Филмски свет- генерална дискусија (внимание - спојлери!)

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Па поглуп филм немам гледано. А тоа што ти сметало пцуење и секс, баш у тие low-budget филмчиња од 80-тите и 90-тите што ги набројуваш го има. Ова само ти си го споредуваш со декадиве? Дека не сум чул некој друг да група по декади. Во секоја има нешто лошо и нешто арно, али баш у 80-тите па и не гледам од вториве. Се смееш на секоја пцовка што ја кажуваат во GoodFellas, Saving private Ryan, Casino, Bridges of Madison county - тоа не се пцовки.. Fuck, Motherfucker, Screw you, Faggot, во секој амерички филм што ги има, не се пцовки, а македонските ти се навредливи. Ете колку си ги разбрал филмовите што си ги гледал. (facepalm)
Да баш во тие постарите филмови секој втор збор им е fuck. Никогаш не сум видел во било каков постар филм некој да пцуе за се и сешто. Плус јас тие филмови што сум ги гледал со сигурност немаат пцуење, а тие што имаат го имаат во нормала. За разлика од нив, нашите филмови го имаат премногу, после секој збор има пцовка, кога некој ќе му удри една на друг мора да му нареди се по список. Јаки филмови нема збор.
Океј си е ако си гледате такви филмови, ама не напнувајте ко веганите и оние што ширеле религии пред 2000 години. Стварно нема потреба.
И јас можам да кажам дека вие напнувате со новиве филмови. Стварно нема потреба да напнувате со ново срање. Филмомани.
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Не е дека нема нешто добро балканско, ете мене од домашна продукција Превртено, Коски и Пред дождот ми се добри филмчиња. Сигурно има и уште по нешто добро, ама генерално балканците го потат со втора свецка, распадот на стара југа и после рандом приказни што прават обединување (Панкот не е мртов, Парада, Балканкан и уште купица такви).

Британците немаат продукција, балканот има :kafe
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Не е дека нема нешто добро балканско, ете мене од домашна продукција Превртено, Коски и Пред дождот ми се добри филмчиња. Сигурно има и уште по нешто добро, ама генерално балканците го потат со втора свецка, распадот на стара југа и после рандом приказни што прават обединување (Панкот не е мртов, Парада, Балканкан и уште купица такви).

Британците немаат продукција, балканот има :kafe
Што разбираш ти од филмови. :)
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Што разбираш ти од филмови. :)
Јесте да гледам 15-20 филмови максимум за една година ама да споредуваш британска продукција со балканска е сулудо. #евенезнам :/
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
A што францускиве комедии не се со локални зезања, британскиве такоџе нешто кон светот се стремат со хуморот, не ме зезај. Монтевидео е добар филм, ама на Балканкан и по 20 гледања се пресмејувам и не ми е досаден. Од Хрватска не го спомнав Takvi su pravila, гледај го, дали не е добар. Zvizdan не сум го гледал, али штом лапна награда у Кан, мора да биде бар добар. Од Турција симни си Once upon a time in Anatolia или Winter sleep од истиот режисер, Грција додуша и ја не сум погледнал пошто сум слушал дека биле извртенималце филмовите, Словенија и Босна не ми текнува. Романија? Па Романија братче има најразвиена кинематографија моментално од Балканов се со некои тешки социјални теми. На секој јак фестивал лапаат по некоја награда. Еве ти ги 4 months, 3 weeks and 2 days; The Death of Mr. Lazarescu; Child's Pose; If I want to whistle, I whistle; The Japanese Dog; 12:08 East of Bucharest. Тоа што не сте информирани не значи дека нема добри филмови. Годинава Aferim! сите го фалат, само не знам каков е пошто го немам гледано.

Британскиот хумор е еталон мерка за хумор, примерок од британски скеч се чува во меѓународното биро за мерки и единици во Париз, изработен од иридиум и платина како стандард за хумористичност. (party)
Шо знам, прдење, ждригање, ефтини шеги како излезени од `вицотека` бр.26, октомври 1998, фацата жгољава и тупава на оној кумановецот пастирски `глумец` слеш- антиталент и оној со црвената брада стаорецот...не може тоа да се продаде никаде, не од шо не сакаат да се продаде и да земат пара, нема што, нема содржина, тоа може да насмее ликови во Ресен, Драч, Нови Пазар, Дијарбекир, Благоевград или во Хрватска Костајница, на граница меѓу Јесенице и Клагенфурт веќе престанува да биде смешно.

Може да се испили чат пат ок филм од балканот, ама тоа е све локално, се во ред, некој филм за некој господин Лазареску шо викаш социјална драма...ама некако не ми се гледа романски урбани драми пошто вероватно е исто како и тука во таа смисла, ако веќе гледам филмови со страданија ќе си гледам фино Миднајт Експрес или Полињата на смртта, па и Пијанист да речеме...или оној Внатрешен круг за времето на Сталин...

Хрватски иам гледано неколку и ми доаѓаше да гребам со нокти по ѕидот...
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Јесте да гледам 15-20 филмови максимум за една година ама да споредуваш британска продукција со балканска е сулудо. #евенезнам :/
Абе сега ти не знаеш. Тоа го знаат само филмомани, штом човекот така кажа значи така си е, Балканкан филмиште, Панкот не е мртов уште поголемо.
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Абе сте се загнале...
Еве од лична перспектива тргам, овие балканскиве свежокомпоновани се добри, но објективно се безуспешни да испливаат вон балканска публика.
Од другата страна Британскиот хумор е или обожуван или омразен од публиката. Но голем дел го имаат попримено и знаат за што станува збор. Ти на странец не можеш да му појасниш за менталитетот меѓу балканците во Балканкан освен ако не му дадеш платен одмор од 5 години со секојдневни тури низ балканот.
Тоа што Милчо има лапнато светска награда во 1995та е чиста среќа поткрепена со малку умешност за која подоцна сите останати филмови му се базираат на стекнатата првоспомената слава. Не дека нема исто толку добри па и подобри луѓе од него низ светот.
Нашата кинематографија е преконзервативна за светската публика и осим дијаспора што би се ваљала по седишта од т.н. балкански хумор, другиве не знам зошто би пошле освен да искажат почит на своите другари од балканот.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Инаку имам гледано доста екс-ју филмови, едно време се отепуваа по давање по телевизииве, прескокнував партизански пошто лоботомија а и комедиите им беа слаби тие старава раја шо ги фали како жикина династија, осеќав како ми расте чир во желудникот...а дека имаше ок филмови имаше.
Кај Монтевидео ми се свиѓаше и покрај тоа што е комерцијала, правен е по западен терк, обратиле внимание на амбиент и тоа прилично успешно. Сега имало некој сличен со кошарка кога Југославија станала светски првак нешто, не знам дали е излезен по торенти...

Српски Филм е дно на дното, некој локален порн стар го најмуваат да убива и да има односи со лешеви, деца што све не, тешка болештина од филм :mad:
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Altaïr

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
^Најјако е што режисерот на Српски Филм имаше дадено некоја изјава дека со тој филм сакал да ја прикаже ситуацијата на балканот. Демек политичарите како го р`мбаат народот. Феноменален сликовит опис дал :rofl