Дали ве воспитуваа да бидете добри?

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,070
1,133
Темава можеби требаше да ја започнам во друг подфорум, но не бев сигурна во кој аспект од истава ке забегам со водедот и каде ке не однесе понатамошната дискусија која свесно не сакам од старт да ја насочувам.
Прашањето е - дали ве воспитуваа да бидете добри и дали ви дозволија да бидете добри?

Понекогаш имам чувство дека добрината е некоја имагинарна човечка особина која што сите луѓе себеси си ја присвојуваат без разлика на тоа какви навистина се и дека секогаш кога ке се судрат со личности кои што мислат и постапуваат различно од нив, доаѓаат со некаков заклучок дека друѓите не се доволно добри како нив самите.
Порано си мислев дека тоа се должи на различностите помеѓу луѓето и на тоа дека секој си има свои вредности и секој си има свое чувство за добрина и така натака.
Но, како што поминува времето, се повеке се уверувам во некое општо и масовно игнорирање и негирање на добрината и добивам впечаток дека речиси сите луѓе нештата ги проценуваат од еден ист аспект - личниот, аспектот на егото.
Тоа ме натера да мислам дека општеството е пред се виновно за таквата појава и сеуште чувствувам дека не сум далеку од вистината. Таквото дејствување се пренесува од генерации на генерации и иако времето почна од надвор пополека да ги менува нештата, основното чувство за добрина кај човекот и ден денес останува само чувство за сопствена сигурност и лична добивка, односно, ако личноста е уверена дека преку нечие дејствување може да добие сигурност или некаква лична добивка, тогаш личноста истото тоа дејствување го препознава како нешто добро, без потреба или можеби без способност да погледне од поширок аспект и да размисли дали навистина е така.

Воопшто не ми е чудно што општеството не тренира да размислуваме на ваков начин, бидејки не сме му од корист кога правиме ,,апсурдни'' добри дела, туку корисни сме тогаш кога целата своја енергија ја насочуваме во создавање на подобри услови за лична егзистенција, но, ме чуди што сеуште постојат луѓе кои што се до таа мера послушни пред авторитетите, што буквално би убиле невини луѓе за да си ја обезбедат сигурноста и материјалната добивка, а притоа да бидат цврсто уверени дека направиле добро дело.
Исто така ме интересира воспитувањето на децата од страна на членовите на семејството, училиштето па и воспитувањето од книгите, цртаните филмови итн.
Дали ве воспитуваа да бидете добри и дали ви дозволуваа да бидете добри?
пример-
-ве учеа да им помагате на немоќните, но кога сакавте да им однесете храна на бездомници ви рекоа - ,,немаш за себе а ке им даваш ним,, или ,,ние работиме затоа имаме, нека работат и тие,, и такви слични нешта.
- во училиште сте учеле четиво во кое детето кое носи ужина му дава пола од својата на детето кое не носи, а ако сте го направиле истото - повторно прекорувања од примерот погоре.
- ве учат да ги сакате животните, спасувате маче или кутре од улица и родителите ви велат дека сте требале да го одминете и да го оставите на милост и немилост.
...
Која страна ја одбравте на крај? Зошто?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Loner, Electra and Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Потценета е добрината во општеството но тоа е очекувано, а индивидуално којзнае...
Не дека нешто посебно ме воспитувале да сум ваков или онаков, генетски сум ваљда склон кон добри ствари, како за мене така и за другите во некоја реалистична орбита. Дали е тоа последица на вродената наивност и едноставност или нешто друго не би можел да знам.
Сепак последниов период се повеќе настапува мизантропијата.:(
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo

Struggler

Староседелец
19 јануари 2013
1,755
1,002
1,133
Мене не ме воспитуваа да бидам добар т.е наивен, ама јас сум таков.

Не сакам да навлегувам во лични работи и да ги изнесувам на јавно место, кратко и јас ова е доволно.
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Јас само имам сфатено дека, да бидеш добар кон нив, бараат оние што најмалку заслужуваат. Оние полни со себе, што се сметаат за свети великомаченици и што мислат дека светот им должи добрина. Ликови што самото свое постоење го сметаат за добро дело т.е. подарок на човештвото и секогаш тие се оние на кои им е згрешено и кои ќе ги најдеме како се жалат дека нема останато добрина на светов. За нивното секогаш постои совршен изговор што ги става распнати на крст со солзичка во око, а туѓото е секогаш лошотилук.
Тие ја искривуваат сета слика за човековата добрина, пошто ги засенуваат вистински добриве со тоа што бараат аплаузи и внимание за себе.

Уште мали се делат т.е. ги делат на класи сега... далеку е од приказната со делењето ужинка во школо. Сега учителките веднаш имаат фаворити (њузфлеш: деца на богаташи) и со тоа неретко се запечатува сето образование и социјален живот на ученикот. Сум имала шанса да набљудувам многу школи/часови и само една професорка можам да издвојам што се залагаше секој да е еднаков и незапоставен, што го сметам за акт на добрина. Другиве секогаш ги занемарувале оние детенце-две што седат сами во некоја од последните клупи. Дури и да го задеваат таквото, оваа само благо ќе го тргне тоа што замара, а нема ни да го погледне или праша другово дали е добро.
Нема тука никаква добрина, за жал, а сепак третирањето на училиште игра огромна улога во понатамошниот развој, односно дали некој ќе стане сосема повлечен и без трошка самодоверба, полн со разбирање за другите, или сноб полн со себе, а со самото тоа и добра/лоша личност.

Мене ме учеле да согледувам сама дали некој заслужува да си добар кон него или не. Она вртење друг образ е најголемата бљувотина што човек некогаш ја смислил. Ме учеле да не бидам ѓубре, но и да не отстапувам од своето за туѓо добро.
Сепак, повремено знам да бидам глупаво-наивна (што нели, денеска се смета ко еквивалент на добра), ама тоа секогаш има црвена линија што не ја прекорачувам.
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Темава ме потсетува на една тема поодамна што е заспана на форумов: дали секој има сопствена вистина?
Секој себеси се смета за добар. И крај. И серискиот убиец да го прашаш дали е добар или лош, ќе каже дека е добар, и ќе најде начин да си го оправда убиството.
Да ви кажам право, не дека сметам дека сите убијци се лоши. Има такви што со убиствата му направиле добро на човештвото, а не лошо :)

Сакам да кажам, јас мислам дека мајка ми ме воспита да бидам добар човек. Ме научи да помогнам кога и да можам. Е сега, мајка ми помагаше и кога тоа значеше себеси да си одмогне. Јас не сум таков. Прво гледам дали со таа помош ќе бидам јас 0 на 0, ако сум во минус, не помагам.
Ме научи да бидам добар слушател. Вистината е дека мајка ми често знаеше да забега, па беше неплатен брачен советник, психолог, психијатар, исповедник... јас тоа не го правам. Има луѓе што би ги слушал со децении без уста да отворам, би се обидел да ги затворам очите и да ги проживеам нивните раскажувања, па да сочувствувам, советувам, помагам, но има луѓе што или ги замолчувам, или ги ставам на mute па нека си зборат до утре, јас ќе си мислам на последната прочитана книга. Не сум должен да бидам сечиј интимен дневник.
Ме научи дека не треба да бидам одмаздољубив. Таа беше таква. Колку луѓето ѝ згрешиле, таа толку со добро врати. Јас не сум таков. И тоа како сум одмаздољубив. Можеби не денес веднаш, но утре, задутре, по еден месец, за секоја секунда нервоза ќе си вратам. Не научив многу од физика, ама законот „акција-реакција“ милина го совладав :)
И така, иако сум сето ова, и многу повеќе што погоре го набројав, јас себе не се сметам за лош човек. Зошто? Бидејќи општо познато е дека покрај родителот, те воспитува општеството. Човек од двете зема ука и создава од себе личност што треба да живее, а не да умре во општеството. Што значи, не избрав страна, си направив комбинација на лекциите од мајка ми и шамарите на општеството... и таман, мислам дека избрав добро.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy and malo

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,070
1,133
А што е со моментот кога човековата добрина се исмејува и зошто добриот секогаш е окарактеризиран како глуп и наивен, дали навистина добрината и наивноста природно одат заедно?
А има и една друга појава во секојдневието, додека некој е занесен од некоја своја внатрешна побуда да направи добро дело , а притоа да нема никаква добивка, останатите околу него прават се за да го запрат, а да речеме дека сето тоа нема никаква врска со нив. Дали е тоа поради совеста која подсвесно ги гребе бидејки тие самите никогаш не би направиле ,,добро,, дело доколку би немале корист? Се бунтува ли нешто во човековата (под)свест кога гледаме дека некој е подобар и похуман од нас самите? Се срами ли некој дел од нашето битие секогаш кога сме себични, неправедни и лоши?
Дали потребата да се исмејуваат добрите луѓе се должи на чувството на вина или пак засраменост, неспособност и сл.?
Имало моменти кога сум била сведок дури и на искажување гнев од страна на посматрачот кон оној кој во тој момент правел добрина, што на некој начин укажува на некој комплекс, на некое бунтување на внатрешноста на човековото суштество, за која сакам да верувам дека постои и дека е кристално чиста и света.
...
Од друга страна пак имаме охрабрување на личноста која сака да наштети некому, од страна на своите блиски, величање на сторителот на лошото дело ставајки му епитети како херој, јунак, мажиште и сл.
 

Loner

Активен Член
13 март 2016
340
86
28
Skopje
Темава можеби требаше да ја започнам во друг подфорум, но не бев сигурна во кој аспект од истава ке забегам со водедот и каде ке не однесе понатамошната дискусија која свесно не сакам од старт да ја насочувам.
Прашањето е - дали ве воспитуваа да бидете добри и дали ви дозволија да бидете добри?

Понекогаш имам чувство дека добрината е некоја имагинарна човечка особина која што сите луѓе себеси си ја присвојуваат без разлика на тоа какви навистина се и дека секогаш кога ке се судрат со личности кои што мислат и постапуваат различно од нив, доаѓаат со некаков заклучок дека друѓите не се доволно добри како нив самите.
Порано си мислев дека тоа се должи на различностите помеѓу луѓето и на тоа дека секој си има свои вредности и секој си има свое чувство за добрина и така натака.
Но, како што поминува времето, се повеке се уверувам во некое општо и масовно игнорирање и негирање на добрината и добивам впечаток дека речиси сите луѓе нештата ги проценуваат од еден ист аспект - личниот, аспектот на егото.
Тоа ме натера да мислам дека општеството е пред се виновно за таквата појава и сеуште чувствувам дека не сум далеку од вистината. Таквото дејствување се пренесува од генерации на генерации и иако времето почна од надвор пополека да ги менува нештата, основното чувство за добрина кај човекот и ден денес останува само чувство за сопствена сигурност и лична добивка, односно, ако личноста е уверена дека преку нечие дејствување може да добие сигурност или некаква лична добивка, тогаш личноста истото тоа дејствување го препознава како нешто добро, без потреба или можеби без способност да погледне од поширок аспект и да размисли дали навистина е така.

Воопшто не ми е чудно што општеството не тренира да размислуваме на ваков начин, бидејки не сме му од корист кога правиме ,,апсурдни'' добри дела, туку корисни сме тогаш кога целата своја енергија ја насочуваме во создавање на подобри услови за лична егзистенција, но, ме чуди што сеуште постојат луѓе кои што се до таа мера послушни пред авторитетите, што буквално би убиле невини луѓе за да си ја обезбедат сигурноста и материјалната добивка, а притоа да бидат цврсто уверени дека направиле добро дело.
Исто така ме интересира воспитувањето на децата од страна на членовите на семејството, училиштето па и воспитувањето од книгите, цртаните филмови итн.
Дали ве воспитуваа да бидете добри и дали ви дозволуваа да бидете добри?
пример-
-ве учеа да им помагате на немоќните, но кога сакавте да им однесете храна на бездомници ви рекоа - ,,немаш за себе а ке им даваш ним,, или ,,ние работиме затоа имаме, нека работат и тие,, и такви слични нешта.
- во училиште сте учеле четиво во кое детето кое носи ужина му дава пола од својата на детето кое не носи, а ако сте го направиле истото - повторно прекорувања од примерот погоре.
- ве учат да ги сакате животните, спасувате маче или кутре од улица и родителите ви велат дека сте требале да го одминете и да го оставите на милост и немилост.
...
Која страна ја одбравте на крај? Зошто?
Едноставно вопитанието не се пренесува и не се научува или го имаш или го немаш