство, и тренинг за развивање и усовршување на таа вештина.
Конкретно, за како да пристапиш на сосема непозната девојка која си ја пикирал на ФБ.
Прво, скенираш
... буквално целиот профил и го скенираш, секоја слика, секој коментар, секоја објавена песна, секое чекирање, значи буквално се' скенираш, и добиваш почетна база на инфо за тоа отприлика каква особа е, и ги дознаваш нејзините интереси, што сака општо, каков стил на музика слуша, во кои кругови се движи и сл.
Потоа кога ќе имаш почетна база на инфо, се пушташ во лов
За како да се пуштиш во лов, ќе ти објаснам нареден пат, затоа што постов ќе испадне реферат и голем за читање.
Има неколку стилови на пуштање во лов, ќе ти ги напишам наредниот пат, па ти избери си кој стил највеќе би ти одговарал, и кој стил би можел најдобро да го имплементираш.