Дива, растителна храна

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
Темава ја отворам за сите они кои сакаат да се хранат природно и здраво, но и за сите оние кои се убедени дека човекот во дивината може да опстане само благодарение на ловот. Сакам да ви отворам едно ново гледиште за поврзаноста помеѓу човекот и природата и да ви покажам колку мајката природа е дарежлива и сеопфатна.
Ако човекот барем малку се сврти кон проучување на природата не само што може да преживее, туку никогаш не би бил гладен или болен.
Еве неколку билки за кои најверојатно ги среќавате секој ден во вашиот двор или покрај пат, но никогаш не сте знаеле дека можат да се јадат или да се користат како лек. Однапред се извинувам што некои имиња не ги знам на Македонски и искрено се надевам дека и вие ке ја надополнувате темава.

Дива Чичока - Helianthus tuberosus
leo-mic-Helianthus-tuberosus-1852.jpg
Дивата Чичока не содржи скроб, туку инулин кој во телото се разградува и преоѓа во фруктоза. Брзо заситува и го убива чувството на глад.
...

Portulaca oleracea
123210-1.jpg
Ова е една од најпроширените билки на светот, расте насекаде. Вистинска ризница на Omega-3 масни киселини, одличен извор на антиоксиданти, витамин C, A, B и Е. Содржи железо, магнезиум, калиум, манган, фосфор и калциум.
Може да се јаде жив, може да се јаде и варен или динстан со друг зеленчук.
...

Глуварче
11390059_976521262366279_1157712435474532833_n.jpg
Глуварлето се јаде во пролет, кога е младо. Се јадат коренот, листовите и цветот. Освен што изобилува со хранливи материи, глуварчето е позната билка помегу билките кои за брзо време ги уништуваат тумор клетките во нашиот организам, за таа цел најчесто се користи коренот, свеж, но и сушен и припремен во форма на чај. Глуварчето го намалува физичкиот, но и психичкиот замор. Глуварчето се јаде свежо, но може и да се готви. Од него се прават супи, разни варива, салати, чаеви, па дури и вино.
...

Plantago lanceolata
Plantain, Ribwort (Plantago lanceolata) Old Fosse Sapcote SP 5030 9289 (taken 11.7.2008).JPG
И ова сигурно расте во вашиот двор, Plantago lanceolata содржи витамин А, С и К, лимонска киселина и калиум и има антибиотичко, антивоспалително и антисептичко дејство, делува и како против отров и диуретик.
Оваа билка уште од стари времиња се употребува како лек за многу болести, неговата примена е многу широка, а индијанците ја нарекувале ,,еликсир на животот,,.
Најмногу е користен како лек против туберкулоза, бронхитис и останати болести на дишнитре патишта, како лек за многу кожни болести и кожни тумори, изгореници, каснувања од инсекти, исекотини, модрици, чиреви... за прочистување на крвта, за болести на бубрезите итн.

За лек се употребуваат коренот, листовите пред цветањето и семките после цветањето.
Младите листови можат да се јадат свежи, но можат и да се готват, а при готвењето испуштаат прекрасна арома која подсетува на печурки.
...
Бела лобода - Chenopodium album
download.jpg

Овааа билка е пребогата со бета каротен, калциум, магнезиум, калиум, витамини С, Е, В6, В2 и В1. Многу повеке одколку што содржи спанаќот или блитвата. Оваа билка може да се јаде свежа и готвена, може да се припрема исто како и спанаќот.
Постојат повеке видови на лобода кои не се јадат и се слични на белата, но лесно можат да се препознаат по тоа што кога ке скинете лист и го протриете, на прстите ке почувстувате непријатен мирис, додека белата лобода има мирис и вкус на спанаќ.
...
Бреза
breza.jpg
Се јадат младите листови и лисните пупки, можат да се припремаат како салати или варива, одлично одат во комбинација со други врсти на зеленчук. Старите листови се горчливи и не се пријатни за јадење.
Ресичките се берат во текот на симата или во рана пролет, се сушат, мелат и од нив се прави брашно за леб, исто така може да се испечат и од нив да направите кафе. Кората од брезата исто така се користи за подготвување на брашно за леб. Се суши и се меле, а може само да се иструга внатрешноста на кората и да се исуши.
На млада бреза, ако и се направи мала дупка во стеблото, ке потече сок кој може да се пие свеж или да се подготви како сируп. Сокот од бреза содржи природни шекери и етерично масло.Од едно стебло за 48 часа се добива околу 4,5 литри сок.
...

Convolvulus arvensis
11215525_976710055680733_9190477618284213569_n.jpg
Листовите од оваа билка можат да се јадат свежи или во чорби, салати, разни варива, пире...
Постарите листови имаат малку по специфичен мирис и не е препорачливо да се комбинираат со други диви растенија.
 

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
Veronica beccabunga
v..jpg
И оваа билка ја има насекаде, се јаде пред цветањето.
...
Дива рукола - Diplotaxis tenuifolia
Diplotaxis-tenuifolia-1.jpg
Содржи витамин С и А, се јаде додека билката е млада. Листовите имаат сличен вкус на руколата, но поинтензивен. Се јаде свежа и готвена.
...
Чуварка (чувар куќа) - Sempervivum tectorum
cuvarka.jpg
Листовите се јадат свежи,во салати, цедени во сокови и готвени во супи и варива.
Чуварката се користи и како лек за воспаление на увото, се ставаат неколку капки директно исцедени од листот во увото. Се користи и за лекување на кожни болести, има слично дејство како и алое вера.
 
Последна промена:

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Фина тема (иако со пропаганда за веганизам:kafe) ме потсеќа на исхраната на мојата планета :zelen барем како што ми имаат кажувано бидејќи сум роден во егзил ама тоа не е важно, добро е да се знаат диви растенија кои се јестиви.
Исто и дивите животни се многу фини и нивното месо е неспоредливо.
Ееее за таму ми имаат кажувано како им зборувале на животињето дека им е жал ама дека мораат да ги уловат, имало некои ритуали со кои се изразувала благодарност и респект за животињата која ќе ја нахрани рандом фамилија, која што со своите хранливи состојки ќе допринесе за нов живот или квалитетот на истиот, друг пристап е тоа.

А овде на вашава планета све се глада редукционистички и механички, владее капиталистичко лудило.
Being an alien and all i`m almost always confused :unsure

П.С. Стави ги сликите во спојлер, за нас конекциски ограничените :(
 

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
Еве уште една скапоцена билка која расте низ нашите ливади, ја има речиси насекаде и е неверојатно хранлива и корисна

Боражина, Пореч -Borago officinalis
bb.jpg
Цветовите имаат сладок вкус и се одлични за декорација на разни десерти, додека младеите листови имаат вкус сличен на краставица и одлично се комбинираат со повекето врсти на зеленчук во салати. Листовите исто така можат да се сушат и да се употребуваат како зачин, а може да се употребуваат и во супи, сосови, чорби, макала, сирења... Од оваа билка може да припремите чај, сок, тинктура или оцет, нејзината примена нема ограничувања.
Боражината содржи калиум и калциум и е најпознат извор на гама-линоленска киселина која делува антивоспалително, против автоимуни и кардиоваскуларни болести, против кожни заболувања, воспоставува хормонална рамнотежа, ја намалува телесната тежина и делува против шповеке видови на тумори. Оваа билка го поттикнува потењето, ја намалува температурата и помага при лечење на уринарни проблеми. Традиционално се користи како диуретик, бидејки ги исфрлува вишокот на течности од телото. Лековито дејство има кај бронхитис, кашлица и разни воспаленија на грлото и устата. Чајот моѓе да се користи за плакнење на устата, бидејки го штити здравјето на забите и непцата.
Боражината ја појачува енергијата, го зајакнува имунитетот и ја подобрува концентрацијата.
Делува против апатија, депресија, меланхолија и несоница. Корисна е кај проблеми со очите, го подобрува видот и го спречува ноќното слепило.
Препорачлива е кај проблеми со метаболизмот, хормонални проблеми и тегоби за време на ПМС. Жените кои имаат проблеми со јајниците би требало редовно да ја користат бидејки го намалува лачењето на тестостеронот и го потикнува лачењето на прогестерон.
Боражината е хранлив додаток во исхраната кој се препорачува да се користи при неухранетост, при проблеми во староста или после опоравување од болест.
Го чисти организмот, овозможува темелна детоксификација и ја намалува телесната тежина.
Ладно цеденото масло од Боражина може да се користи на кожа за разубавување, но и за лекување на речиси сите кожни проблеми.
Единствено не е препорачлива кај епилептичари или луѓе кои имаат згрутчување на крвта, во сите други случаи е безопасна.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bozle

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
Бела рада - Bellis perrenis, Compositae
bela rada.jpg
Се јадат младите листови со заоблен облик. Листовите содржат протеини, масти, јаглени хидрати, витамин С, каротин, јаболкова, оцетна и оксална киселина, сапонин, танин, смола, етерично масло и горчливи материи.
Листовите се јадат свежи и готвени, најубави се во пролет, на почетокот на летото и на есен. Вкусот им е киселкаст и малку грчлив. Ако се јадат свежи во салата, повкусни ке бидат доколку одстојат неколку часа потопеени во масло, оцет и зачини. Одлично се комбинираат со компири, со разни сирења, можат да се употребуваат и како готвени во супи и чорби.
Бела рада го поттикнува варењето, делува како лек за расложување на слузта, ги смирува болките и грчевите во желудникот и цревата.
 

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
абе @malo пишувај почесто конкретни рецепти, така многу повеќе влијание има, одошто тие други нападни текстови. ете откако ја отвори таа темата за дива храна секој ден зјапан шо имам низ дворов. И годинава има многу темјанушки, знам дека се многу лековити ама никогаш не сум се осудила да ги јадам или да правам чај. Шо знам, никој од моите доесга не ги користел и мене ми е некако страв. Ги гледам на фотографии, ми се гледаат исти, ама пак ми е шубе. Ај после ќе ги сликам, па ќе ми кажеш дали се тие безбедните или некоја друга сорта.
овие
DSCN0153.JPG DSCN0155.JPG DSCN0157.JPG
 

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
Да тие се, ги има и во бела варијанта. Им се јадат цветовите, најверојатно се прави и чај од истите. За другите врсти не сум сосема сигурна, бидејки ги има многу.
Многу се интересни како декорација на колачи или торти, можат слободно да се јадат и имаат благ вкус
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: lady_blue

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
Да тие се, ги има и во бела варијанта. Им се јадат цветовите, најверојатно се прави и чај од истите. За другите врсти не сум сосема сигурна, бидејки ги има многу.
Многу се интересни како декорација на колачи или торти, можат слободно да се јадат и имаат благ вкус
На многу места пишува дека биле ептен лековити, пример овде
http://faktor.mk/2015/03/13/znaeme-...-proletta-no-ne-ste-znaele-kolku-se-lekoviti/
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
На многу места пишува дека биле ептен лековити, пример овде
http://faktor.mk/2015/03/13/znaeme-...-proletta-no-ne-ste-znaele-kolku-se-lekoviti/
Благодарам за линкот :)
Речиси сите тие тревки кои ги газеме по патишта и во двор, содржат многу хранливи состојки и се многу лековити, кога почнав да истражувам и да читам за нив се запрепастив, едноставно не ми е јасно зошто порано не сум го знаела сето тоа.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: lady_blue