Како да започнеш разговор на фб со девојка?

Jack123

Истакнат Член
25 јули 2016
28
8
303
25
Мислам дека темава е за овде, се двоумев па стави тука.
Некој да кажи како да се започни разговорот со девојка на фејсбук мора ли некој глупости или одма дирек пишуваш? Здраво како си?
Шо има ново ? и ......
 

Kisserboy

Староседелец
6 март 2012
2,451
3,796
1,153
29
Битола
Па каде излегва, шо музика слуша, кај учи/студира (учела/студирала) па нешто муабети ќе извајш самото си иди и мене ова ми е најголем проблем хахаха :D Ама едноставно нема друго шо да пишиш имам другар шо на фб ги отвара со смешки нешто глупости пиши па има излегвано така..зависи и таа каква личност е многу за*бана работа е разговорот на фб..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MATEJA

Jack123

Истакнат Член
25 јули 2016
28
8
303
25
Па каде излегва, шо музика слуша, кај учи/студира (учела/студирала) па нешто муабети ќе извајш самото си иди и мене ова ми е најголем проблем хахаха :D Ама едноставно нема друго шо да пишиш имам другар шо на фб ги отвара со смешки нешто глупости пиши па има излегвано така..зависи и таа каква личност е многу за*бана работа е разговорот на фб..


Хаха точно дека е заебана работа но има кукли што те бендисуваат и упорно ти стега лајк ти коментира но никако да ти пиши чека ти да и пишиш

Јас разговор можам лесно да почнам викенд во сабота некаде кај 3 сат баш кога сум во добра форма
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Kisserboy

Beauty&Beast

Староседелец
11 септември 2015
739
808
1,103
Јас разговор можам лесно да почнам викенд во сабота некаде кај 3 сат баш кога сум во добра форма
Зависи каква личност си, обично не е препорачливо во пијано стање да пишуваш, језда тогаш имаш поголема самодоверба и полесно ти е да и пишеш на некоја, но исто така голема е веројатноста во пијано стање, при остварување на прв виртуелен контакт (на пример ФБ) со личноста:
- Да: лупнеш некоја тешка глупост, кажеш нешто погрешно, правиш печатни грешки (мене на пример, ужасно ме нервираат печатни грешки), да пишуваш неповрзани и недобро осмислени реченици без никаква логика ... тоа се' сите тие ситници што се' голема веројатност да ги направиш во пијано стање, и автоматски тука од девојката добиваш црвен картон (не жут, туку црвен).
Барем јас би дала директива црвен картон некој така да ми пристапи на прво виртуелно „запознавање“ да го наречам, башка и увек преферирам да запознавам нови луѓе лично, а не виртуелно, затоа што луѓето зад тастатура се едно, а во живо се сосема друго ( па и трето ;) ).

Башка и ако имаш способност за брза проценка на луѓе и карактери, доволно ќе ти биде 1 излегување со таа личност (рецимо 2 часа на пијачка и муабет), и да процениш доволно, и да извлечеш доволно информации од таа личност, сосема суптилно и неприметно, преку игра на зборови, да креираш Mind Game ... и всушност така да дознаеш со каква особа си излегол ;)
Али ок, ако ти се точни податоциве на профилот, и ако си 16 години, тогаш ова од погоре што ти го кажав, не би можел да го изведеш ... за тоа да го изведеш е потребно животно искуство, и тренинг за развивање и усовршување на таа вештина.

Конкретно, за како да пристапиш на сосема непозната девојка која си ја пикирал на ФБ.
Прво, скенираш ;) ... буквално целиот профил и го скенираш, секоја слика, секој коментар, секоја објавена песна, секое чекирање, значи буквално се' скенираш, и добиваш почетна база на инфо за тоа отприлика каква особа е, и ги дознаваш нејзините интереси, што сака општо, каков стил на музика слуша, во кои кругови се движи и сл.
Потоа кога ќе имаш почетна база на инфо, се пушташ во лов :cool:

За како да се пуштиш во лов, ќе ти објаснам нареден пат, затоа што постов ќе испадне реферат и голем за читање.
Има неколку стилови на пуштање во лов, ќе ти ги напишам наредниот пат, па ти избери си кој стил највеќе би ти одговарал, и кој стил би можел најдобро да го имплементираш.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Priroden and Jack123

Mnogo Bitno

Староседелец
9 февруари 2015
1,801
810
1,133
Skopje
Мислам дека е не благодарно малце на ФБ да почне да се развива нешто , не дека е лошо далеку од тоа ,само што мислам дека ја нема таа енергија,а и да го доживееш целиот тој разговор и потоа да се развие нешто, сепак реалноста е вистинска .. :D(wave)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Beauty&Beast and Priroden

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Кога веќе установивме дека интервју муабет не пали, има друга алтернатива.
- Здраво рибо. Дали сакаш добар, долг и див секс?
- Мрш бе, манијак. Не!
- Тогаш јас сум правиот тип за тебе.
Ако ова не ѝ падне смешно, тешка гуска е и не вреди да се троши време на неа.
Не знам сега тинејџеркиве на што се палат. Ние пред неколку години бевме генерации што ги погоди емо бранот, па на тие што се мислеа посебни, комплимент им беше да им речеш дека делуваат депресивно и изгубено.
Сум развила фини муабети со луѓе што ми пишале у стил „Видов тие и тие ги слушаш/такви и такви филмови сакаш, знаеш ли некои слични на нив да препорачаш?“, „Извини, да не знаеш кај можам ова и ова да најдам?“, „Абе, гледам од тој и тој град си, треба таму да најдам едно место. Како поточно да се ориентирам?“ или „Ми излезе слика, барам кошула ко на другар ти, кај да купам?“
Може и тоа е провидно, ама бар е муабет на кој можеш културно и прецизно да вратиш, па после од самото објаснување си тече(л) друг муабет.
Вака ќе завршиш со интервјуто, ќе се поцерекате... и толку. Имав па тип што два збора ќе пише, па ќе се скапе песни праќање, демек уметнички. Фала, али знам YouTube да пуштам, со твои зборови кажи што мислиш. Премногу фалење и глумење несфатени и посебни - никако.
Златна средина и скромност, макар и клише на почеток.
Само стварно, немојте со „Здраво, како си?“ или уште поглупо „Што има ново?“ За прв пат си пишувате, што не е ново и што одговор очекувате?

Едит: Леле, ми текна на сликава. :D
13346508_1115504338512670_5505937920444256019_n.jpg
Немојте вака да си дозволите. :D:D:D
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Прашај ја дали е за Вмро или Сдс. Што се замараш со тоа што прави, како е, и слично. Речи и, за кој си ти? За Вмро или Сдс? Ако ти рече не прати политика, отерај ја у пичку матер.
Или ако не сакаш вака, тогаш речи и дека ја манијачиш долго време и не си собрал храброст да и пишеш бидејќи си бил зафатен со манијачење.
А не, како си, што има ново, кај учиш. Што ќе ти е да знаеш кај учи, да не ја земаш од школо.
Ко еден другар мој, и викаше истп вака на една, еј кажи ми кај учиш ќе дојдам да те соберам, и оваа ќе го праша со што ќе дојдеш, овој и вика па со автобус. Е така и ти можеш ако сакаш.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Beauty&Beast and Priroden

Mnogo Bitno

Староседелец
9 февруари 2015
1,801
810
1,133
Skopje
Имаш познавање , кога сме веќе кај тоа Што има као цел град го користи и делува многу вештачки и одвратно , нормално ради реда кажано ..
Мислам дека секогаш машкото треба да даде повод за заинтересираност од другата страна , комуникацијата треба да вози така што да нема туфкање и напнатост .
Не ми е јасно едно , надворешната комуникација ја нема нигде , одбивност кај младите уназад едно 8 г сигурно , дали соц мрежи пореметија се не ми е јасно , и да има комуникација се одвива на фб или вибер (think)
Во секој случај мислам дека по ладни се фејс ту фејс контактите поради може предходното лошо искуство ! :kafe