Религија и донирање на органи

misterija

Член со 30 казнени поени
27 јануари 2016
732
611
103
Донирање на човекови органи, донорски картици, листи на чекање за трансплантации кои се повеќе се зголемуваат но на запад времето на чекање одамна е во позитивно намалување...еден ден сигурно и без да не прашаат, после наша смрт ќе не исекцаат и ке ни ги раздадат органите на пациенти кои чекаат и се борат за живот...
Моабетот ми е дека никаде не најдов податок каков став има црквата за донацијата на органи, другите вери, религии,дали се дозволува или не.
Ако се дозволува донирање на органи после смртта од страната на религиите, тогаш неможам да сфатам зошто самоубиството не го прифакаат?
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Како тоа се споредува самоубиство со донирање органи после смртта? Самоубиството се смета за грев затоа што се спротиставуваш на Божјата волја и на подарокот наречен живот кој Бог ти го дарил. Кога веќе си мртов, телото нема голема вредност за Бог туку твојата душа.
 

misterija

Член со 30 казнени поени
27 јануари 2016
732
611
103
Како тоа се споредува самоубиство со донирање органи после смртта? Самоубиството се смета за грев затоа што се спротиставуваш на Божјата волја и на подарокот наречен живот кој Бог ти го дарил. Кога веќе си мртов, телото нема голема вредност за Бог туку твојата душа.
На пример некој манијак или педофил, потполнува формулари, добива донорска картица и после негова смрт неговите органи се даваат на пациенти..и сега прашањето ми е дали кога тој ќе оди пред Бога ќе има вредност со својата душа како што велиш ти!?
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Дали го знаеш ставот на религиите во врска со донирањето на органи а јаболкото остави го за друга тема?
Ако го земеме предвид фактот дека телото се смета за грешно и непотребно за светот во кој по смртта одиме, тогаш црквата не би имала никаков проблем со трансплатацијата на органите.
Што се однесува до споредбата со самоубиството... малку ти е идиотска. Морам да признам.
Зборуваме, за човек што при здрав разум, сфатил дека, доколку во иднина доживее собраќајка и нема никакви шанси за живот, добро е, и онака нему нема да му треба бубрегот, да го донира. А оној што сака да се самоубие, си го одзема животот по сопствена волја, нормално е дека не е пожелен за Богот бидејќи, оној што ти дал живот(Бог) само тој има право да ти го земе.(како што впрочем ти кажа и Егзистенс).
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: misterija

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
А што, демек ако религијата поддржува донирање органи, тогаш магично ќе е океј?
Јас би ги донирала. Ако јас умирам од 10та болест, а мој здрав орган може да спаси живот, црквата што сака нека вика. И на глава нека висат.
Нели бараат добри дела за во рај, а понесебично нешто од ова мислам дека нема.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Marinna and Abraxas

misterija

Член со 30 казнени поени
27 јануари 2016
732
611
103
Сите религии го дозволуваат донирањето на органи и го сметаат тоа како племенит чин...единствено што пронајдов е дека само во исламот е спомнато забрана за донирање на полови органи и мозок...а се разбира дека за трансплантација на мозок треба уште многууууу години научниците да работат и да експериментираат.