Ако сакаш да си олесниш, нема зашто на друг да се наметнува улога на лош момак што ти ускратил право да пишуваш. Наједноставно е да престанеш да се логираш, како и многуте што се откажале од форуми без толкава галама.БАНОТ ЌЕ МИ БИДЕ ОЛЕСНУВАЊЕ,верувала или не...а и за вас овде, куртул од мене.Толку
Што се однесува до нас, мала улога игра куртулот. Со два клика се решава. Само е неубаво човек да треба да трча по лик постојано за да може да се одржи некаков ред. Исто е како да собираш играчки во кошница по дете, а тоа пак да ги расфрла позади тебе... и така цел ден, секој ден.
Ти си научила да водиш инает дури не истераш по твое. Може ти пали тоа кај домашните, ама овде доброволно (хинт: значи не земаме плата) сме прифатиле да средуваме, не е ко кај вас да не плаќаат од пациент, па да си свиркаме со денарчињата за секое бришано мислење или казнен поен.
Возрасна личност си. Ако за некој сметаш дека е зелен, треба да направиш да се засрами од тоа на зрел начин, да го заќутиш со квалитетно мислење, па да не му текне да се логира од срам што нема да знае што да врати. Ти одиш по ист терк со надеж дека тој некој ќе попушти. Not gonna happen.