Имам едно прашање за вас што сакате да сте модерни и се придржувате до веганска храна. Со оглед на тоа што јаглехидрати, масти, протеини мора да се внесуваат како основни компоненти преку храната, дали сметате дека вие здраво се храните ако не примате протеини од месо, кои се незаменливи и не може да се надокнадат со ништо. Јас сум крвна група нулта позитив и не можам да си го замислам животот без месо. Со што надокнадувате протеини и во колкава количина ?
Не станува збор дали е модерно или не, туку за тоа како се чувствуваме кога се храниме на овој начин. Бидејки и јас сум јадела месо секојдневно, па сум била вегетаријанец, па веган и сега суров веган, можам да кажам дека оваа храна мене накјмногу ми одговара.
Протеини внесуваме преку зелен, лиснат зеленчук и преку јатки и семки. Нашето тело дневно може да преработи околу 35г. протеини, а во 100г. сончоглед има 21г. протеини, во 100г. ореви 17г., во кикирики 26г. , така да во текот на еден ден задолжително внесувам околу 100 до 150 грана јатки и околу 100 до 200 грама семки, сето тоа во комбинација со зеленчук и со некои видови на мешунки кои можат да се јадат и живи, како грашокот и младата боранија, дава дури и повеке протеини одколку што е потребно на дневно ниво. Исто е и со калориите и мастите ги надополнуваме со јатки и семки, но и некои видови овошје содржат масти како бананата, авокадото, маслинките и сл.
Сувото овошје содржи голема количина на јаглехидрати и со една до две шаки суво овошје се задоволува дневната потреба.
Со овој начин на исхрана се задоволува секоја потреба на организмот, нормално, ако правилно и доволно се јаде.
Протеините од животинската храна се прејаки за човековиот организам имам пишувано повеке за ова во темата - заблудата околу протеините, таму јасно имам образложено како и зошто, имам поставено предавања и од професори на универзитети, па ако те интересира разгледај.
А тоа со крвните групи и исхраната е најголема глупост измислена во човековата историја, погоре на оваа тема имам едно видео со Марина Грубич која го објаснува истото. Ручак на брзину мислам дека се вика видеото.