Постои ли избор?

kones

Истакнат Член
14 февруари 2012
122
119
343
Оваа тема случајно произлезе при дискусии на друѓи теми со lady_blue и Remi.

Цитатот "изборот е илузија создаден помеѓу оние кои имаат моќ и оние кои немаат" доаѓа од филмот Матрикс од карактерот Маровиџи.
Јас лично верувам во вистинитоста на таа мисла и мислам дека потполно е валидна за секоја ситуација на избор. Затоашто при правење избор се собираат информации за сите можни опции. Со анализа на тие информации за сите опции ја избираме онаа опција која е во најдобар прилог за нас.
Соодветно кој ги контролира тие информации автоматски го контролира нашиот избор.
Заклучок: ако немаме независен (вистинит) извор на информации туку контролиран - немаме личен избор.
 
TheKitten

Истакнат Член
3 март 2012
528
614
93
Секогаш имаме избор.
Но тоа најмалку зависи од она што навистина сакаме да го избереме.

Секогаш го бираме она што мислиме дека е правилно - најчесто не по лични критериуми.

Сепак, зависи од работите кои ги избираме.
Има тешки и лесни избори.

Ти секогаш бираш. Корнфлекс или тост? Економија или право? Мачка или куче? Религиозност или атеизам?
Тоа се само неколку прости примери.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: TIGERWOMAN31SK and 4FUN

kones

Истакнат Член
14 февруари 2012
122
119
343
Секогаш имаме избор.
Но тоа најмалку зависи од она што навистина сакаме да го избереме.

Секогаш го бираме она што мислиме дека е правилно - најчесто не по лични критериуми.

Сепак, зависи од работите кои ги избираме.
Има тешки и лесни избори.

Ти секогаш бираш. Корнфлекс или тост? Економија или право? Мачка или куче? Религиозност или атеизам?
Тоа се само неколку прости примери.

Еве еден прост пример:
"Добра вечер драѓи гледачи, во вечерните вести ќе гледате: во центарот на Скопје се појави од никаде прозрaчна фигура-дух, за која многумина мислат дека е самиот господ кој дошол на земјата, да ѓи казни адвокатите што преку дупки во законот успејаа да ги отфрлат обвиненијата на агенцијата за контрола на храна, обвиненија за кои се сеќавете беа упатени кон фабриката за корнфлекс кои беа под сомнителен квалитет поради смртоносната зараза која се ширеше преку мачките во регионот.":rofl:rofl
Изборот, после оваа вест на сител телевизија:rofl:rofl, мислам дека е очигледен за твоите примери.
Знам примерот ми е малце прост и очигледно не веродостоен, но ми ја доловува поентата на темата, изборот го правиме врз основа на информации кои ако бидат контролирани и манипулирани, немаме личен самостоен избор.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: TheKitten

Astrostoper

Активен Член
5 март 2012
224
249
43
животот е движење во милијарда избори
избираме сто пати во денот
некои избори се минорни а некои судбински
мислиме дека ги познаваме кои се кои
ама за тие минорните кои ќе станат судбински викаме ДОБРА ИЛИ ЛОША СРЕЌА
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: kones

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153
ако немам избор, го немам навистина?
или самото тоа што прифаќам дека немам избор
е всушност токму тоа – избор?
избирам да прифатам,
оти секогаш можам да не прифатам
само прашање е колку вреди да не се прифати?
колку вреди да се избориш да ги промениш нештата?
.
и ако можам да избирам, ама не можам да изберам
и тогаш пак избирам – да не избирам
избирам да прифатам дека не можам да изберам
избирам да останам на истиот пат,
а пак можам да го изберам и другото
ама колку вреди да го изберам другото?
.
всушност секој миг е некаков избор
секој чекор е избран чекор
секој од нас избира
па изгледа дека избор има, секогаш
дури и тогаш кога човек мисли дека го нема.
(ноември 8th, 2010)

и уште го мислам истото :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena, kones and Astrostoper

Avona Vi

Истакнат Член
15 февруари 2012
493
631
93
Секогаш имаш избор, без разлика дали понудите се добри или не, ти избираш. Избираш дали ќе веруваш во постоењето на изборот или не и дали ќе го искористиш како што мислиш дека треба.. твое право
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: kones

kones

Истакнат Член
14 февруари 2012
122
119
343
ако немам избор, го немам навистина?
или самото тоа што прифаќам дека немам избор
е всушност токму тоа – избор?
избирам да прифатам,
оти секогаш можам да не прифатам
само прашање е колку вреди да не се прифати?
колку вреди да се избориш да ги промениш нештата?
.
и ако можам да избирам, ама не можам да изберам
и тогаш пак избирам – да не избирам
избирам да прифатам дека не можам да изберам
избирам да останам на истиот пат,
а пак можам да го изберам и другото
ама колку вреди да го изберам другото?
.
всушност секој миг е некаков избор
секој чекор е избран чекор
секој од нас избира
па изгледа дека избор има, секогаш
дури и тогаш кога човек мисли дека го нема.
(ноември 8th, 2010)

и уште го мислам истото :)

Ако е твое дело RESPECT. браво:spin навистина ме изненади
Ако не се лажам во творбата се зборува за можноста(правото) на изборот, за тоа дали можеме да избираме или не дури и во ситуации во кои не можеме да ѓи видиме опциите. Се согласувам со тебе, слободната волја и правото на избор никој не може да ни го ускрати или одзеде и секогаш можеме да избираме по своја волја. Но одговорите на прашањата:
"ако немам избор, го немам навистина?
само прашање е колку вреди да не се прифати?
колку вреди да се избориш да ги промениш нештата?
ама колку вреди да го изберам другото?" можат да бидат изманипулирани од трети лица, а со тоа и твојот избор.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena and malo

Мое дело е, благодарам :)
Се зборува токму за прашањето од темата - Постои ли избор или не?
А каков ќе биде изборот, зависи од многу фактори. Правилноста, односно неправилноста на направениот избор не го побива фактот дека тоа е сепак наш избор. Значи изборот секогаш постои. Дури и кога избираме на своја штета.