Насилство во породувалиштата

BioTrpe

Истакнат Член
29 октомври 2015
252
173
143
Свесен си дека не само тие што пораѓаат се лекари, така?
Што е со оние што оперираат тумори, мозоци и срца, местење скршени коски, давање (лоша) терапија за леукемија, да речеме, итн.?
Или и тоа дома со тревки ќе лечиме, врз скршениците ќе кршиме јајца, а наместо рентген ќе се консултираме со јасновидци?

Се забега од темава него...
Јас имам стрина-акушерка. Знам дека си дреме на смена, дома си носи тампони, бикчиња, лекови... а труднициве пред пораѓање ги средува по 3-4 со еден ист брич. Меѓу нив била и самата мајка ми. Жени со какви инфекции излегуваат од прави и здрави...
Ги оставаат расчепатени во студено со саати, си пијаат кафе и оговараат која смрдела, која како се дерела, итн. дури женава кине конци.
Како ви е тоа нормално? Никој не бара постојано висење над глава (иако кај некои треба, ако е плодот во опасност), ама бар достоинствено нека е.
Во Швајцарија истерале лекар пошто рекол на пациентка дека слухот ѝ бил слаб поради нечисти уши. Ееј, дијагнозата што ја кажал на (за пациентот) навредлив начин. Овде битно да не умре родилката/пациентот, па голема работа низ што минува...
Пак ке ја вметнам темата вегани. Ако се храним здраво нема да дојде до тумори, срчеви болести, мозочни удари, а со тоа секако дека нема да има потреба од операции или операнти. За скршеници ... не знам дали си слушнала за алтернативна медицина? Како порано местеле коски ?
И пак ке споменам дека ние совршените битија не можеме да се помириме со скршеница, а што е со кутрињата што секој ден кленѕаат на едно ноже, или што е со гулабите во центар кои одат без прсти на нозете..
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Не е насловот стравотен, стравотна е ситуацијата во болниците. Не читам тука на форумов прв пат во животов за несоодветното однесување на вработените кон пациентите.
Да, лошиот однос на вработените во болниците кон своите пациенти (не само во породувалиштата) ми влева толку голем страв, што на моменти се двоумам дали дете да имам. Или во најмала рака, наместо да се радувам на тој период од животот, гледам со огромен страв и го одложувам (со надеж дека во меѓувреме ќе се отселам и ќе можам да се породам во друга држава) тој момент плашејќи се дека можеби ќе го изгубам животот (или моето дете) поради нивната недоволна едукација и сериозност, или пак, во најмала рака, ќе излезам со страшна траума поради нивниот однос.
Едноставно е, не само за тебе, за сите. Ако сакаш дете треба прво да се отселиш, па после дете. Иначе можно е да ти кажат дека не си трудна иако стомакот ти е огромен.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo and BioTrpe

BioTrpe

Истакнат Член
29 октомври 2015
252
173
143
Кажи ми молимте како ке се пораѓаш дома..ове е друга тема ама навистина ме интересира??
Мора да има некое стручно лице, стерилни инструменти или ти ке ја скинеш сама папочната врпца со заби, во случај ако дојде до некој проблем што ке правиш или и тогаш нема да бараш брза лекарска интервенција???
Абе ако треба нека се наредат и сто доктори и нека бленат дали ми е голема ко Постоинска јама и дали ми била права или крива, Јас никогаш не би се осмелила да се ставам на ризик да се пораѓам дома, а и мојата фамилија не би го дозволила, попрво на психијатар би ме однеле.
Такво мислење имаш бидејки немаш видено вакво породување и дали тоа поминало успешно, затоа што тргнуваш со предрасуди кон ваквиот вид на породување, затоа што мислиш дека е ризик (понатаму во страна 9 имаш пишано за сообракајот и слично, и тоа е ризично исто така како што велиш па пак си изложена секојдневно), затоа што гледаш како би ти рекла фамилијата, дали таа би те прифатила по породувањето, дали ке те отфрлат, дали нема да те поддржуваат натаму и слично. Тоа е сосема твоја одлука (секако и на таткото) .. ако мислиш дека бабетини од пораните години на предходниот век знаат нешто друго освен традиција (со тоа што би те пратиле на психијатар ако избереш породување дома) тогаш слушај ги и не оди на психијатар.
 

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Такво мислење имаш бидејки немаш видено вакво породување и дали тоа поминало успешно, затоа што тргнуваш со предрасуди кон ваквиот вид на породување, затоа што мислиш дека е ризик (понатаму во страна 9 имаш пишано за сообракајот и слично, и тоа е ризично исто така како што велиш па пак си изложена секојдневно), затоа што гледаш како би ти рекла фамилијата, дали таа би те прифатила по породувањето, дали ке те отфрлат, дали нема да те поддржуваат натаму и слично. Тоа е сосема твоја одлука (секако и на таткото) .. ако мислиш дека бабетини од пораните години на предходниот век знаат нешто друго освен традиција (со тоа што би те пратиле на психијатар ако избереш породување дома) тогаш слушај ги и не оди на психијатар.
Извини многу, но за предрасуди те околу породувања и бременост, сепак со машко не би разменувала мислења! Машко си нели!???
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Стравотна е ситуацијата и на улиците, во сообраќајот...е ај сега да не идеме на работа, да не излегуваме од дома, од страв да не добиеме страшна траума ако не удри кола:rofl
Сега стварно ке помислам дека овие коментариве ви се само провокации а не вистински мислења, не е можно да се реални оти се многу сулуди..и некој рече квалитетна дискусија и дрн дрн:rofl
Дај молим те споредбиве ти се која од која....
Патолошки дадаизам, демек браниш нечива кауза за продадени квази-конформистички популизам.
Споредуваш реалност на клиникиве со возможност на несреќен случај.
Ете ти го постот на Електра во вториот дел ти отсликува одредена реалност. А се кладам не е една и единствена.
Страшното е што пореален муабет е да ја споредуваш возможноста да останеш излечен откако ќе излезеш од болница со возможноста да останеш читав додека поминеш на улица.

Сеа вака најсериозно те прашувам, иако одам малку офтопик: Кога последен пат си била на клиника?
 

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Дај молим те споредбиве ти се која од која....
Патолошки дадаизам, демек браниш нечива кауза за продадени квази-конформистички популизам.
Споредуваш реалност на клиникиве со возможност на несреќен случај.
Ете ти го постот на Електра во вториот дел ти отсликува одредена реалност. А се кладам не е една и единствена.
Страшното е што пореален муабет е да ја споредуваш возможноста да останеш излечен откако ќе излезеш од болница со возможноста да останеш читав додека поминеш на улица.

Сеа вака најсериозно те прашувам, иако одам малку офтопик: Кога последен пат си била на клиника?
Секој ден, таму работам.
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Трпе, добро не ја врти темата на веганство. Насловот е сосем друг, содржината на темата е сосема друга. Имаш тема за вегани и вегански муабети, пишувај таму ако ти се пишува за веганство.
 

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
Не би рекла дека е насилство тоа што се случува кај нас ама изживување да.
Прво нема никаква хуманост ниту грам човечност во 80% од вработените таму, па повеќе внимание ќе му посвети ветеринарот на едно маче отколку тие на човек како што треба. Јас се породив на клиника, персоналот близу катастрофа, со исклучок на оние сестри кои волонтираа таму и еден доктор.
И не, никој не бара посебен третман, ниту тинтрење, болките секој сам ќе си ги истрпи и поднесе ама толку ли тешко да бидеш малку љубезен, да објасниш, да охрабриш жена која дошла да роди, можеби за првпат, несвесна што ја чека, збунета, исплашена и во болки наместо да и се развикуваш зошто плаче, зошто нешто прашала или зошто сега и текнало да повраќа...да, мене ми се дереше сестрата зошто не можела да ми направи цтг бидејќи станував да трчам во вц да повратам од што имав јаки болки, што дополнително ме изнемошти. Кога прашав зошто толку многу крварам и дали е тоа нормално еден доктор ми се изнасмеа во фаца и ми рече а ти што сакаш, оди таму и чекај да се отвориш и не туку прашувај глупости. Со саати измачување на бокс, непотребно, се гледаше дека нема шанси да се породам природно од х причини и тие знаеја ама сепак ме оставија цела ноќ на бокс, повремено ме стискаа и ми скокаа една сестра и докторот на стомак, за на крај да го дочекам и докторот од прва смена. Тој кога виде дека јас веќе се губам и дека е критична работава и за бебето конечно кажа хитно во сала да ме носат на царски. Постпородилниот престој ми беше горе долу ок, и тоа најмногу благодарение на две жени што беа со мене во соба кои ми помагаа и ме учеа како треба околу бебето, тогаш уште не беше пуштен ни новиот дел од болницата па бевме 6 или 8 , не се сеќавам точно.
И пак да ги споменам оние сестри волонтерки што беа, само тие поминуваа повремено да видат дали нешто треба и баш со задоволство си ја вршеа работата, најверојатно сеуште нерасипани од целиот тој систем што владее таму.
 
Последна промена: