За лекарски грешки можевме да отвориме тема, дури и јавно со име и презиме да си ги кажеме докторите кои се огрешиле во својата специјалност, кои загрозиле живот, посебни изолирани случаи, ни цело здравство комплет да се тура како нефункционално и дека нема напредок со унапредување на опрема, кадар и др. е друго прашање на кое нема везе едно со друго.
Штодека се унапредува опремата кога кадарот е идиотски? Односот ужасен?
Еве кога веќе ме праша погоре, жена ми имаше добар третман првите два пати во породилно бидејќи бабиците уште што не им паркирав по едно Пежо пред болница. Првиот ден избезумен од среќа не им дадов ништо, не ја ни погледнале, потоа постарите ме поучија, па отидов со пари, подароци, виски, и потоа ја гледаа како кралица.
Унапредување на здравството... еве да ти кажам право, направија нова измена во законот, и јас не можам месечно да земам доволно апчиња, колку што ми се препишани од доктор, бидејќи не дозволува системот. И? Тоа добро е?
Еве ти уште еден „изолиран пример“.
Доктор Лазе на пластична хирургија пред неколку месеци оперираше девојче на градата од кожна циста. Ѝ умртви крвни садови. Девојчето несвесно за тоа што ѝ се случува, следејќи ги упатствата за 15 дена да ги извади конците на друго место бидејќи типот заминувал на одмор, си ги вади конците, после 2-3 дена ѝ се отвара жива рана на местото, прави ургентен упат, оди кај докторот што му бил на замена на Лазе, и е брутално избркана од ординација, не била негова одговорност, одговорност на Лазе била, па ја натераа да го чека докторот да се врати од пат, со отворена жива рана на неа. Нормално, не чекаше, отиде во Систина, и моментално ја правеше третата операција за да успеат да ги „оправат„ сите грешки на докторот.
Знаеш ли колку вакви случаеви има? Тоа ти зборува за добро здравство? Мене не.