Филмски свет- генерална дискусија (внимание - спојлери!)

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Хуе хуе, мразам мејнстрим ама не сум хипстер. :kafe

Јас не се влажнам на филмови, си кажувам јас ретко гледам филмови ете еден во две недели просек. Ама поарно би гледал нешто што нема партизани и партизански муабет отколку жалопојки за тажниот живот на балканците пропратен со партизански хумор.
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Па ајде ти како познавач на квалитетни филмови, препорачај нешто. Вика овој не чини, оној не чини, па кој ти чини тебе? Валтер го брани Сараево?
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
ако сакате добар филм отворете на Кајгана - подфорум филм, да видите што е добар вкус. А тоа што Алтер се пресерава со секој коментар е друга прича. И ако гледаш од 902 филмови не значи дека си филмоман. Многу повеќе е потребно за тоа, а ти го немаш. Ко прво немаш муда да кажеш лош збор за некој филм што е обожаван од мејнстрим народот. Да, Шесто сетило е крш, да Блејд Ранер е такоџе тежок крш. Шошенк па колку не го заслужува епитетот на најдобар филм, тоа е чудо. И голем дел од тие што ги гледаш ти се крш, а оцените им ги ставаш онака според генералната оцена на имдб или ротен од некој си 2000 души, што го гледале филмот пред 100 години, па си мислат дека е добар. Brеаkfast at Tiffany's - тешка глупост. :rofl

На кајгана не вирее арна раја, шесто сетило не го имам гледано ама јас не знам стварно како може Шошенк и Блејд Ранер да се крш а Балканкан да е уау, сериозно, дај објасни зошто? Како?
Инаку само за информација, постојат немачки филмови од немиот период кои прават магија со игра на светла и сенки, со позиционирање на камера и со експресија на фаците на глумците, знаат да пренесат језивост и параноја на публиката, теми како луди научници, вампири, дистопии, трилери со серијаши, психолошки драми сето тоа се родило таму и влијае до ден денес на филмот како уметност.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Altaïr and Хоуп*

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Трамп, жити се немој да бидеш само Доналд. :zelen
Шега на страна, батали тоа што се пишува по форумите (вклучувајќи тука и на кајгана) и гледај го оноа што ти фаќа око. Нека бидат ете и партизанските филмови ко шо некој тука ги вика.
Но едно запомни. Не мешај вкусови со оноа што пошироката маса го прифаќа. Два сосема различни поима кои си немаат никаква допирна точка со реалноста, освен ако сосила сакаш да праиш нешто што не ти е по ќеф.
Разбирам да се дискутира отворено за одреден филм кој некому му се допаднал, а некому не. Тоа е дискусија. Ете може и да се дискутира и “продукцијски куќи“, секако ако добро си ги гледал и имаш познавање. Но не можам бе да сфатам нешто сосила да се тера само ради тоа што другото е толку мејнстрим, како и надмено да се настапува околу истото. У реду е, сфаќаме, ако не го глеаш Џармуш си филмски необразуван, додека ако вкусот ти е изграден исклучиво на блокбастери ти си најдолното нешто во филмската критика што би можело да се земе.
Не дека ги бранам овие вториве, но ептен не ми е по ќеф коа првите настапуваат вака. Баш затоа што гледаш нешто нетолку конвенционално и со широка палета на вкусови, треба да гледаш многу пообјективно на работиве.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Io Sono

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Ја малце каснам со муабетов, ама ме фати некоја мрза, па месецов слабо со филмови. Морам да кажам браво за Хоуп што го избрала Witness for the prosecution. Имам кажано и порано дека некако од почеток ко видам црно-бел филм, не ми се гледа, (Знам дека има одлични црно-бели филмови, ама ја сум од оние што ценат визуелна убавина на филмов, со бои, а во црно-беливе нема вакво нешто.) ама кога прочитав Агата Кристи на почеток, морав да го погледнам.
И овој пат кралицата на suspense трилерчиња, не ме изненади. Одлична приказна. Го држи вниманието од почеток до крај. Добра глума од луѓево, иако повеќето првпат ги гледам. Во топ 10 филмови ми е сигурно. Ќе се погледне и Пелхам, иако го имав во план и новиот да го гледам, ама прво стариот ќе биде. :zelen
И јас ќе се преповторам со Хоуп, ама Witness for the prosecution, Casablanca и Schindler's list се јакички филмови.
Туку 12 бесни луѓе - Ауу каков филм. Сакам вака напети филмови што ти го држат вниманието цело време. (y)

Која е разликата сега меѓу мојот невкус и твојот вкус, кога делиме исти мислења?
Јас мислам дека не можеш да прифатиш дека постојат различни мислења, па затоа се нервираш и напнуваш и мислиш дека оние што не делат исто мислење со тебе немаат вкус. За мене си грешка, да не си бил зафатен со следењето на совршениот вкус на тие од кајгана, може ќе знаеше дека воопшто не ми е срам да си го кажам мислењето за некој филм.

Еве и самиот си ги виде и знаеш дека смешно е да споредуваш филмчиштa ко овие погоре со Балканкан или Сенки. И второ, како може јас да се осудувам да гледам нешто што мене ми е досадно, неразбирливо и глупо само зошто некаде било високо оценето, било од одредена година или го сакале одредени луѓе? Нема смисла.
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Ама добро сега, на Кајгана рекле Балканкан е филмиште и крај. Кој е тој Хичкок бе, штом не го спомнале на Кајгана сигурно е некоја будала. :rofl
 

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173
Хуе хуе, мразам мејнстрим ама не сум хипстер. :kafe

Јас не се влажнам на филмови, си кажувам јас ретко гледам филмови ете еден во две недели просек. Ама поарно би гледал нешто што нема партизани и партизански муабет отколку жалопојки за тажниот живот на балканците пропратен со партизански хумор.
1. Не реков дека мразам мејнстрим, ама некои филмови се претерано оверрејтед.
2. Штом викаш дека само партизански филмови имало, тогаш нека биде така.
На кајгана не вирее арна раја, шесто сетило не го имам гледано ама јас не знам стварно како може Шошенк и Блејд Ранер да се крш а Балканкан да е уау, сериозно, дај објасни зошто? Како?
Инаку само за информација, постојат немачки филмови од немиот период кои прават магија со игра на светла и сенки, со позиционирање на камера и со експресија на фаците на глумците, знаат да пренесат језивост и параноја на публиката, теми како луди научници, вампири, дистопии, трилери со серијаши, психолошки драми сето тоа се родило таму и влијае до ден денес на филмот како уметност.
Шошенк не пишав дека е крш, туку дека не е најдобар филм како што сите го прават.
За Блејд Ранер може докторска теза да напишам колку е лош и колку Ридли Скот ко режисер е лош. (Без изгледан Alien зборам). Прво филмот е сај-фај акција, ама толку лоша сценографија има за филм од 1980-тите, пред се го рамњам со Стар Ворс кој е од тој период, ама првиов на вториов може вода да му носи, акцијата жити акција, ко Чак Норис да го гледам како мава, единствено вредно нешто беше визуелно убаво „обоен“. ПС. и досаден беше.
@Хоуп* со усогласени оцени за 2 филма не значи дека имаме исти вкусови. Друго не знам за што гледате филмови, ама за мене филмовите се светиња и им имам друг пристап кој вие веројатно не го гледате. Друг критериум за оцени за македонски, друг за блокбастери, друг за драми, друг за комедии. Нешто што вие не го правите туку ги ставате у ист кош сите. Филм си е филм, како не било. Затоа секој добитник на Кан (ова рандом го пишав Кан) ви е досаден или не знам што некоја глупа мана ќе му најдете.
И второ, како може јас да се осудувам да гледам нешто што мене ми е досадно, неразбирливо и глупо само зошто некаде било високо оценето, било од одредена година или го сакале одредени луѓе? Нема смисла
Ова пред се беше за Алтер кој секој филм што ќе го напише му е мастерпис, а секој нов е благоречено срање. И кој напна со Шестоно сетило.
Трамп, жити се немој да бидеш само Доналд. :zelen
Шега на страна, батали тоа што се пишува по форумите (вклучувајќи тука и на кајгана) и гледај го оноа што ти фаќа око. Нека бидат ете и партизанските филмови ко шо некој тука ги вика.
Но едно запомни. Не мешај вкусови со оноа што пошироката маса го прифаќа. Два сосема различни поима кои си немаат никаква допирна точка со реалноста, освен ако сосила сакаш да праиш нешто што не ти е по ќеф.
Разбирам да се дискутира отворено за одреден филм кој некому му се допаднал, а некому не. Тоа е дискусија. Ете може и да се дискутира и “продукцијски куќи“, секако ако добро си ги гледал и имаш познавање. Но не можам бе да сфатам нешто сосила да се тера само ради тоа што другото е толку мејнстрим, како и надмено да се настапува околу истото. У реду е, сфаќаме, ако не го глеаш Џармуш си филмски необразуван, додека ако вкусот ти е изграден исклучиво на блокбастери ти си најдолното нешто во филмската критика што би можело да се земе.
Не дека ги бранам овие вториве, но ептен не ми е по ќеф коа првите настапуваат вака. Баш затоа што гледаш нешто нетолку конвенционално и со широка палета на вкусови, треба да гледаш многу пообјективно на работиве.
Поентата е дека не можеш да гледаш само амерички 30-ти до 80-ти години и да се правиш филмоман, а од друг жанр и продукција филм да не си гледал. Не дека вреѓам некој, ама ко не си гледал филмови од некоја продукција не можеш да кажеш дека не ваља. Нешто што сите скокнаа врз мене и го преумерија во сосема спротивна насока.
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Од каде знаеш дали немам гледано нови филмови? Сигурно не кажувам така без да ги гледам, тоа ти правиш, демек тебе сите стари филмови ти се изгледани па сега ни кажуваш како биле крш. Имам изгледано повеќе нови филмови и на прсти се бројат тие што ми се допаѓаат, другото не е благоречено срање, туку е тешко срање.
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
@The Tramp погоди кој го пиша ова:
Ко прво немаш муда да кажеш лош збор за некој филм што е обожаван од мејнстрим народот.
А тоа што хејтам мејнстрим филмови е зашто не вредат
Хинт: Не сум јас. :)

Не знам како си замислуваш ти ама премногу си го вреднуваш сопственото мислење и ги потценуваш останатите и сакаш да се истакнеш како поразличен. Ако ова не ти е хипстеризам не знам што е. Во една реченица знаеш што се твоите постови?
„Јас тоа што го гледам е уметност, вие врска немате од филм и тоа што го гледате е крш.“
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Altaïr

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
@The Tramp
Усогласени 2 мислења за филмови, а само тие од старите филмови си ги изгледал. И носиш заклучоци по основ на изгледани два филма, кои за најголема иронија па, ептен ти се допаднале....
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Altaïr