Сакам да кажам/Сакам да прашам

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
По добри 5 години борба со институциите, главниот исход е 4 битни картички и една дебитна. Да ни` е на здравје „модернизацијава“.
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Абе ова е за плачење не е за смеење...божееееее..на какви трагедии се смеат. срамота(facepalm) зарем нели ти е жал за старецот, зарем треба поради политика да се тепаат и убиваат луѓето а најморбидно на сео тоа да се превртуваш од смеење?? Болна работа(facepalm)

Не ми е жал, нит го знам ни познавам, да кажам дека имам емоционална реакција кон веста би било лага, настрана од оној општочовечки принцип кој вели дека е грозно кога се случуваат такви работи, повеќе е филинг на одвратност во прашање.
Освен тоа, за разлика од децата кои умреле како последица на власта, овој барем поживеал 80 години што е барем 10-12 години над животниот просек на хунзистанците...

Не реков дека Американците како луѓе ми се подобри од Македонците. Реков дека таму има неописливо поголем избор од тука во однос на се. Не само во храна. И не реков дека било кој не знае ништо повеќе од крем банани, реков дека нема избор доколку сакаш нешто друго да купиш. А Америка ја дадов како пример, исто е и со западна Европа. Ако не ми се допаѓа нешто, имам право да кукам. Некои работи и да сакаш, не можеш да ги промениш, за жал.

Тоа е, што да правиш. Место да ги соберам сите заработени пари и да си купам неповратен билет за Хонолулу, јас се вратив во "земјата на сонцето".

Тоа е последица на јако развиен пазар кој пак е последица на генерации и генерации висок животен стандард во д`стејтс, ако се види стандардот дури би рекол дека има неверојатен избор тука :zelen турски чоколади од нафта за 19 денари, кинески текстил купуван на тони кој после се продава како ексклузива по бутици, украински зејтин препакуван како `домашен`, Милка специјално изработена за пазар од третиот свет со скратени 20 грама, без целофан и со помалку какао од оние на запад:rofl Ресана :frantic

Туку и друго ми текна, скоро сите производи за широка потрошња се делат на парче или рефус, раја купува ЕДНА мастика од пакување од 5, пошто има разлика меѓу 5 и 25 денари, рефус вегета, разни саламишта се сечат на парче на машина, едно време имаше и цигари на парче (facepalm) по америките купуваат пакетчиња по 5 или 10 паковања мастики наеднаш, овде се полни бензин по 100 денари (worried)
 
Последна промена:

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Не ми е жал, нит го знам ни познавам, да кажам дека имам емоционална реакција кон веста би било лага, настрана од оној општочовечки принцип кој вели дека е грозно кога се случуваат такви работи, повеќе е филинг на одвратност во прашање.
Освен тоа, за разлика од децата кои умреле како последица на власта, овој барем поживеал 80 години што е барем 10-12 години над животниот просек на хунзистанците...

Тоа е последица на јако развиен пазар кој пак е последица на генерации и генерации висок животен стандард во д`стејтс, ако се види стандардот дури би рекол дека има неверојатен избор тука :zelen турски чоколади од нафта за 19 денари, кинески текстил купуван на тони кој после се продава како ексклузива по бутици, украински зејтин препакуван како `домашен`, Милка специјално изработена за пазар од третиот свет со скратени 20 грама, без целофан и со помалку какао од оние на запад:rofl Ресана :frantic
Во контекст на цитатот на Мис, далеку сме ние за изградување на некаков вкус за квалитет. Дури и да го имаш на пазарот, сите ќе се нафатат за ѓубрето кое малте не има нереално висока цена за ѓубре. Кога еден Линд се продава со малку повисока цена од една милка па сепак народот се зацепал за второто, додека на првото гледа пежоративно, секако дека првото ќе се повлече од пазарот бидејќи не гледа никаква заработувачка во хунзистан. Мала земја - мал пазар - мали луѓе.
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Во контекст на цитатот на Мис, далеку сме ние за изградување на некаков вкус за квалитет. Дури и да го имаш на пазарот, сите ќе се нафатат за ѓубрето кое малте не има нереално висока цена за ѓубре. Кога еден Линд се продава со малку повисока цена од една милка па сепак народот се зацепал за второто, додека на првото гледа пежоративно, секако дека првото ќе се повлече од пазарот бидејќи не гледа никаква заработувачка во хунзистан. Мала земја - мал пазар - мали луѓе.

Не е до тоа дека е мала земја и Луксембург е мала земја ама има куповна моќ колку евентуални 10 милиони хунзистанци, Бангладеш е голем пазар (мала територија додуша:zelen) ама е тешка мизерија...кога би постоел висок стандард би се научила раја да купува квалитетно, може Линд е малку поскап ама кумулативно годишно ќе испадне многу повеќе, затоа сеуште се продаваат крем-табли (чоколади за сиромаси) исти како во комунизмо...
 
Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Не е до тоа дека е мала земја и Луксембург е мала земја ама има куповна моќ колку евентуални 10 милиони хунзистанци, Бангладеш е голем пазар (мала територија додуша:zelen) ама е тешка мизерија...кога би постоел висок стандард би се научила раја да купува квалитетно, може Линд е малку поскап ама кумулативно годишно ќе испадне многу повеќе, затоа сеуште се продаваат крем-табли (чоколади за сиромаси) исти како во комунизмо...
Проблемот е многу подлабок од џебот на хунзата. Имаш луѓе кои имаат длабок џеб но плиткоста на умот ќе ги натера да купуваат милка затоа што истата е набутана со адитиви од сомнително потекло кои проузрокуваат зависност на ѓубре од чоколадо. И бројката е навистина запрепастувачка. А цената е мање више иста. Можеби 10-15% поскапо е првово. Не зборам за драстична разлика, зборам за квалитет и срање кое луѓето се убедени дека е квалитет само затоа што има многу повисока цена. Ете коа сме кај чоколадата, нека егзистира и Пионир и штарк и банини и европа (мада црното им е далеку подобро него ли горенка :zelen). Проблемот е што народот веќе не купува масновно затоа што е евтино, туку купува шит затоа што „јаката фирма“ го пласира како квалитет со напумпана цена до кров.
 
Е па тоа е резултат на вековен слаб стандард, да речеме породица која има пари во денешно време, не е важно како - тоа е можеби прва генерација која може да си дозволи подобри продукти ама вкоренетите навики за кои би шпекулирал дека се врежани во ДНК не се менуваат така лесно, потребно е време, сиромаштијата не е само во количината на пари, многу подлабока јама е изложеноста на немаштија низ генерации
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Треба да отворам тема, муабетов ме потсети на некои тешки времиња, влијанието на немаштијата врз развојот на една особа и последиците кои ги остава :(
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra and Saladin