Да, баш ти се знаеш. Мајка шо си ја продава ќерка си, не дека не ја сака, тоа од задоволство го прави. Татко убива коли деца, ма дај, зар е можно да не си го сака своето дете? Сигурно овој згрешил нешто па го заклал. И ова ти се најекстремните случаеви, посебно вториов случај, подобро да ме убијат него ли да се однесуваат со мене како шо се однесуваат со другар неговите. Некој секојден психички да те малтретира, ама нееее, ние живеме во прекрасен свет каде секој со секој се сака, се почитува, си пружа рука, сите деца имаат прекрасни родители, а доколку не мислат така тогаш тие се виновни и се невоспитани, разгалени.
И ти олесна сега кога го кажа ова? Ејгиди колку паметен испадна, ти завидувам! Девојчето не рече дека
мора некој од тука да и помогне, подобро да си пише тука што ја маче, какви проблеми има, ако ништо друго анонимна е. Мислиш дека е подобро да зборува за ова со "пријатели" па да ја озборуваат на крај? Ти барем како модератор треба да имаш малку осет и почит кон членовите, ако ништо друго, да ги задржиш на форумов. Со ова као не можеме да ти помогнеме, шо бараш тука, излева сосем спротивно.
Он топик:
@Од друга перспектива види златна, сите сме ги имале тие проблеми. И јас имав проблеми со моите поточно со еден од моите родители, и јас сум се чувствувал беспомошно, сум паѓал во депресија, сум мислел никој не ме сака. Тогаш ги запознав другариве шо ми се сега, сфатив дека некој од нив имаат доста поголеми проблеми од моите па пак се зафркаваат, се смеат и уживаат во животот. Потоа ја запознав и девојка ми. Се си дојде на свое место. Не дека сега животот ми е совршен, и сега сеуште имам некои проблеми со некои од фамилијата, имам нервози на факултет, имам нервози во студентски, значи се вкупно, сите имаат проблеми. Сите си мислат дека нивните проблеми се најстрашни, најмрачни, најнеподносливи. Се оптеретуваме со доста безначајни работи. Се немам слушнато/видено со некои роднини по 100 години, ама тоа нема везе зошто како рекле: роднините не можеш да ги избереш, ама затоа можеш да си ги одбериш пријателите. И верувај, знам колку е тешко да најдиш добри и верни пријатели. Но обиди се, почни да излегуваш надвор почесто, шетај го кучето во парк (не знам сега за тебе зошто си женско, ама имам другар кој има куче и така ги запозна своите две бивши: леле колку ти е слатко кученцето, ово оно, почнува да те прашува нешто и оп, завршија на дејт), па дури и тука на форумов можеш да стекнеш пријателства. Не мисли на проблемите, помисли на сите оние луѓе кои животот не им е совршен, им фали нешто. Ти права здрава (океј, претпоставувам дека си таква) наместо да уживаш во животот паѓаш во депресии и се затвараш дома. Биди малку поведра, зборувај повесели работи, избегавај мрачни теми депресии и слично, зошто верувај сите имаат таков период и не сакаат да слушаат дополнително од некој друг жалење за тоа како животот му е срање. Со тоа жалење пренесуваш само една негативна енергија која ги протерува луѓето од тебе. Почетокот кон целта е најтежок, ама еве, за што и да ти треба ти стојам на располагање, пиши во инбокс за било каков совет и ќе се обидам да ти помогнам
ПС. Слушај музика почесто, барем мене многу ми помага кога ќе се разочарам од нешто/некого.