Ова е многу болна тема
Кај мене е различно, не ме боли секогаш.
Некој месец имам болки до степен на неподносливост, дури и до плачење сум дошла, а некогаш пак се издржуваат. Менструацијата ми е пропратена со болки во долниот дел на стомакот. Не се седи, не се стои, не се лежи, не се оди, ама само првиот ден. Не се жалам зашто кај некои девојки болките се многу пати поголеми од моите. Избегнувам да пијам апчиња, ама кога стварно не можам да издржам пијам парацетомол.
Дали во овие менструални болки спаѓа и ПМС? Зашто периодот пред циклусот мене ми е пострашен од самата физичка болка кога ќе настапи истиот. Таа психичката болка мислам десет пати повеќе ме боли од онаа во стомак.
ПМС кај мене е ужас, катастрофа да не кажам.
А кафетин менструал се најлоши апчиња против менструални болки. Ако ви помагаат кафетин менструал е тогаш сте размазени и не сте виделе какви се болки трпат некои девојки.