Сакам да кажам/Сакам да прашам

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Еј па вика имате кафе гратис, наместо да рече имате работно место ако сакате, таа кафе. :zelen
Другото се знае, си со власта и немаш гајле ќе си имаш ќар, против си и нема ни денар ќар да видиш, а можно е и во долгови да западнеш.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: violetmoon

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Поефтино би било отварање на биртија со певаљка, класика со коцкасти каре мушами изгорени од цигари на маса и флеки од зејтин и слика од тито на ѕид, порано во Битола тоа беше култната `Јагода`, сега ја земале други газди и ја цивилизирале...скромна понуда на ефтин алкохол, турско каве, евентуално кикиритки, надворешен дел ограден со најлон за пушење би било идеално...
Минимални вложувања, е сега треба локација да се бира добро, да се истражи пазарот и да се види каде има повеќе потенцијал за клиентела (алкоси)

Од друга страна пак ризикот на отворање било што во Хунзистан е екстремен...
 
Selene

Модератор
6 јуни 2012
720
1,865
1,103
Денес ми дојде да напишам една #краткахорорприказна за одредено пештерско суштество на плажа, такозвано Македонец. Ви се случило некогаш константно да ве јаде туѓ срам? Е, така ми беше мене на одмор со многу Македонци таму.

Прво и основно, никогаш не ја разбрав потребата цела плажа, соседната плажа и Кина да те разберат дека си од Македонија по твоето неартикулирано дерење и пцуење. Уште не ми е јасно како од цела плажа само Македонките се слушаат кај што врескаат по своите деца да излезат од вода, да се приберат под сенка или да не одат и да не фрлаат со песок по соседните луѓе. Има и други фамилијарни луѓе па не слушнав никој да се дере АЈДЕ ИЗЛЕГУВАЈ ОД ВОДА ОТИ ЌЕ ТЕ СКРШАМ АКО ТИ ДОЈДАМ. Додека Македонките врескаат, Македонците го пцујаат времето, е маму да му е**м колку е жешко и тоа онака за неколку октави повисоко од нормалното. Стварно, жешко ти е на плажа во 2 часот? А и да ти е, на сите ни е жешко па никој не се туфка толку гласно. А кога не пцујаат по времето, им се дерат на Македонките АМАН СОБЕРИ СИ ГО ДЕТЕТО И НЕ МЕ ЗАМАРАЈТЕ. Во местото каде што престојувавме од никаде не се слушаше галама, ама тие што беа во соба до нас мислам дека го кренаа местото во воздух.

Второ, однесувањето на плажа. Од една страна сакаат да се чекираат на фејсбук дека се на елитна плажа, демек цел свет да им подзавиди, од друга страна имаат 0 кодекс на однесување кога ќе стигнат таму. Значи ако на плажата ти е ЗАБРАНЕТО да си носиш свое јадење и пиење, тогаш нема што да се буниш дека тоа е така. Ако ти е скапо јадењето таму, фино лепо појди на поефтина плажа, или појди на градска плажа каде можеш да си јадеш и пиеш колку ти душа сака. Ама не, мора да се оди во плажа со име, а потоа кавги со вработените кога ќе ги замолат да не јадат од сендвичите, кикириките, чипсот и благото што си ги носат. Па уште имаш и курчење, да бе тој ќе ми кажува дека не смеам да јадам, што сакам ќе правам. Така кај мајка ти. Не сите слегле од планина. Јас разбирам да се нема пари за Цезар салата од 9 евра, ама тогаш што мајка бараш на плажа која си го носи тој рејтинг и е скапа? За продавање пуфки?

Трето, кодекс на однесување во ресторан, шеталиште, било какво културно место. Кога седнуваш да јадеш во ресторан, можеш да си ја ставиш маицата и да не седиш гол. Едно е плажа, друго е место каде луѓето ручаат. Па имаш кавги од типот на надвор е 40 степени, а ова е туристичко место, зошто да се облекувам. Оти е бонтон морону, не си дома.

И така, секој ден се запрашувам до каде може да отиде македонската некултура и дали ќе се оправиме некогаш. Што е најстрашно, младиве го прават ова. Кога ќе ми текне дека ќе се репродуцираат и за некоја година ќе имаме Mini me од вакви сељаци... Ај да не продолжувам, излишен е секој понатамошен коментар.
 
Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Јас се` уште не можам да си стаам у глава како вака општо човек може да седи во после 12 часот на плажа.... на таков припек... Пробав 2 пати да се „печам“, многу непријатно искуство, да не речам малте не со фатални последици ќе беше.
Затоа утрата од 7 до 9 ми се најубав период, нема луѓе, морето тепсија мање више, фаќаш интервал минимум 500 метри алеретур, повтараш минимум уште еднаш и искачаш од вода ко препороден.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Selene

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Трето, кодекс на однесување во ресторан, шеталиште, било какво културно место. Кога седнуваш да јадеш во ресторан, можеш да си ја ставиш маицата и да не седиш гол. Едно е плажа, друго е место каде луѓето ручаат. Па имаш кавги од типот на надвор е 40 степени, а ова е туристичко место, зошто да се облекувам. Оти е бонтон морону, не си дома.

И така, секој ден се запрашувам до каде може да отиде македонската некултура и дали ќе се оправиме некогаш. Што е најстрашно, младиве го прават ова. Кога ќе ми текне дека ќе се репродуцираат и за некоја година ќе имаме Mini me од вакви сељаци... Ај да не продолжувам, излишен е секој понатамошен коментар.

Ништо не отвара апетит како глетка на лик во стегнати спидо педерски купачи со стомачиштето пред него на маса, гарнирано со тртки и чиреви и неговата госпожа со стриите, раширените вени, целулитот и јојо-цицките. Мљац, мх, мх мх...(party)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Selene and Priroden

Ѕвездичка

Староседелец
21 март 2016
1,102
971
1,133
Поефтино би било отварање на биртија со певаљка, класика со коцкасти каре мушами изгорени од цигари на маса и флеки од зејтин и слика од тито на ѕид, порано во Битола тоа беше култната `Јагода`, сега ја земале други газди и ја цивилизирале...скромна понуда на ефтин алкохол, турско каве, евентуално кикиритки, надворешен дел ограден со најлон за пушење би било идеално...
Минимални вложувања, е сега треба локација да се бира добро, да се истражи пазарот и да се види каде има повеќе потенцијал за клиентела (алкоси)

Од друга страна пак ризикот на отворање било што во Хунзистан е екстремен...

Уште Евтинија остана, а Јагода би рекла дека уште не е цивилизирана зошто покрај младите чат пат се наоѓаат и некои од тие на времето. Ете вечерва случајно поминав од таму во очи ми падна еден чичо со кожно до колена кои не го тргаше погледот од задникот на девојката до него.
Што знам пак не ми се допаѓа кафичот, еднаш сум била заради друштво.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Kisserboy

Староседелец
6 март 2012
2,451
3,796
1,153
29
Битола
Уште Евтинија остана, а Јагода би рекла дека уште не е цивилизирана зошто покрај младите чат пат се наоѓаат и некои од тие на времето. Ете вечерва случајно поминав од таму во очи ми падна еден чичо со кожно до колена кои не го тргаше погледот од задникот на девојката во него.
Што знам пак не ми се допаѓа кафичот, еднаш сум била заради друштво.
Јас во Јагода нема да стапнам во животот по мизерно место од тоа нема во Битола срам за градот, искрено мене ми личи на Чејџилница од турски филм со тие чаршафите мизерија не знам како можи луѓето воопшто да помислат да стапнат на то место...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Ѕвездичка

Староседелец
21 март 2016
1,102
971
1,133
Јас во Јагода нема да стапнам во животот по мизерно место од тоа нема во Битола срам за градот, искрено мене ми личи на Чејџилница од турски филм со тие чаршафите мизерија не знам како можи луѓето воопшто да помислат да стапнат на то место...

Па мора и несфатените негде да одат :D. Шала на страна секакви одат, само што едните седат на едниот, а другите на др. крај на кафичот. Најинтересни ми се тие женските со фустанчињата до под задник што седат на шанк и се наведнуваат на напред. Тоа ти е...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Kisserboy

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Јас во Јагода нема да стапнам во животот по мизерно место од тоа нема во Битола срам за градот, искрено мене ми личи на Чејџилница од турски филм со тие чаршафите мизерија не знам како можи луѓето воопшто да помислат да стапнат на то место...

Во споредба со порано е цивилизирана, порано била државна или од општината :D после ја најмиле приватни пред 3-4 години беше мислам...а не е на лошо место само и клиентелата е изменета порано оделе ликови со цироза и подочњаци до колена. Сликата од Тито не знам дали ја има уште :zelen

Е сега за влегување, пример со женска:kafe, интересно би било да ја однесе човек таму, тоа би било доказ дека типката е сериозна и дека не пати од комплекси, ако го сака човек ќе го сака и ако ја носи во Јагода! :frantic

Во Охрид на пример тоа беше легнедарната биртија `Перса`:rofl каде што хигиената беше на ниво на добивање Колера со чучавци во веце, а имаше и неколку тешки биртиетини кај старата автобуска со феноменална клентела, кремот :pusi смрдеше на ракија и манџа/пржен кромид во радиус од 50м околу...
Не знам зошто ама секаде околу автобуски/железнички има тешки биртии :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra and Kisserboy

Остај што има тешки биртии ама какви пијаници има... спијат на калдрма на железничка, тешко на тие наутро што чекаат воз. Однеси ти некоја во Јагода, кажи и дека треба да се пронајде сликата од Тито :rofl. Сериозно бе, од толку места таму ли ќе ја носиш, за да ти докажи дека те сака :rofl?