Зa дoбрoтo нa семејствoтo...

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Гледaв еден филм кaде глaвниoт лик е oпседнaт сo прoфесијaтa (писaтел нa крими рoмaни спoред вистински прикaзни) a негoвaтa женa е прoтив тoa зoштo мисли декa времетo штo спoред нејзе зaлуднo гo трoши нa пишувaње и истрaжувaње, мoже дa гo пoмине сo негoвите децa.
Тoј се oбидувa дa и кaже декa рaбoтaтa му претстaвувa зaдoвoлствo и не сaкa дa се oткaже oд неa и плус oд тaму гo вaди лебoт зa семејствoтo, a тaa е уверенa декa ништo не е пoвaжнo oд семејствoтo и мoментите пoминaти сo негo, и декa тaквите прикaзни влијaaт лoшo врз рaзвoјoт нa нивните децa.

И тукa нaстaнувaaт рaспрaвии и прoблеми, секoј е убеден декa е вo прaвo и декa другиoт мoрa дa гo прифaти тoa пo секoјa ценa...

И сегa јaс пoчнaв дa гo рaзбирaм мaжoт. Вaљдa стaпувaњетo вo брaк не е крaј нa живoтoт и крaј нa сите желби и зaдoвoлствa.
Oк е дa се нaјде некoјa срединa, нo не и сoсемa чoвек дa гo жртвувa oнa штo гo испoлнувaлo дo пред тoa, зa дa сегa имa хaрмoнијa вo дoмoт.

Дaли е себичнo oд едниoт пaртнер дa бaрa другиoт дo крaјoт нa живoтoт дa биде пoсветен сaмo и сaмo нa семејствoтo, дa зaбoрaви нa се oнa штo не се сoвпaѓa вo прикaзнaтa зa еднo хaрмoничнo семејствo, или вo брaкoт тoa се нoрмaлни рaбoти кoи требa дa се случaт и прифaтaт и кoј не мoже дa гo рaзбере тoa, никoгaш немa дa биде дoбaр пaртнер и рoдител, себичен е и гледa сaмo нa свoите пoтреби?

Кoјa стрaнa е себичнa и дaли и кoлку чoвек требa дa се жртвувa вo брaкoт?

Бирaње нa нaслoв секoгaш ми билo прoблем, пoдoбaр не мoжaм дa смислaм, мислете и сменете гo.
 

Io Sono

Староседелец
27 јуни 2015
422
431
673
A Galaxy far, far away...
Ако не можеш да го поддржиш партнерот во тоа што го прави и што го исполнува, не стапувај во брак со него/неа. Секој човек си има свои опсесии и работи што го прават среќен, му даваат некаква смисла на неговото постоење. Одземи му ги тие работи и веќе не е истиот човек. Семејството е на прво место, си бара жртвување и одрекување од одредени работи на сметка на други, затоа што слободното време се намалува со обврските. Човек што е одговорен сам ќе си најде баланс помеѓу работите.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Зависи и од средината, во места како Хунзистан стварањето семејство е доволно тешко и без дилеми кои се типични за поразвиени средини.
Проблемот е што денот има 24 часа а со захтевна работа која го исполува човекот (која и онака е екстремно редок случај) и со сопруга и две деца и сите ситуации кои ги захтева системот... тешко дека би се нашол некој баланс, не верувам, ќе мора да се жртвува или односот со децата или со сопругата или ќе трпи кариерата.

Во случајот со филмот, типот би имал предност затоа што не патува на работно место, не губи време да се спрема за на работа, не куца картица - тоа се огромни предности и времето кое го добива на тој начин би можел да го посвети на децата...
Во секој случај не би смеело по дифолт некој да поставува услови и да го ограничува партнерот, без разлика дали му се допаѓа или не начинот на кој ја изразува својата индивидуалност.
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Таквиот вид посесивност (не ми текнува подобар збор моментално) и потреба за контрола претежно се среќава кај луѓе што немаат хоби, немаат многу интереси и имаат слободно време за извоз кое не знаат на што да го искористат. Најголемиот сон им бил да створат деца и сега сметаат дека светот треба да застане и да се врти само околу него/неа и децата. Истите, при претек на време, ќе почнат да си прават и триста филмови дека партнерот среќата ја бара на друго место, они не се доволни и така во круг ќе се бедираат дури не пукне филмот.
Нормално дека секој ќе сака внимание, ама човек знае да биде и доста себичен.
Лично, мене ме гушат така монотони личности, сконцентрирани кон едно нешто само.
Нема со нив теми за муабет. Што? Детето како прошло во школо и за временска прогноза...
 

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Пример, да кажеме дека се работи за страствен навивач на некој клуб. Си навива од мал за нив, не пропушта ни една утакмица, навикнат е на тоа, нормален дел му е од животот и сега доаѓа време да се ожени и да има деца. И клубот му игра во недела, а недела според жена му е ден кога целото семејство е слободно и треба да се руча заедно. И сега, сакав да прашам правилно е да гледа натпревар или да руча со семејството после една цела напорна работна недела каде никој со никој салам не се видел?
 

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153
Пример, да кажеме дека се работи за страствен навивач на некој клуб. Си навива од мал за нив, не пропушта ни една утакмица, навикнат е на тоа, нормален дел му е од животот и сега доаѓа време да се ожени и да има деца. И клубот му игра во недела, а недела според жена му е ден кога целото семејство е слободно и треба да се руча заедно. И сега, сакав да прашам правилно е да гледа натпревар или да руча со семејството после една цела напорна работна недела каде никој со никој салам не се видел?
Некогаш ќе оди на натпревар, некогаш ќе остани да руча со семејството. А некогаш ќе го поместат ручекот покасно, после натпреварот.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Којзнае, пример се жени чоек со некоја и после дознава дека е фан на Ренџерс...
Not very likely scenario though. The Rangers part, that is...:zelen
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Некогаш ќе оди на натпревар, некогаш ќе остани да руча со семејството. А некогаш ќе го поместат ручекот покасно, после натпреварот.
Или ќе одат да ручаат на стадион. Така најдобро. Затоа јас сакам жена што следи спорт. :)