Крштевање на деца

misterija

Член со 30 казнени поени
27 јануари 2016
732
614
103
Незнам точно за вистиноста на оваа информација, ја имаше и во весникот дневник а тоа е дека Европскиот суд за човекови права донел одлука да се забрани крштевање на деца од март 2016 година, во спротивно, секој што нема да ја почитува оваа одлука ќе се смета дека направил злочин.
Мотивот за оваа скандалозна одлука е фактот што бебињата не се во состојба да ја остварат својата слободна воља, не се во позиција да одберат или прифатат одредена религија.
Што мислите Вие за оваа одлука, има ли некоја позадина или цел за да се уништи православието!??
Како тогаш може да им се дозволува на геј паровите да посвојуваат деца без нивна воља!?
Зошто не се забрани и на муслиманските деца да им се врши обрезување..тогаш нека наредат да им се сошие обрежаното!?
 
existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Не обрежуваат само муслиманите, обрежуваат и евреите (брит мила(х)).
И која е аналогијата со геј паровите? Како се вметнаа геј бракови во муабетот?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Abraxas

misterija

Член со 30 казнени поени
27 јануари 2016
732
614
103
Не обрежуваат само муслиманите, обрежуваат и евреите (брит мила(х)).
И која е аналогијата со геј паровите? Како се вметнаа геј бракови во муабетот?
Децата не ги прашуваат дали ги сакаат посвоителите, едноставно ги даваат без нивна воља кај барателите, па дали се тоа геј пар или лезбејки, битно е дека не се прашани.
Моабетот ми беше за одлуката на Европскиот суд, дали е правилна, оти во многу други случки слободната воља не е прашана..а како тргнале ќе излезе дека и бебето треба да се праша пред да се зачне дали сака да биде направено..хахаххаа
krstavaneee-630x411.jpg
 
existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Па децата не ги прашуваат ни дали сакаат тие родители да ги израснат ама ете ги функционираат.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
.
Мотивот за оваа скандалозна одлука е фактот што бебињата не се во состојба да ја остварат својата слободна воља, не се во позиција да одберат или прифатат одредена религија.
Што мислите Вие за оваа одлука, има ли некоја позадина или цел за да се уништи православието!??
Скандалозна?! Одлуката не само што не е на ниеден начин скандалозна, туку требало да биде донесена мноооогу порано! Религијата треба да биде лична одлука на поединецот, а за таква одлука, поединецот треба да е пресметлива, возрасна и зрела личност, а не бебе што нема интелектуална способносг да свати ни што е тоа религија а камоли да избира и одлучува на која да и припаѓа. Тоа не е ништо друго освен индоктринација.
Паралелата со посвојувањето на деца од геј парови е тотално фалична! Тоа што се работи за хомосексуалци, незначи дека посвоеното дете ќе биде приморано и самото да биде хомосексуалец, ниту пак значи дека тој пар ќе има односи пред детето. Сигурен сум дека ни твоите родители не практикувале секс пред тебе иако не биле хомосексуалци.
И за крај, обидите да се прикажат вакви и слични случаи како напад врз православието се провидни и патетични. Тоа што вие деградирате одредена целна група како хомосексуалците било нормална работа, но одлука со која се заштитува слободата на избор, била напад врз православието...(facepalm)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo

Јас навистина мислам дека е напад на православието, сатанистичка работа. Ако размислуваме дека поединецот треба да е пресметлив и дека не е земена во предвид неговата слободна воља ајде тогаш објасни зошто кај муслиманите не го забрануваат обрезувањето!?
Имаше некаде прашање поставено, ако дете што не е крстено почине, дали може да му се изврши обред..фамилијата сака а црквата вели дека неможе оти не е крстено.
 
Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
Јас навистина мислам дека е напад на православието, сатанистичка работа. Ако размислуваме дека поединецот треба да е пресметлив и дека не е земена во предвид неговата слободна воља ајде тогаш објасни зошто кај муслиманите не го забрануваат обрезувањето!?
Имаше некаде прашање поставено, ако дете што не е крстено почине, дали може да му се изврши обред..фамилијата сака а црквата вели дека неможе оти не е крстено.
Па кој рече дека истото не треба да важи и за муслиманите?! Што има скандалозно во тоа да се овозможи секому сам да одбира каде ќе припаѓа, во што ќе верува и дали воопшто во било што ќе верува?! На кој начин е ова напад на православието? На која возраст бил крстен Исус? И каков е тој изговор дека доколку починело новороденчето, немало да оди во рај ако не е крстено....? Зошто воопшто некој би обожавал бог кој е спремен да остави бебе во пеколот затоа што не било крстено?!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo

misterija

Член со 30 казнени поени
27 јануари 2016
732
614
103
Па кој рече дека истото не треба да важи и за муслиманите?! Што има скандалозно во тоа да се овозможи секому сам да одбира каде ќе припаѓа, во што ќе верува и дали воопшто во било што ќе верува?! На кој начин е ова напад на православието? На која возраст бил крстен Исус? И каков е тој изговор дека доколку починело новороденчето, немало да оди во рај ако не е крстено....? Зошто воопшто некој би обожавал бог кој е спремен да остави бебе во пеколот затоа што не било крстено?!
Донесената одлука важи само за православните, значи не се спомнати муслиманските деца иако никогаш не ми било јасно како може да се сече нешто што бог го дал....Не збориме за обожубање на бог туку за закон во црквата....едно дете кое починало некрстено,вероватно прерано починало, на барање на родителите да дојде поп и да го опее погребот биле одбиени со обрзложение дека на некрстени не се прави обред.
 
Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
Донесената одлука важи само за православните, значи не се спомнати муслиманските деца иако никогаш не ми било јасно како може да се сече нешто што бог го дал....
Веќе реков дека треба да важи подеднакво за сите. Подеднаква одлука треба да биде донесена и за муслиманите.
Не збориме за обожубање на бог туку за закон во црквата....едно дете кое починало некрстено,вероватно прерано починало, на барање на родителите да дојде поп и да го опее погребот биле одбиени со обрзложение дека на некрстени не се прави обред.
И за тебе ова не е скандалозно? Скандалозна била одлуката да не се инволвираат деца и бебиња во религиски цели и обреди?!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo

misterija

Член со 30 казнени поени
27 јануари 2016
732
614
103
Веќе реков дека треба да важи подеднакво за сите. Подеднаква одлука треба да биде донесена и за муслиманите.

И за тебе ова не е скандалозно? Скандалозна била одлуката да не се инволвираат деца и бебиња во религиски цели и обреди?!
крштевањето е свет чин и затоа треба да се крстат децата уште додека се бебиња, како не би дошло до недај боже никогаш на такви трагедии како горе поменатите и ред други работи кои тоа миење со света вода го прават тој чин убав.....Нели може кога ке достигнат зрелост и способност за размислување и определување да се откажат или преминат во друга вера!??