Уживате ли
озбилно во вина?
Некаде по нетов прочитав у стил: Јас уште мислам дека луѓето пијаат вино и се преправаат дека им се допаѓа оти така останало дека е фенси.
И потпишувам со двеве раце.
Грдо е. Сум пробала од петлитарки до швајцарски вина од по 20+ години и 300 франци што ги носел тетин ми. И сите ми се исти. Исто грди.
Па паѓање во занес имало мирис на м'глешка боровинка, есенски босилек, трокрилен шифоњер... мене ми се сите такви блудникави и горчливи, еве кисело ми иде само при помислата. Жими Розе што можам да поднесам оти ми е ко Спрајт.