Океј, еве во последно време во Македонија се донирани органи од млади, прерано заминати личности, па зарем не е тоа, не знам... врвна несебичност и врвно добро од страна на семејството и самите починати?
Колку што знам, црквата не произлезе со никаков став околу тоа. А, зошто би?
Е сега, знам дека е строго забрането кај Евреите (или барем дел од нив, не сум целосно информирана) т.е дека бранат кремирање и ако на некого му фали екстремитет, додаваат вештачки за човекот да е цел кога наводно сите ќе воскреснат/воскреснеме на земјава. Тоа им е сфќањето и разбирам.
Во Христијанството, душата е таа што патува, нема логика да страда поради состојбата на привременото тело.