Трамп, жити се немој да бидеш само Доналд.
Шега на страна, батали тоа што се пишува по форумите (вклучувајќи тука и на кајгана) и гледај го оноа што ти фаќа око. Нека бидат ете и партизанските филмови ко шо некој тука ги вика.
Но едно запомни. Не мешај вкусови со оноа што пошироката маса го прифаќа. Два сосема различни поима кои си немаат никаква допирна точка со реалноста, освен ако сосила сакаш да праиш нешто што не ти е по ќеф.
Разбирам да се дискутира отворено за одреден филм кој некому му се допаднал, а некому не. Тоа е дискусија. Ете може и да се дискутира и “продукцијски куќи“, секако ако добро си ги гледал и имаш познавање. Но не можам бе да сфатам нешто сосила да се тера само ради тоа што другото е толку мејнстрим, како и надмено да се настапува околу истото.
У реду е, сфаќаме, ако не го глеаш Џармуш си филмски необразуван, додека ако вкусот ти е изграден исклучиво на блокбастери ти си најдолното нешто во филмската критика што би можело да се земе.
Не дека ги бранам овие вториве, но ептен не ми е по ќеф коа првите настапуваат вака. Баш затоа што гледаш нешто нетолку конвенционално и со широка палета на вкусови, треба да гледаш многу пообјективно на работиве.