Сакам да кажам/Сакам да прашам

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Значи ептен мрчатор имам станато, ама морам да кажам.
Абе барем да смислевте сами некоја порака за Божиќов...
Денес од 30 пораки кои ми стигнаа 10 пораки, од различни луѓе, а во нив различна само по некоја запирка, или наместо голема буква, мала оставиле во препишувањето...
Најсмешни ми беа едни другари. Маж и жена. Едниот ми пратил порака во 00:10 во која е напишана пораката за Христос кој ноќта ќе дојде на моите врати, истата порака ми ја испраќа жена му во 6 наутро, ама...ноќта мината е... :)
Е не ви враќам.
Ме мрзи и мене да барам честитки по интернетов.
И речете што ќе речите, најубавиот дел од празников е кога ќе се присетите на песната од Златно Славејче.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Сретни божични благдани граџанству православних заједница чије цркве још увек фурају јулијански календар.:)

Друго шо знам, не е тајна дека имам скромни познавања од музиката ама бендот со име Блонди, нешто пауер-поп,пост-панк,њувејв или каде и да се на музичкото небо од времето коа умирал тито а пистолси се предозирале - се дефинитивно најдобар бенд во овој дел од галаксијата. Тоа е аксиома и не трпи реплицирања :zelen
Никогаш не фејлнале да ми измамат широка насмевка и за тоа сум благодарен на Дебора Хари и нејзиното друштво.
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
За многу години празников, убаво да си го прославите со фамилија, блиско друштво, мир, слога и југомагнат.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Redhead and Ghtalpo

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Оно и мене ми е првпат да менаџирам фан страна, ама па има ликови што се на самото дно на информатичкото дно. :frantic
Apparently, на хоумпејџ од страна секогаш стои статистика за страните што ги средуваш, па така, неделава ЦБ форумов има цели 10 прегледи од цели 2 души... ваљда од мене и Иџо. :D
Сликовито:
6UvMZ.jpg

Другаркава: Ееј, кој се верил дај да видам.
Дури да скопчам кај гледа: .... абе, од фан страна прегледи...
- Ако де, почнаа сите за празнициве да се венчаваат, дај да видиме кои се младенците.
Are you fucking shitting me? :^)
Ја оставив да кликне. Беше благо разочарана од резултатот. :D
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Мразам кога дедо ми е присутен во собата и кога за него се прави муабет во трето лице. Добро, имаше мозочен удар и не зборува ама EБAНО СЕ ТРУДИ!!! Не можам да молчам кога го гледам како се тресе од нервоза затоа што сака да зборува, а не може. Свесен е дека ако отвори уста ќе истресе рандом зборови што му се провлекле низ глава и прекина да зборува. Единствена комуникација сум му јас и си го сакам каков и да е. Тоа е дедо ми кој ми раскажуваше приказни за титовото време, за комунистичките идеи, за Карл Маркс, за подемот на капитализмот... тоа е дедо ми чии што приказни за ламјите и неопеаните јунаци ме заспиваа. И откако се изнервирав поради фактот што третманот кој го добива од цела фамилија е ко да се зборува за кактус кој јаде, прди и сере, се испокарав со сите и си добив коментар дека јас сум бил олицетворение на дедо ми и уште поголем инает од него кој патем бил своевремено најголемиот инает кој што постоел.
Па што бе? Поарно ќе бидам како него, човек кој секогаш цврсто стоел на своето отколку старо прдало што ќе се крсти на иконите и ќе моли бога да му ги прости гревовите. Поарно ќе бидам како него, човек кој не се срамел никогаш да се искаже и да си го каже своето отколку некое дрто старче скичмено во количка кое го минало животот служејќи и` на бирократијата. Ебате вечерата божиќна фамилијарна.

На крај добив и коментар дека сум лошо влијание на малиот братучед затоа што му се наострив што не знае да множи до десет и да пишува читко на 8 години. Последна фамилијарна вечера ми беше ова.
 

Kisserboy

Староседелец
6 март 2012
2,451
3,796
1,153
29
Битола
Едно рандом прашење
Дали паричките што ни се паднале за Василица(ние од БТ вртиме замо за Василица) од порано што ни се паѓале смеат да се користат за нешто или само се чуваат ? Оти јас имам едно 8 парички шо ми се паѓале изминатите 20 години хаха :D ?