Ми треба ПОМОШ!

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Знам дека ме прават зомби и да бидам ко издрогирана, два дена чим не сум била способна една чаша да кренам за да се напијам вода.
Толку беше од мене. :(

Лесно е да се кажува, тешко е да се реализираат некои работи...

Знам што е добро, а што не... Всушност, јас сум многу свесна за своите постапки, грешки, ги читам вашите коментари и сето ова што ми го кажувате вие, јас у себе веќе сум си го кажала... Пред да ја отворам темата, пред да испијам таблети тон за смирување и спиење...
Ама како да не пијам, кога еве веќе денес сум будна, цела ноќ око не склопив... И можам вака да терам и до утре сабајле, ама денес сум подобро.
Не размислувам на ништо, веројатно од Миртазапинот уште сум под дејство, сега више не си го чувствувам уморно телото и неам вртоглавици...
Се чувствувам перфектно, скоро и како ништо да не ми беше... :)
Не мислам дека сум заникаде и не помислувам ни на самоубиство. Миртазапинот као да ми ги блокира неубавите мисли.
Колку години имаш?
Кој беше тригерот за да станеш депресивна?
Какви се односите дома?
Дечко?
Другарки, другари?
Социјален живот?
Како ти поминува еден ден?
Ако не се премногу интимни прашањава, одговори ми ги...Тие се првите прашања што ќе ти ги постави психологот или психијатарот.
 

Давор

Староседелец
10 ноември 2012
1,300
2,081
1,123
Немало потреба да земаш тоа што си земала.Ти според тоа што си го напишала живееш за тоа што ќе кажат другите .Тоа дека твоите не те сакаат не е баш така (барем јас така мислам ) .Мирот доаѓа од внатрешноста на личноста .Какви ти се мислите таков ти е животот .Тоа што членот над мене ти препорачал психијатар мој совет ти е да не го послушаш.Пред се нема потреба да размислуваш на тој начин дека никој не те сакал или те сакал .Ти не живееш за другите ,ти живееш за себе .Тоа дали ќе те сакаат другите или прифатат тоа е нивен проблем .Ти и најдобра да си во се и најпримерна секогаш ќе се најде некој што ќе рече дека си ваква или таква .Тука и таков е и менталитетот на луѓето ,затоа немој да живееш за комшијата , масимаукс , друштвото итн .Живеј за себе .
Да, баш ти се знаеш. Мајка шо си ја продава ќерка си, не дека не ја сака, тоа од задоволство го прави. Татко убива коли деца, ма дај, зар е можно да не си го сака своето дете? Сигурно овој згрешил нешто па го заклал. И ова ти се најекстремните случаеви, посебно вториов случај, подобро да ме убијат него ли да се однесуваат со мене како шо се однесуваат со другар неговите. Некој секојден психички да те малтретира, ама нееее, ние живеме во прекрасен свет каде секој со секој се сака, се почитува, си пружа рука, сите деца имаат прекрасни родители, а доколку не мислат така тогаш тие се виновни и се невоспитани, разгалени.

Никој од нас тука не може да ти помогне.
И ти олесна сега кога го кажа ова? Ејгиди колку паметен испадна, ти завидувам! Девојчето не рече дека мора некој од тука да и помогне, подобро да си пише тука што ја маче, какви проблеми има, ако ништо друго анонимна е. Мислиш дека е подобро да зборува за ова со "пријатели" па да ја озборуваат на крај? Ти барем како модератор треба да имаш малку осет и почит кон членовите, ако ништо друго, да ги задржиш на форумов. Со ова као не можеме да ти помогнеме, шо бараш тука, излева сосем спротивно.

Он топик: @Од друга перспектива види златна, сите сме ги имале тие проблеми. И јас имав проблеми со моите поточно со еден од моите родители, и јас сум се чувствувал беспомошно, сум паѓал во депресија, сум мислел никој не ме сака. Тогаш ги запознав другариве шо ми се сега, сфатив дека некој од нив имаат доста поголеми проблеми од моите па пак се зафркаваат, се смеат и уживаат во животот. Потоа ја запознав и девојка ми. Се си дојде на свое место. Не дека сега животот ми е совршен, и сега сеуште имам некои проблеми со некои од фамилијата, имам нервози на факултет, имам нервози во студентски, значи се вкупно, сите имаат проблеми. Сите си мислат дека нивните проблеми се најстрашни, најмрачни, најнеподносливи. Се оптеретуваме со доста безначајни работи. Се немам слушнато/видено со некои роднини по 100 години, ама тоа нема везе зошто како рекле: роднините не можеш да ги избереш, ама затоа можеш да си ги одбериш пријателите. И верувај, знам колку е тешко да најдиш добри и верни пријатели. Но обиди се, почни да излегуваш надвор почесто, шетај го кучето во парк (не знам сега за тебе зошто си женско, ама имам другар кој има куче и така ги запозна своите две бивши: леле колку ти е слатко кученцето, ово оно, почнува да те прашува нешто и оп, завршија на дејт), па дури и тука на форумов можеш да стекнеш пријателства. Не мисли на проблемите, помисли на сите оние луѓе кои животот не им е совршен, им фали нешто. Ти права здрава (океј, претпоставувам дека си таква) наместо да уживаш во животот паѓаш во депресии и се затвараш дома. Биди малку поведра, зборувај повесели работи, избегавај мрачни теми депресии и слично, зошто верувај сите имаат таков период и не сакаат да слушаат дополнително од некој друг жалење за тоа како животот му е срање. Со тоа жалење пренесуваш само една негативна енергија која ги протерува луѓето од тебе. Почетокот кон целта е најтежок, ама еве, за што и да ти треба ти стојам на располагање, пиши во инбокс за било каков совет и ќе се обидам да ти помогнам :)
ПС. Слушај музика почесто, барем мене многу ми помага кога ќе се разочарам од нешто/некого.
 

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Женскaвa нит е муслимaнкa, нит е депресивнa, a мoжнo е и дa не е ни женскa. Се сеќaвaм нa нејзе/негo oд пo други местa нa нетoв, истaтa прикaзнa е секaде, сo тoчнo истиoт редoслед. Речникoт е тoј, муaбетите се тие. Првo е бoрец зa прaвaтa нa муслимaните и зa вaлиднoстa нa фaктите вo курaнoт, пa кoгa ќе и/му се здoсaди, или ќе се пoјaви некoј кoј дa не речaм ќе и/му јa зaтне устaтa вo муaбетите зa религијaтa, пoчнувa сo депресивни епизoди, мисли зa сaмoубиствa (тoa е следнo) и мрaчни прикaзни. И нa крaј секoгaш aмa секoгaш не знaм кaкo успевa некoј трет дa нaтерa дa зaпoчне "вoјнa" сo aдминистрaцијaтa (кo oвa пoгoре) и пoсле нa критиките и жaлбите кoн aдминистрaцијaтa им немa крaј. Гo немa веќе aлaх, депресијaтa е излеченa, пoстoи сaмo бoрбa зa прaвдa и смрт зa несoвесни мoдерaтoри. И се тaкa дури "oд другa перспективa" "суaдa" или "бебетo бу" кaкo сaкaте не дoбие бaн и не се дoбие мир у кучи.
И нa иљaдa местa дa oдиш и иљaдa никoви дa прoмениш, кaрaктерoт штo си гo нoсиш сo себеси не мoжеш дa си гo сoкриеш.
Јaс сo глaвa гaрaнтирaм декa ликoв сaмo ви гo трoши времетo.
Амa aкo ви е интереснo терaјте.


Уште нештo. Сaмa свoј психијaтaр, сaмa прaви се нa свoјa рaкa, не прaшувaјте oд кaде се лекoвите и не верувa декa нaјбитни се мислите зa кaкoв ви е живoтoт, a oд другa стрaнa блaгoдaрнa е нa психoлoгoт кoј јa убедил декa живoтoт е убaв и верувa декa мислите се тие штo не прaвaт дa се oсеќaме убaвo, сaкaнo и не знaм кaкo.
...Тато и психологот кој ме водат по прав пат, се надевам.
највеќе на Психологот, бидејќи, ме напумпал со самодоверба, ме научи да живеам и што е животот. :igra
И дека трагедија е тоа ако дозволиме додека сме живи да умира жарот и детето во нас. :)
Да дишеме, да не знаеме зошто.
Да тонеме,потонеме ко бродот Титаник, а нема потреба од тоа.
Мислите се тие што не прават нас да бидеме поубави и да зрачиме со внатрешна убавина, харизма.
Мa дaј.
 
Последна промена:

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Да, баш ти се знаеш. Мајка шо си ја продава ќерка си, не дека не ја сака, тоа од задоволство го прави. Татко убива коли деца, ма дај, зар е можно да не си го сака своето дете? Сигурно овој згрешил нешто па го заклал. И ова ти се најекстремните случаеви, посебно вториов случај, подобро да ме убијат него ли да се однесуваат со мене како шо се однесуваат со другар неговите. Некој секојден психички да те малтретира, ама нееее, ние живеме во прекрасен свет каде секој со секој се сака, се почитува, си пружа рука, сите деца имаат прекрасни родители, а доколку не мислат така тогаш тие се виновни и се невоспитани, разгалени.


И ти олесна сега кога го кажа ова? Ејгиди колку паметен испадна, ти завидувам! Девојчето не рече дека мора некој од тука да и помогне, подобро да си пише тука што ја маче, какви проблеми има, ако ништо друго анонимна е. Мислиш дека е подобро да зборува за ова со "пријатели" па да ја озборуваат на крај? Ти барем како модератор треба да имаш малку осет и почит кон членовите, ако ништо друго, да ги задржиш на форумов. Со ова као не можеме да ти помогнеме, шо бараш тука, излева сосем спротивно.

Он топик: @Од друга перспектива види златна, сите сме ги имале тие проблеми. И јас имав проблеми со моите поточно со еден од моите родители, и јас сум се чувствувал беспомошно, сум паѓал во депресија, сум мислел никој не ме сака. Тогаш ги запознав другариве шо ми се сега, сфатив дека некој од нив имаат доста поголеми проблеми од моите па пак се зафркаваат, се смеат и уживаат во животот. Потоа ја запознав и девојка ми. Се си дојде на свое место. Не дека сега животот ми е совршен, и сега сеуште имам некои проблеми со некои од фамилијата, имам нервози на факултет, имам нервози во студентски, значи се вкупно, сите имаат проблеми. Сите си мислат дека нивните проблеми се најстрашни, најмрачни, најнеподносливи. Се оптеретуваме со доста безначајни работи. Се немам слушнато/видено со некои роднини по 100 години, ама тоа нема везе зошто како рекле: роднините не можеш да ги избереш, ама затоа можеш да си ги одбериш пријателите. И верувај, знам колку е тешко да најдиш добри и верни пријатели. Но обиди се, почни да излегуваш надвор почесто, шетај го кучето во парк (не знам сега за тебе зошто си женско, ама имам другар кој има куче и така ги запозна своите две бивши: леле колку ти е слатко кученцето, ово оно, почнува да те прашува нешто и оп, завршија на дејт), па дури и тука на форумов можеш да стекнеш пријателства. Не мисли на проблемите, помисли на сите оние луѓе кои животот не им е совршен, им фали нешто. Ти права здрава (океј, претпоставувам дека си таква) наместо да уживаш во животот паѓаш во депресии и се затвараш дома. Биди малку поведра, зборувај повесели работи, избегавај мрачни теми депресии и слично, зошто верувај сите имаат таков период и не сакаат да слушаат дополнително од некој друг жалење за тоа како животот му е срање. Со тоа жалење пренесуваш само една негативна енергија која ги протерува луѓето од тебе. Почетокот кон целта е најтежок, ама еве, за што и да ти треба ти стојам на располагање, пиши во инбокс за било каков совет и ќе се обидам да ти помогнам :)
ПС. Слушај музика почесто, барем мене многу ми помага кога ќе се разочарам од нешто/некого.
Зошто тогаш во насловот пишува ПОМОШ? И тоа со големи букви, да се знае.
Не биди до толку, и ти и останативе кои даваат совети. Демек ете сега ќе и се помогне со тоа што ќе пишеш ти или некој друг. Кој нормален бара помош на форум? Била во депресија, па што ако била, нема тука да најде помош, се знае каде ќе најде. Земале и пишуваат совети како демек стварно, најпрво види каков е членот па после, дури и да е нормален член јас би рекол дека се глупира. Само ненормален пишува на форум дека паѓа во депресија и бара помош, кажува како му е тешко и слично. И ај сега да се сожалиме ние и да помогнеме, глупости и тоа од оние најголемите.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Јасно е дека се работи за психолошки проблем но не е оној кој е напишан тука, тоа е тролање само, а дека си има мака бројниот јузер си има е сега шо и како не се знае.
Во секој случај Лоботомија би помогнала.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy and Saladin

Од друга перспектива

Член со 30 казнени поени
22 јануари 2016
57
18
1,008
Затоа реков... Избришете ја темата. Ако не можете да ми помогнете со совети и ислушате, немојте да ми одмагате. Истиот речник сегде, истите приказни...
хоуп, јас не се ни сеќавам на бебето бу. Не знам кај сум била со тој ник.
Но нека, НЕ САКАМ НИКОГО ДА РАСКАРАМ... Ниту пак сум со таа намера тука.
Затоа и реков, сум несакано дете и веднаш ги приметувате оние злобни работи во мене, а позитивните никад. Секогаш е тоа така.
Тоа Хоуп, шо си ме цитирала го пишував во време пример кога сум била поведра и насмеана...
А ова со депресијата го пишував кога сум во дно... :)
Најразлични моменти во животот... Најразлични чувствувања... мене расположението ми се менува... А ти ми збориш за некакво си бебе Бу...
плус, јас кажав во темава дека кога малце ми минува овој период на депресии, знам да кажувам дека мислите се тие... Бла, бла, бла...
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Женскaвa нит е муслимaнкa, нит е депресивнa, a мoжнo е и дa не е ни женскa. Се сеќaвaм нa нејзе/негo oд пo други местa нa нетoв, истaтa прикaзнa е секaде, сo тoчнo истиoт редoслед. Речникoт е тoј, муaбетите се тие. Првo е бoрец зa прaвaтa нa муслимaните и зa вaлиднoстa нa фaктите вo курaнoт, пa кoгa ќе и/му се здoсaди, или ќе се пoјaви некoј кoј дa не речaм ќе и/му јa зaтне устaтa вo муaбетите зa религијaтa, пoчнувa сo депресивни епизoди, мисли зa сaмoубиствa (тoa е следнo) и мрaчни прикaзни. И нa крaј секoгaш aмa секoгaш не знaм кaкo успевa некoј трет дa нaтерa дa зaпoчне "вoјнa" сo aдминистрaцијaтa (кo oвa пoгoре) и пoсле нa критиките и жaлбите кoн aдминистрaцијaтa им немa крaј. Гo немa веќе aлaх, депресијaтa е излеченa, пoстoи сaмo бoрбa зa прaвдa и смрт зa несoвесни мoдерaтoри. И се тaкa дури "oд другa перспективa" "суaдa" или "бебетo бу" кaкo сaкaте не дoбие бaн и не се дoбие мир у кучи.
И нa иљaдa местa дa oдиш и иљaдa никoви дa прoмениш, кaрaктерoт штo си гo нoсиш сo себеси не мoжеш дa си гo сoкриеш.
Јaс сo глaвa гaрaнтирaм декa ликoв сaмo ви гo трoши времетo.
Амa aкo ви е интереснo терaјте.


Уште нештo. Сaмa свoј психијaтaр, сaмa прaви се нa свoјa рaкa, не прaшувaјте oд кaде се лекoвите и не верувa декa нaјбитни се мислите зa кaкoв ви е живoтoт, a oд другa стрaнa блaгoдaрнa е нa психoлoгoт кoј јa убедил декa живoтoт е убaв и верувa декa мислите се тие штo не прaвaт дa се oсеќaме убaвo, сaкaнo и не знaм кaкo.

Мa дaј.
Далеку дека има некаков конфликт меѓу членови, едноставно е, се дебатира за проблемот. Едни даваат свое излагање, други свое, кој како сфатил и има поглед на нештата. Никој никого не обвинува.
Мојот став околу ова е универзален, девојката си има проблем кој никој од нас тука не може да и` го реши. Треба сама да се натера дали ќе си ја продолжи истата стара песна што досега си ја тера или па ќе проба да биде подобра личност за себе.
 

Од друга перспектива

Член со 30 казнени поени
22 јануари 2016
57
18
1,008
Во депресија неколку дена еве, под дејство на Миртазапин сум...
Два дена еве нонстоп спијам и се осеќам катастрофа, не сум во состојба една чаша да држам, ми паѓа од раце.
Настрана тоа, не сум во состојба ни да пишувам, ми тежат рацеве... Едвај некако, се чувствувам многу омалаксано, значи тежината ја осеќам...
Миртазапинот го земав на своја рака, без никој да ми го препише и слично. Сама себи -ПСИХОЛОГ/Психијатар. Како го најдов, не ме прашувајте.
Ми се случи нешто чудно кога заспав вчера накај 22h. До еден, после полноќ спиев цврсто и сосема ок... Ама после еден, почнав да спијам будно, односно да си ја чувствувам главата веќе... и да, знам тачно за што размислував, значи си терав мои мисли, како да сум будна, а алармот кој што направив да ме разбуди у 6 сабајле, не го слушнав... Како се десило тоа, еве не знам... А, бев будна, барем така си мислев само со затворени очи. :)

Уствари, не дека неколку дена сум јас во Депресија, во депресија сум со години, ама овие денови од сите години што сум била... Не се осеќам ич добро.
Колку години имаш?
Кој беше тригерот за да станеш депресивна?
Какви се односите дома?
Дечко?
Другарки, другари?
Социјален живот?
Како ти поминува еден ден?
Ако не се премногу интимни прашањава, одговори ми ги...Тие се првите прашања што ќе ти ги постави психологот или психијатарот.
23 Години имам... Никој тука не ме знае, нема што да кријам...
Јас на Психолог сум била... Ама не ми помогна, па си ги земав Миртазапинот на своја рака...
Односите дома во последен период и баш не ми се добри...
Другари/другарки ко и да немам... само 3,4 ми се...
Социјален живот... Цела ноќ на нетов, овде, навака-натака, цел ден го отспив... прееска сум станала од спиење, у 3.
Така ми минува денот, на спиење... Станување, јадење, пиење... компјутер и така :)
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Пa и мене денoт дa ми пoминувa нa нет ќе бидaм депресивен. Рaбoтa не смее дa се нaјде, зaнимaцијa нештo, стрaшнo е тoa.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Svetiot Duh

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
23 Години имам... Никој тука не ме знае, нема што да кријам...
Јас на Психолог сум била... Ама не ми помогна, па си ги земав Миртазапинот на своја рака...
Односите дома во последен период и баш не ми се добри...
Другари/другарки ко и да немам... само 3,4 ми се...
Социјален живот... Цела ноќ на нетов, овде, навака-натака, цел ден го отспив... прееска сум станала од спиење, у 3.
Така ми минува денот, на спиење... Станување, јадење, пиење... компјутер и така :)
Е драга моја затоа велиш дека си депресивна...
Ти не си депресивна, туку ти е досадно...
Без навреда, ама ти немаш живот...
Ако ти цел ден го поминуваш дома, пред компјутер, пред телевизот од соба в соба што очекуваш?
Ти имаш премногу слободно време и затоа ти е досадно....
Излези, дружи се, исполни си го денот од утро до вечер, посетувај некој курс, излези во планина, читај книги, излези на кафе, прошетај низ град-онака без цел без конкретна обврска, излези и прошетај-ќе сретнеш некого кого не си го видела одамна, ќе ти годи свежиот воздух, излези навечер, можеби ќе запознаеш нови ликови со кои повеќе ќе се зближиш, можеби ќе си најдеш дечко...
Миртазепинот се таблети кои не се земаат на своја рака, прво, а второ ти немаш потреба од никакви лекарства...Ти имаш потреба од живот.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin