Контроверзна замисла од која сите бегаат. Тоа се тие класи во живеењето. Затоа се барало комунизам ,затоа опалило муслиманството, затоа се бара изедначување на класните разлики, затоа сите трчаме за да стекниме углед и пари...
Можда не толку „спонзорушски“ како во погорниот пост, но...
Прајме муабет за нормални парови што треба да се земат...
Синче на молер, со ќерка на продавач... или кад тад ќе прокапи ако се од различен социјален статус партнерите. Ќе си се бираш исти со исти. И најбогатите еднаш ќе речат - не може само ние да даваме - и ете ти војна.
Ако оставиш изгладнета спонзоруша на златен рудник - пропаднавте сите заедно!
Ако оставиш сиромашко момче во куќа на поимашлива невеста - кутриот слика без глас ќе биде.
Никогаш нема да се усреќат.
Јас имав Фиат 1300 кога се запознав со девојка ми (не дека сега возам нешто многу поарно
). Ако таа беше учена на скапа кола - никогаш немаше да слези да турка кога ќе запреше количето.
наеднаш станува танка границата меѓу скромно живеење и станување „ циган“.... Ниедно богато детенце не ризикува да влези во живот полн со такви предизвици. Ако изгаси старата кола кога одите некаде и како за непендек заврни - ти остануваш да туркаш или да поправаш. Девојката што не видела мака - порачува такси и уште еднаш не ја гледаш - циган си за неа веќе!
Како ти ќе и објасниш дека ја сакаш и дека треба да остани со тебе, ко за неа е непоимливо да туркате кола од тон и 300 на дожд за да стигнете дома...
НЕ СЕ КУПУВА, НО СЕ ПОТОПУВА....