Може ли некој да ми објасни што точно ни говори оваа реченица, дали дека нема Божја воља? Дали дека веќе нема на оваа планета земја да се бараат принципи на логика,ако правам добро ќе доживеам добро и обратно, ако правам лошо ќе доживеам лошо? Сите страдаме во маките на оваа планета и невини и виновни, сите го дишеме овој загаден воздух и пиеме загадена вода и јадеме загадена храна! Преголемо е злото на оваа планета.
Ми се наметнува прашање на кое нема точен одговор во библијата а тоа е-Зошто Бог се одлучил воопшто да го створи човекот? Еден единствен одговор имам добиено до сега а тоа е затоа што и родителите сакаат да имаат деца....епа не сакаат сите да имаат деца!
Ако Бог не створил за дружење и живеење во заедница и го направил светот од ништо, зошто го дозволил гревот за кој знаеме дека има разурнувачка моќ и од нешто прави ништо, разорува?
Прашањето ми е ако Бог не створил по негов лик, тоа значи дека и он ги има истите емоции, смислата за хумор, тага, радост....па зарем и правење на зло..и што откако ке се уништи планетава и човечанството, повторно ќе не создава?
Зло не постои мила, ниту пак постои добро и лошо, не постојат гревови, не постојат жртви, не постои правилно и неправилно... сето тоа го има само во нашиот ум, во природата го нема. Бог е љубов, бог е интелегенција, бог е креативност... Бог создава уништувајки, бог уништува создавајки и тука нема реална неправда како што на нашиот ум му се чини, се е до нас, до нашата перцепција.
Ние луѓето не сме лоши, туку само се гледаме себеси во искривено огледало и мислиме дека таа искривената слика е реалноста за нас и слепо ја следиме насоката која не не води кон среќата мислејки дека така треба.
Не е бог крив за нашите несреќни животи, туку онаа малку слободна волја која ја имаме, а која што воопшто не ја користиме. Човекот е создаден да биде љубов, да биде бог на земјата, но не семоќен бог кој злоупотребува, искористува и уништува, тоа не е во природата на еден бог, таквата слика е повторно извртена представа поради извртена перцепција... Човекот е створен за да креира, да создава, да учи, да истражува, да љуби и да биде среќен пред се.
Светот во кој што денес живееме на повеќето не ни е пријатен, но ние самите го креираме да биде таков каков што е. Не ни се допаѓа и упорно ја следиме старата матрица, без да кажеме - доста е, не сакам повеке да учествувам во оваа представа, одам на подобро место. Наместо да си признаеме дека ние самите се доведуваме до состојби кои не ни се пријатни, ние бараме грешки, бараме виновници, ја критикуваме владата, општеството, го критикуваме бог, ги критикуваме родителите, црквата...
Сето она кое што го перцепираме како проблем, пречка или неизлезна ситуација е само лекција која треба да се совлада. Она што нам ни се чини како болка и страдање е всушност оздравување, почеток кон напредокот, постепено менување на перцепцијата. Тоа е духовно растење и созревање, но ако не го доживееме како такво, повторно ке бараме да ни се случи, се додека не научиме, бидејки таква ни е природата на нас луѓето, интелегентна, љубопитна, и авантуристичка, ние не можеме да се помириме со стагнирање и седење во место, ние бараме духовен напредок и свесно или несвесно креираме ситуации за да не ,,треснат од земја,, ...
...
Бог не создал според својот лик, односно, не создал со способност да сакаме, да создаваме, да креираме, да даваме, да бидеме мудри... но тој не ги има истите емоции како нас, бидејки пред се бог е принцип и неговите закони се непроменливи. Тој не препознава добро и лошо, правилно и неправилно, чесно и нечесно... како што кажав и на почетокот, во природата тие нешта не постојат.
Сега ке употребам една споредба од мојата омилена книга, вели вака:
- гравитацијата е принцип и нејзините закони се непроменливи, нејзе не ја интересира дали вие сте чесни, сочуствителни или сте направиле грешки во животот, таа нема да ги промени законите заради вашата добрина или заради тежината на вашиот грев. Ако скокнете од зграда од дванаесетти кат, гравитацијата нема да рече ,,чекај, овој човек е добар, за него ке се променам, за да не му создадам болка,, или ,,овој човек направил многу гревови, ке го треснам уште повеке, бидејки такво нешто заслужува,,
...
Зарем не звучи смешто сето ова со гравитацијата. Исто така звучи и кога зборувате дека бог ке ве казни затоа што сте лоши и дека ке ве награди ако сте добри. Бог не казнува, бог не препознава казна, тој е принцип и за секого важат истите закони, е сега, ако вие сте решиле да скокате од зградате тогаш не го обвинувајте бог, туку бидете свесни дека вие самите си ја креирате реалноста.
Имате слободна волја, имате избор, направете го оној избор кој ке ве направи среќни, не оној правилниот, бидејки правилно не постои.