Си одам до продавница и на враќање едно девојче претрчува улицата. Таткото, претпоставувам дека беше таткото ако е океј ако не е тогаш дупло поголема штета, почна да и се дере и да ја мава со клоци и тупаници. Двајца стародии, верувајте имам голема почит кон постари освен оние кои што плукат по чаршија и некои кретени налик овие, почнаа да се дерат: Стегни и уште една! Стегни и уште една! А овој како тоа да му даде подршка она, уште толку почна да мава на кутрото девојче кое одвај дали имаше пет или шест годинки и жалничко плачеше и молеше да ја пушти. Верувајте глетката беше страшна. Сакав да се вмешам, да кажам нешто, да го засрамам ама останав онака вчудовиден. Како да бев во некоја арена со гладијатори, стародиите му даваат подршка да го докрајче кревкото суштество. Само го видов лицето колку злоба и гнев имаше во него, целото црвено. Мислам дека вечер ќе имам кошмари.
Океј сфаќам, некогаш не се разбира дете со зборови и треба малку да го удриш. Разбирам да го подудриш малку за да сфати дека тоа што прави не е во ред, ама толку многу тепање за нешто што, искрено јас мислам дека девојчето беше свесно дека не иде кола и затоа претрча. На пример, кај мене братучедот кој има единаесет години, кога поминуваме улица штом виде дека не иде кола претрчува зошто претпоставувам дека во неговото главче смета дека трчањето е подобро и посигурно отколку полека да си оде зошто може да налета некоја кола.
Дефинитивно секој не може да биде родител.