Истегнувањето не е јога.....истегнувањето може единствено да биде дел од асаната, која е почетниот стадиум... Сосема погрешна и извртена претстава за јогата имаш! Поентата на јогата не е да "црпиш енергија"! Јога значи соединување...поентата на јогата е да се соединиш со својата суштина, со своето битие, а не да црпиш енергии или да се истегнуваш!Добро, да, терминот ,,соларна,, е релативно нов термин, но тоа не значи дека е непотребен и смешен, напротив , мислам дека е добро што овој вид на јога има свој термин за да се оддели од останатите, сепак овој вид на јога се разликува од останатите не само поради начинот на практикување туку и поради сериозноста која е неопходна да ја има јогинот пред да започне да ја практикува. Баш поради оној тип на луге кои сметаат дека суштината на јогата е да се истегне телото е добро да се има посебен термин.
Ама сепак примерите ти се без врска, нема логика да го споредуваш терминот ,,соларна,, кој е даден затоа што сангејзингот е јога во која енергијата се црпи од сонцето, со термини кои определуваат каде се врши дејството. Кога јогинот би практикувал јога каде што енергијата ке ја црпи исклучиво од реката, тогаш во ред е да се нарече и хидро-јога, бидејки тогаш представката ке го објаснува видот на јога вежбите кои се користат за да се црпи енергијата од реката, а терминот ,,битолска,, не го објаснува видот на јога вежбите, туку кажува само каде се практикува.
Ова му доаѓа како да веруваш дека поентата на христијанството е да висиш на крст...или дека поентата на исламот е да ја бакнуваш земјата.