Алал да им е на некои од девојкиве што работат на каса по продавнициве. Стои еден "господин" на каса, девојкава си работи, кога одеднаш почна да и се дере како смеело толку скапо да е, пиперките биле на пазар за 13 денари поевтини, како смеело тука така. Господине толку се му вика, јас не ги правам цените, газдата си ги одредува, ако ви е скапо вратете ги и одете од пазар земете си. Не, како немале срам, тие ли ќе го лажеле народот, на што личело тоа. Убаво облечен, плус надвор влезе во убаво Ауди, значи не беше толку во криза за тие 13 денари. Јас знам дека некому му се и тие многу, не сите си го имаат тој луксуз да купуваат од продавница овошје и зеленчук, ама да изгледаш така, да возиш таква кола, а да се расправаш за пиперки, треба да си ДНО ДНА. Можеш да изгледаш било како, можеш и да возиш убава кола, ама ако си сељак, ништо не те оправа. А ваквите, ми се репер за поимот "сељак". Гајле му е што цела продавница го чека, редици луѓе ги кочи, жештина плус, ама битно ја изнавреди девојката и се покажа што мажиште е. Среќа имаше што девојчето на каса беше фино, јас да сум ќе го набркам одма.