Се изначитав стихови, цитати, закони и ред др.работи за телемата..можеби и затоа луѓето читајќи ги како што се напишани и буквално така ги сфаќаат, оти и незнаеме во суштина какво се имаат друго значење, можеби и затоа иницијантите што се во редовите на телемата ги сметаме за секташи, оргијаши, дрогираши, вампири и се друго, освен нормални луѓе.
Мислам дека треба освен што постираш цитати од телемата, да ставиш и право толкување на сето тоа....некаде во некој стих, незнам од каде беше изваден. читам како треба да му се исече глава на дете и др. и мене коса ми се крена на глава а толкувањето на тие стихови, кои после го прочитав беше дека се мисли на сечење лубеница....Чудни толкувања на почудни стихови....но никаде нема докази за ништо и човек читајќи на интернет се разбира дека ке поверува во сето тоа што му е сервирано.
Немој погрешно да ме разбереш, јас за тебе не мислам ништо, ама дали имате некој завет за молчење дадено, па не откривате детаљи од она што нас читачите и непознавачите на телемата најмногу не интересира, оти колку е вашето негирање за ширење невистини и лаги за вас, исто толку по соц. мрежи се шират тврдења спротивни од вашите.
Знам дека ќе ми кажеш да земам книги и сама да проучувам, изучувам и осознавам.
Немав никаква лоша намера, сакам само твое толкување на некои стихови а не оставен простор за размислување кои ке го исполниме со грешно размислување далеку од вистинското..
Поздрав