Темава ја отворам за сите они кои сакаат да се хранат природно и здраво, но и за сите оние кои се убедени дека човекот во дивината може да опстане само благодарение на ловот. Сакам да ви отворам едно ново гледиште за поврзаноста помеѓу човекот и природата и да ви покажам колку мајката природа е дарежлива и сеопфатна.
Ако човекот барем малку се сврти кон проучување на природата не само што може да преживее, туку никогаш не би бил гладен или болен.
Еве неколку билки за кои најверојатно ги среќавате секој ден во вашиот двор или покрај пат, но никогаш не сте знаеле дека можат да се јадат или да се користат како лек. Однапред се извинувам што некои имиња не ги знам на Македонски и искрено се надевам дека и вие ке ја надополнувате темава.
Дива Чичока - Helianthus tuberosus
Дивата Чичока не содржи скроб, туку инулин кој во телото се разградува и преоѓа во фруктоза. Брзо заситува и го убива чувството на глад.
...
Portulaca oleracea
Ова е една од најпроширените билки на светот, расте насекаде. Вистинска ризница на Omega-3 масни киселини, одличен извор на антиоксиданти, витамин C, A, B и Е. Содржи железо, магнезиум, калиум, манган, фосфор и калциум.
Може да се јаде жив, може да се јаде и варен или динстан со друг зеленчук.
...
Глуварче
Глуварлето се јаде во пролет, кога е младо. Се јадат коренот, листовите и цветот. Освен што изобилува со хранливи материи, глуварчето е позната билка помегу билките кои за брзо време ги уништуваат тумор клетките во нашиот организам, за таа цел најчесто се користи коренот, свеж, но и сушен и припремен во форма на чај. Глуварчето го намалува физичкиот, но и психичкиот замор. Глуварчето се јаде свежо, но може и да се готви. Од него се прават супи, разни варива, салати, чаеви, па дури и вино.
...
Plantago lanceolata
И ова сигурно расте во вашиот двор, Plantago lanceolata содржи витамин А, С и К, лимонска киселина и калиум и има антибиотичко, антивоспалително и антисептичко дејство, делува и како против отров и диуретик.
Оваа билка уште од стари времиња се употребува како лек за многу болести, неговата примена е многу широка, а индијанците ја нарекувале ,,еликсир на животот,,.
Најмногу е користен како лек против туберкулоза, бронхитис и останати болести на дишнитре патишта, како лек за многу кожни болести и кожни тумори, изгореници, каснувања од инсекти, исекотини, модрици, чиреви... за прочистување на крвта, за болести на бубрезите итн.
За лек се употребуваат коренот, листовите пред цветањето и семките после цветањето.
Младите листови можат да се јадат свежи, но можат и да се готват, а при готвењето испуштаат прекрасна арома која подсетува на печурки.
...
Бела лобода - Chenopodium album
Овааа билка е пребогата со бета каротен, калциум, магнезиум, калиум, витамини С, Е, В6, В2 и В1. Многу повеке одколку што содржи спанаќот или блитвата. Оваа билка може да се јаде свежа и готвена, може да се припрема исто како и спанаќот.
Постојат повеке видови на лобода кои не се јадат и се слични на белата, но лесно можат да се препознаат по тоа што кога ке скинете лист и го протриете, на прстите ке почувстувате непријатен мирис, додека белата лобода има мирис и вкус на спанаќ.
...
Бреза
Се јадат младите листови и лисните пупки, можат да се припремаат како салати или варива, одлично одат во комбинација со други врсти на зеленчук. Старите листови се горчливи и не се пријатни за јадење.
Ресичките се берат во текот на симата или во рана пролет, се сушат, мелат и од нив се прави брашно за леб, исто така може да се испечат и од нив да направите кафе. Кората од брезата исто така се користи за подготвување на брашно за леб. Се суши и се меле, а може само да се иструга внатрешноста на кората и да се исуши.
На млада бреза, ако и се направи мала дупка во стеблото, ке потече сок кој може да се пие свеж или да се подготви како сируп. Сокот од бреза содржи природни шекери и етерично масло.Од едно стебло за 48 часа се добива околу 4,5 литри сок.
...
Convolvulus arvensis
Листовите од оваа билка можат да се јадат свежи или во чорби, салати, разни варива, пире...
Постарите листови имаат малку по специфичен мирис и не е препорачливо да се комбинираат со други диви растенија.