Сурова, веганска храна

Ѕвездичка

Староседелец
21 март 2016
1,102
971
1,133
Имам едно прашање за вас што сакате да сте модерни и се придржувате до веганска храна. Со оглед на тоа што јаглехидрати, масти, протеини мора да се внесуваат како основни компоненти преку храната, дали сметате дека вие здраво се храните ако не примате протеини од месо, кои се незаменливи и не може да се надокнадат со ништо. Јас сум крвна група нулта позитив и не можам да си го замислам животот без месо. Со што надокнадувате протеини и во колкава количина ?
 
malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,070

Не станува збор дали е модерно или не, туку за тоа како се чувствуваме кога се храниме на овој начин. Бидејки и јас сум јадела месо секојдневно, па сум била вегетаријанец, па веган и сега суров веган, можам да кажам дека оваа храна мене накјмногу ми одговара.
Протеини внесуваме преку зелен, лиснат зеленчук и преку јатки и семки. Нашето тело дневно може да преработи околу 35г. протеини, а во 100г. сончоглед има 21г. протеини, во 100г. ореви 17г., во кикирики 26г. , така да во текот на еден ден задолжително внесувам околу 100 до 150 грана јатки и околу 100 до 200 грама семки, сето тоа во комбинација со зеленчук и со некои видови на мешунки кои можат да се јадат и живи, како грашокот и младата боранија, дава дури и повеке протеини одколку што е потребно на дневно ниво. Исто е и со калориите и мастите ги надополнуваме со јатки и семки, но и некои видови овошје содржат масти како бананата, авокадото, маслинките и сл.
Сувото овошје содржи голема количина на јаглехидрати и со една до две шаки суво овошје се задоволува дневната потреба.
Со овој начин на исхрана се задоволува секоја потреба на организмот, нормално, ако правилно и доволно се јаде.
Протеините од животинската храна се прејаки за човековиот организам имам пишувано повеке за ова во темата - заблудата околу протеините, таму јасно имам образложено како и зошто, имам поставено предавања и од професори на универзитети, па ако те интересира разгледај.
А тоа со крвните групи и исхраната е најголема глупост измислена во човековата историја, погоре на оваа тема имам едно видео со Марина Грубич која го објаснува истото. Ручак на брзину мислам дека се вика видеото.
 
Ѕвездичка

Староседелец
21 март 2016
1,102
971
1,133
Не може да се прештетни кога ти имаш HCL што ти се лачи во желудник и може да го вари месото. Ајде добро ти, можеби си правиш диети, ама ете дете да не внесува протеини кои се важни за градба како ќе расте тоа дете ? Со протеините од семките и кикириките ?
Се некои нови теории развиваат овие нутриционистите, а не ни знаат во кој однос треба да е F:Ca за да се апсорбира и препишуваат глупости, ова да се јаде она да се јаде и луѓе од глупости на болница завршуваат.
 
Ова не е диета, туку е најприроден начин на исхрана. Сите останати врсти на животни јадат жива храна, нашите предци исто така ја јаделе. Што се однесува до месото, дали знаеш дека месото во нашиот желудник одтанува дури и до 15 часа, а потоа во цревата останува уште подолго. Дали сметаш дека е нормално желудникот без престан да вари 15 часа и што мислиш, колку енергија црпи организмот за да ја свари таа храна. Овошјето се вари за 15-20 минути и се разложува со помош на сопствени ензими, организмот не троши воопшто енергија за да го вари, а од него го добива најсилното гориво за клетките. Желудочната киселина на човекот е во просек најмалку 5 до 6 пати послаба во однос на месојадните животни.
И предходно кажав дека организмот може да искористи само 35г. протеини, останатите ги исфрла преку урина, а кај оние луѓе кои што јадат премногу животинска храна, дел од протеините се акумулираат во мускулните ткива и затоа брзо растат, но така неискористените протеини ги закиселуваат клетките и доведуваат до намалување на имунитетот и појава на тумор, рак и други болести.
Моите деца растат со протеини од семки и јатки и ништо не им фали, растат како и сите деца и речиси никогаш не се разболуваат.
Инаку... од каде и се протеините на кравата??? Како може еден слон да порасне толку голем а јаде само лисја? Од каде му е силата на коњот? Од каде мускулната маса на носорогот??? Ако растителната храна нема доволно протеини, тогаш зошто сите цицачи кои јадат зеленило се поголеми од месојадните, имаат поголема мускулна маса, поголеми и појаки коски, побрзи се и имаат имаат повеке енергија?
 
Ѕвездичка

Староседелец
21 март 2016
1,102
971
1,133
Се паметни сте тука заборавам јас, не треба мене да ми објаснуваш ни анатомија ни физиологија, добро сум запознаена со тоа како функционира човечкиот организам. Твое право си е на твоите деца да им даваш да јадат што сакаш, ама никој не може да ме убеди дека месото треба целосно да се исфрли од исхраната.
 
malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,070
1,133
Се паметни сте тука заборавам јас, не треба мене да ми објаснуваш ни анатомија ни физиологија, добро сум запознаена со тоа како функционира човечкиот организам. Твое право си е на твоите деца да им даваш да јадат што сакаш, ама никој не може да ме убеди дека месото треба целосно да се исфрли од исхраната.
Никој не те убедува, секој си има право на свој сопствен избор.
 
●Untouchable°

Староседелец
24 август 2015
1,183
1,132
1,133
@malo сакав да те прашам, пошто денес добивме палета од нови производи види ја сликата и молим те кажи ми дали ти како веган консумираш ваква храна пошто на едни од нив пишува во едно ќоше веган. .
Стварно, се е со одличен квалитет и кексите се супер, знам оишто ги пробав и би ги јадела секој ден ама се премногу скапи.. Најефтиниот леб е за жал 55ден. :(
Пофледни ги и пиши ми, ги консумираш ли, како одат цените, што оди како оди?! :)
20160426_143417.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo