Дали сте задоволни од нашето здравство?

●Untouchable°

Староседелец
24 август 2015
1,183
1,132
1,133
@existence ми ја уκρаде мислата..
Κаκво здρавство мајκо мила!!
Κаκва бρза помош.. Додеκа неκој чеκа давајќи душа неκој со таа БΡЗА ПОМОШ пρевезува дρва за огρев и цевκи за нова инсталација за по дома!!
За новите објеκти (пρетежно во сκопје) алал да им е, стρите во СΚОПЈЕ што се обновиле. Навистина сеκоја чест ама апаρатите не лечат луѓе, κадаρот тρеба да знае κоја е дијагнозата па соодветно да ги κоρисти апаρатите.
Што аκо болниците се уρедени по светсκи стандаρди κо све што е внате е со диплома со паρи κупена, пρеκу пρијатели или со бубица в уши!!
Аманте бе!
Од ΚАДАΡОВ во здρавствово имам ЈАС лично видено само хоρоρ зошто се е неписмено. Ама битно земаат највисоκи плати.
ЖИВОТИ СПАСУВААТ :banghead
За тоа што уρедувале што гρаделе алал неκа им е ама за да е се κаκо што тρеба неκа го вρатат нашиот κвалитетен κадаρ од стρанство!
 
diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Не знам што е убаво во здравствениов систем што толку запињате со тие убавите работи. Прво нешто е што освен Скопје, сѐ друго е оставено на милост и немилост. Во малите гратчиња брзата помош изиграва меѓуградска такси служба пренесувајќи пациенти по 50+ км. за да може да ги стават на итна нега, да ги оперираат за ситници, трудници патуваат низ градови затоа што пола Македонија нема акушерско одделение... битно има „Ало докторе“, револуционерната алатка „Мој термин“, донесени се нови апаратури (хехе, ова „нови“ е најјако) без обучен кадар, реновирани се три болници кои што ги топорат којзнае колку пати ко нуклеарни централи да направиле... и толку. Пола кадар способен си фати странство затоа што видоа колку чини овдешниот систем, другите скапуваат тука на штрек да не им дојде Нино и да ги фати како седат во канцеларија во 4 ипол сабајле.

Грижата е посебна прича, да не дојде ред да лежиш во болница. Најгрозниот случај што го видов дур јас лежев беше кога еден дечко со оперирани бубрези не можеше да стане и викна сестра за да му наполни вода... па оваа кога почна да го лепи со епитети и да му кажува бајки, милина да слушаш.
Дали можеш да ми одговориш кога Македонија имала добро здравство, дали во екс Југославија, после распаѓање,пред 15 год, сега...одговори или ако сакаш да правиме паралела, што имало здравството, со која апаратура се располагало порано и сега, ајде ќе правиме споредба ако сакаш, мината и сегашна состојба.
 
existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
А ај да правиме паралела кога во малите градови барем имало лекари, може? Јас не велам дека пред нив здравството цветаше, ама тогаш барем имаше во помалите места болници кои функционираа, амбуланти, итна помош и сл.
Апаратурата треба да се обновува и да се носи нова и со тоа не трба да се фалат затоа што им е тоа обврска. Казнениот систем на Нино го дотепува целото здравство, исто и тие дебилните „Ало докторе“ и „Мој термин“. Друга работа е непотизмот кој што се фура. Трета работа е распределбата на средствата на здравствениот фонд кој што дозволува луѓе да губат надеж за живот додека некој изиграва добротвор кој што се грижи за народот со тоа што сменил прозорци.

Македонија сега има катастрофално здравство и никогаш нема да го побиеш тоа па ако сакаш и цела чета донеси.
 
А на каква тоа чета мислиш???Ај еве ти една, да оладиш малку:)
0_b345f_918ce054_L-.gif
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ●Untouchable°

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Ако се вратиме 10тина год. наназад,и направиме споредба ќе видиш дека постои разлика со подобрување во здравствениот систем.Тоа дека се случувале смртни случаеви,и ред други непожелни работи,никој не го поречува тоа,но гледајки во генерална смисла,дефинитивно постои разлика.На прво место,поедуциран кадар,вакцини,реконструкција на стари објекти,изградба на нови,нови апарати итн.Ништо не е бриљантно,но сепак споредба со порано неможе да се прави.Кога кажа скоро нема фамилија со некоја хорор приказна.Не викам дека немало.И јас сум сведок на една таква хорор приказна далечната 93'.Многу добро ми е познато и тоа.Но сведок сум и на една поинаква ситуација што ми се случила во блиско минато.Не би тука јавно да ти објаснувам за деталите но ништо не кажувам на памет.Едноставно задоволен сум од последниот гест на медицинарите и затоа го искажав моето задоволство од истите.Значи ако ме разбираш убаво ќе сфатиш дека исклучиво гледано од мој аспект пишувам,а не од твој.Тебе ако те измачуваат деновите изгубени во твојата подрачна губитничка единица,јас или било кој друг од форумот,не ти е виновен.А кој знае и колку ќе трае.

Да ископа око на мало бебенце,некој со или без дуплирање на некакви субвенции,може да го стори морон како тебе,што лечи комплекси на форумот,сакајки да докаже колку е тажнобесен поради неговите лузерски денови,месеци и години,и години.Еех,не се нервирај,можеби и ти некогаш ќе славиш победа,АКО дојде и тој ден.

Во средниот век умирале од офтика, да живее пастирот!
Подобрување има за разлика од пред десет години само во умот на партиските психопати, во реалноста има доместос во вени, ослепени пациенти, мртви бебиња, алкоси кои убиваат родилки, дечиња кои умираат во агонија чекајќи пари од фондот кои никогаш нема да стигнат, невидена корупција и некадарност, евакуација на асален кадар, отварање на центар за респираторна нега на деца во најзагадениот град во европа и слично...

Навредите се знак дека сум фина, нормална па дури и феноменална личност, не е којзнае каков репер, но би бил сериозно загрижен доколку такви ликови (како твоето бесмислено постоење на планетава) би имале позитивно мислење за мене, се додека социопатите имаат хејт кон мене тоа значи дека е ок.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy, malo and Altaïr

corki

Староседелец
21 декември 2013
542
449
1,073
Во средниот век умирале од офтика, да живее пастирот!
Подобрување има за разлика од пред десет години само во умот на партиските психопати, во реалноста има доместос во вени, ослепени пациенти, мртви бебиња, алкоси кои убиваат родилки, дечиња кои умираат во агонија чекајќи пари од фондот кои никогаш нема да стигнат, невидена корупција и некадарност, евакуација на асален кадар, отварање на центар за респираторна нега на деца во најзагадениот град во европа и слично...

Навредите се знак дека сум фина, нормална па дури и феноменална личност, не е којзнае каков репер, но би бил сериозно загрижен доколку такви ликови (како твоето бесмислено постоење на планетава) би имале позитивно мислење за мене, се додека социопатите имаат хејт кон мене тоа значи дека е ок.

Незнам зошто мислиш дека секогаш си во право?Можеби таа ти е маана од роџење!?Јас веќе си го кажав мојот став и мислење.Ама очигледно тебе не ти штима нешто,не ти се свиѓа мојот став,што се обидуваш да ми докажеш,незнам?Можеби сакаш да го сменам мислењето за тебе,кога почна да ми се објаснуваш дека си бил некаква фина личност,уствари феноменална!
Личности што знаат убаво да вреѓат по форумот,ма и по дома,за таквите личности не се вика дека се фини,тие се викат идиоти.
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Незнам зошто мислиш дека секогаш си во право?Можеби таа ти е маана од роџење!?Јас веќе си го кажав мојот став и мислење.Ама очигледно тебе не ти штима нешто,не ти се свиѓа мојот став,што се обидуваш да ми докажеш,незнам?Можеби сакаш да го сменам мислењето за тебе,кога почна да ми се објаснуваш дека си бил некаква фина личност,уствари феноменална!
Личности што знаат убаво да вреѓат по форумот,ма и по дома,за таквите личности не се вика дека се фини,тие се викат идиоти.

Ништо јас тебе не ти објаснувам, никогаш не би се ставил во таква нелогична позиција, тоа е само едноставен заклучок, како што денот природно го менува ноќ и обратно.
Што повеќе хејт од зли особи - тоа подобро.
А зли особи се оние на кои здравствениот систем кој убива на големо, на ангро, секојдневно ги полни гробиштата со деца, мајки и пациенти кои никако не смееле да умрат во 21.век - им е супер...

вива ла субвенсион !
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin and malo

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Па ај фали да е полошо од пред 10 години. :eek
Во време кога технологијата се менува со брзина на светлината, никнуваат нови методи и е сосема очекувано да се оди напред, вие споредувате дека пред 10 години било полошо? Апаратите од 60ти ги заменивме со апарати од 80ти. Прикрпувај дури држи апаратот, па стави малце понов кога ќе пукне.
Во време кога, човек кој сака да научи, може на интернет да најде операции на отворено срце, чекор по чекор, „врвните и квалификувани доктори“ пијани шијаат родилки и им ги забораваат газите во стомак. Напредок и пол.
Ко вака да не беше доволно што не примаа пациенти за да скитаат во работно време, вооведоа и Мој Термин каде испаѓа дека имаат по 10ина слободни места месечно. Човек со 60+ години, од некое село по малешевијата, за кого интернет е мисловна именка, треба секој ден да виси кај матичниот за да му гледа дали битниов во Скопје пуштил слободни термини.

Од влегување во пубертет, еве речиси 10 години и илјадници исфрлени евра по лекари, сама си открив дека најверојатно лактоза ми пречи на организмот.
Не збориме за лекар-два, туку за секакви „специјалисти“ што ми даваа илјадници антибиотици, третмани што ми го испосушија лицето и ми оставија по некој белег, литри издадена крв за јас да им кажувам што хормони би требало да проверат (и на крај пак по свое тераат, проверувајќи едни исти, иако веќе сум однела дека се проверени... па ми остануваше да кријам вени за да не изгледа ко редовно да се фиксам), триста еха на надбубрежни жлезди, па дури и алтернативна медицина... еден, бар еден да успееше малку да помогне.
- Што имаш досега правено?
- Тоа, тоа, тоа... (тука почнува да заминува со паметот во друга димензија)
- Епа, пробај ова.
- Ерм, имам пробано?
- А, да... епа, што мислиш дека ти пречи?
Ти дојдов тоа да ми откриеш!

И ајде, ова не е ни страшно или опасно по живот. Што ако утре отиде некој со тумор? Ќе го прашаат зошто мисли дека го има?
 
diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Ништо јас тебе не ти објаснувам, никогаш не би се ставил во таква нелогична позиција, тоа е само едноставен заклучок, како што денот природно го менува ноќ и обратно.
Што повеќе хејт од зли особи - тоа подобро.
А зли особи се оние на кои здравствениот систем кој убива на големо, на ангро, секојдневно ги полни гробиштата со деца, мајки и пациенти кои никако не смееле да умрат во 21.век - им е супер...

вива ла субвенсион !
Од каде ти се само податоците дека секојдневно се полнат гробиштата со деца, мајки и пациенти!?? Сигурно од пг"Бутел"не ти ги дале овие морбидни лажни податоци што ги изнесуваш!
Ниедна будала нема да ти поверува во вакви глупости.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: corki

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Од каде ти се само податоците дека секојдневно се полнат гробиштата со деца, мајки и пациенти!?? Сигурно од пг"Бутел"не ти ги дале овие морбидни лажни податоци што ги изнесуваш!
Ниедна будала нема да ти поверува во вакви глупости.

Полн е реалниот живот со такви примери, има скоро секојдневно и по медиуми а може да припомогне и google.com. Нетот не служи само за курир.ком. Тука се и сеприсутните собирања пари за разни операции и процедури по социјални мрежи и по локални канали. А тек оние кои не се експонираат во својата болка и шок поради губење на некој близок.
Не се сомневам дека постои барем еден ден кој за среќа не завршил со беспотребна смрт на пациент, да речеме на 17.април 2013 никој не умрел - но реалноста е таа.

Дистанцирањето од реалноста е една од основните особини на социопатите.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo