Омнивори vs. Хербивори

Кој е вашиот начин на исхрана?


  • Вкупно гласале
    27
  • Poll closed .

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Секако дека секој сака да биде инаков, у чкола не учат така да бидеме сите исти, да не се делиме .. но погрешно е тоа. Секоја индивидуа си е посебна и не би требало да биде иста, мада ако излезеш надвор ке видиш куп мушкарци 100%тно ист физички изглед.. исто и за цурите
Тоа што овие 2 вида исхрана се тотално спротивно и не прави инакви тоа не е до нас господине. Еве ако ме прашаш мене вие месојадите сакате да бидете инакви бидејки тоа не е природно .. значи вие се издвојувате од природата на човекот и неговата исхрана о.О ?
Прво, смири се. Нема потреба да се нервираш.
На форумов си од 29 Октомври 2015 најголем дел од мислењата(ако не и сите) ти се на оваа тема. Тоа не е природно. Тоа е ...ајде да кажам, напорно, нападно, досадно... Како сакаш кажи го.
Она што сите го кажуваат и повторуваат го потпишувам... премногу се експонирате. Не мора цел свет да знае дека јадете трева. И не мора да полемизираш за мојот начин на исхрана бидејќи како што претходно кажа - сите сме различни. Зошто се обидувате да нѐ направите како вас? :)
Јас сметам дека таквиот начин на исхрана е измачување на човечкото битие - не спасување.
И не ми требаат цитати и линкови од научни истражувања за да ти го докажам тоа, но бидејќи ме мрзи ќе наведам само еден пример, и тука ја привршувам конверзацијата.
Човекот е познат по тоа што „сѐ што му е на дофат на рака сака да го проба“. Да се мислам јас во мигов дали крем бананчето што ми го даде жена ми има желатин во него што е од животинско потекло...и да читам тоа ситните буквички на секој производ што го внесувам во мене... е навистина измачување.
 

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,070
1,133
@malo сеа може да се правиме на Мутибарич до којзнае каде. Вие веганите сте тие кои настапувате офанзивно и покажувате со прст „умоболни убијци“ кон месојадите. Вие веганите им висите над глава на луѓето дур јадат сендвичи и им досадувате со вашите „факти“. Вие веганите сте тие што први почнуваат со муабети за храна. И не ми кажувај дека ти или некој друг не е таков, не се обраќам лично туку зборувам за цела група луѓе.
Хахаха, леле, леле.... сме им виселе на луѓето додека јадат сендвичи, сме покажувале со прст и сме им викале убијци... аман бре :rofl
 

$3Я3|\||)&p&†Y

Староседелец
12 мај 2012
3,690
3,871
1,183
Хахаха, леле, леле.... сме им виселе на луѓето додека јадат сендвичи, сме покажувале со прст и сме им викале убијци... аман бре :rofl
У право си е човекот. Таквите фаци кога ќе седнам да јадам и ми проповедаат како некој го убил тоа животно за јас да го јадам и како јас спаѓам во фамилијата убијци, ми се иде да им плеснам една и да не им текне уште еднаш да ме погледнат.
 

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,070
1,133
Прво, смири се. Нема потреба да се нервираш.
На форумов си од 29 Октомври 2015 најголем дел од мислењата(ако не и сите) ти се на оваа тема. Тоа не е природно. Тоа е ...ајде да кажам, напорно, нападно, досадно... Како сакаш кажи го.
Она што сите го кажуваат и повторуваат го потпишувам... премногу се експонирате. Не мора цел свет да знае дека јадете трева. И не мора да полемизираш за мојот начин на исхрана бидејќи како што претходно кажа - сите сме различни. Зошто се обидувате да нѐ направите како вас? :)
Јас сметам дека таквиот начин на исхрана е измачување на човечкото битие - не спасување.
И не ми требаат цитати и линкови од научни истражувања за да ти го докажам тоа, но бидејќи ме мрзи ќе наведам само еден пример, и тука ја привршувам конверзацијата.
Човекот е познат по тоа што „сѐ што му е на дофат на рака сака да го проба“. Да се мислам јас во мигов дали крем бананчето што ми го даде жена ми има желатин во него што е од животинско потекло...и да читам тоа ситните буквички на секој производ што го внесувам во мене... е навистина измачување.
Погрешно ги разбирате нештата, многу, многу погрешно. На форумот има многу теми за храна и според вас, секој друг може да зборува за тоа што јадел освен веганите и вегетеријанците. Секој си зборува и си пишува на темите кои што го интересираат, мене ме интересира оваа тема, јас сакам да појаснам што значи веганство, да кажам како се хранам, зошто сум го одбрала овој начин на исхрана и тн. Исто како што некој кој слуша некоја одредена музика и отвара теми за омилени бендови, постира песни, зборува за групата, образложува зошто му се допаѓа итн. Зошто веганот е напорен кога пишува во теми наменети за веганство, а ти не си напорен кога пишуваш еротски колумни?
И сфатете веќе еднаш, никој не сака да ве направи како нас, зошто си умислувате такви нешта? Од каде тој заклучок образложи ми.
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Хахаха, леле, леле.... сме им виселе на луѓето додека јадат сендвичи, сме покажувале со прст и сме им викале убијци... аман бре :rofl
Смеј се ако сакаш уште пет години без престан, реалноста е таа. Ти можеби не правиш така, веганите кои јас ги познавам буквално тоа го прават,
 

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,070
1,133
У право си е човекот. Таквите фаци кога ќе седнам да јадам и ми проповедаат како некој го убил тоа животно за јас да го јадам и како јас спаѓам во фамилијата убијци, ми се иде да им плеснам една и да не им текне уште еднаш да ме погледнат.
Да, да... таквите фаци... ти колку вегани познаваш, колку такви има во твоја близина, петнаесет?
Сте запознале еден што си има проблем со умот и според него ке судите.

Смеј се ако сакаш уште пет години без престан, реалноста е таа. Ти можеби не правиш така, веганите кои јас ги познавам буквално тоа го прават,
Колку такви вегани познаваш?
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Погрешно ги разбирате нештата, многу, многу погрешно. На форумот има многу теми за храна и според вас, секој друг може да зборува за тоа што јадел освен веганите и вегетеријанците. Секој си зборува и си пишува на темите кои што го интересираат, мене ме интересира оваа тема, јас сакам да појаснам што значи веганство, да кажам како се хранам, зошто сум го одбрала овој начин на исхрана и тн. Исто како што некој кој слуша некоја одредена музика и отвара теми за омилени бендови, постира песни, зборува за групата, образложува зошто му се допаѓа итн. Зошто веганот е напорен кога пишува во теми наменети за веганство, а ти не си напорен кога пишуваш еротски колумни?
И сфатете веќе еднаш, никој не сака да ве направи како нас, зошто си умислувате такви нешта? Од каде тој заклучок образложи ми.
Еднаш ти имам кажано, проблемот не е во тоа што ти сакаш да си кажуваш зошто си веган и слично туку проблемот е што напаѓате туѓи ставови. Не е исто да кажеш „Јас сум веган оти така ми сака организмот, не ми е убаво кога јадам месо и не сакам да јадам ништо животинско.“ и да кажеш „Јас сум веган затоа што месојадите се умоболни убијци.“ Ти ако сакаш спори ја целата месна индустрија, никој не може да ти забрани да се сомневаш во тоа дека квалитетот на месото што се продава не е контролиран, ама да нарекувате некого убиец затоа што јадел месо или измачител затоа што пиел млеко не е само искажување став туку напаѓање туѓо мислење различно од своето.

Колку такви вегани познаваш?
Најмалку десетина.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Аркантос

$3Я3|\||)&p&†Y

Староседелец
12 мај 2012
3,690
3,871
1,183
Да, да... таквите фаци... ти колку вегани познаваш, колку такви има во твоја близина, петнаесет?
Сте запознале еден што си има проблем со умот и според него ке судите.
Доволно. Неколку ми беа колеги од факултет, кои што (за среќа) не ги дружам кога завршив прва година. Мада многу колеги престанаа да ги дружат само заради нивните „паметни“ мозоци кои проповедаа како тоа не требало да се јади, како не ни било жал итн итн.
Ама најјак ми е еден, којшто ми е другар. Веган е .. ултра жалење има за животните, ама кога бевме еднаш на пица, му ставија кашкавал, се налути, ама си го апна. После неколку дена јадевме сендвичи, си апна и мајонез. Битно ултра жалење има тој за животните. Не ми текнува само зошто не јаде јајца, битно се сокинав од смеење за тоа што го кажа. Памтам дека се сокинав од смеење ама не памтам што кажа .. пу бе да си еам :/
 

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,070
1,133
Еднаш ти имам кажано, проблемот не е во тоа што ти сакаш да си кажуваш зошто си веган и слично туку проблемот е што напаѓате туѓи ставови. Не е исто да кажеш „Јас сум веган оти така ми сака организмот, не ми е убаво кога јадам месо и не сакам да јадам ништо животинско.“ и да кажеш „Јас сум веган затоа што месојадите се умоболни убијци.“ Ти ако сакаш спори ја целата месна индустрија, никој не може да ти забрани да се сомневаш во тоа дека квалитетот на месото што се продава не е контролиран, ама да нарекувате некого убиец затоа што јадел месо или измачител затоа што пиел млеко не е само искажување став туку напаѓање туѓо мислење различно од своето.


Најмалку десетина.
Па и нас веганите постојано ни се случува омнивори да ни солат памет, да не навредуваат, да не прават умоболни... тоа и на нас постојано ни се случува. Мене ми се има случено (додека работев) омнивор во тањир да ми стави парче стек за да ме испровоцира, намерно во јадењето да варат месо, па го вадат, демек нема да го осетам, само за да се подсмеваат дека сум пробала чорба во која се варело месо, ми подметнале и пита која била правена со свинска маст. Мене постојано ме убедуваат дека треба да јадам месо, дека си правам зло себеси и на своите деца, ме нарекувале секташка и што се не.
Вие не сте можеле на раат да јадете во присуство на вегани, а мислиш дека ние сме можеле нормално да јадеме во присуство на омнивори. Мислиш дека кога сум некаде на роденден, свадба, слава кажувам и зборувам за веганство? Не, тогаш дури и под стрес сум за да не ме приметат, за да не ми зборуваат и да не ми ставаат месо во тањир, па уште и кажуваат колку било сочно, како сум можела да одолеам и сл.
Да не спомнувам колку години заради родителите бев принудувана да јадам месо и да не спомнував дека пролетта оваа година додека бев кај дедоми, тој знаејки дека нема да пребирам храна за да не го навредам, во рок од три дена готвеше исклучиво животинска храна -јајца, јајца со урда, јајца со виршли, пржени лепчиња со јајца и јогурт, пита со сирење итн. Еден парлиџан не исече и тоа за инат, бидејки е против овој начин на исхрана, а да не спомнувам колку ми збореш и што се збореше.
Кога одам во продавничката близу кај што живеам и кога ке ги наполнам кесите само со овошје и зеленчук, а тоа го правам секојдневно, продавачките секогаш ме гледаат чудно и упатуваат некои коментари кои мене лично не ми сметаат, но непријатно ми е кога цело време ме посматраат што купувам. Еднаш купив пилешко месо за мачињата од таму и продавачката цела оцерена ми кажува кое месо било поуваво, од кое да сум си купила... Не можев да се воздржам и намерно и кажав дека не е за мене, туку за мачиња. Погледот и беше разочарувачки.
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Стандард муабет си е тоа со продавачи, ете и јас кога одам во продавница знаат да ми кажат дека нешто било поубаво од тоа што сум го земал и со приближна цена.

Јас не ти кажувам дека омниворите се китки за мирисање, секако дека ќе се најде некој кој што ќе ти соли памет што треба да јадеш и од оваа страна. Јас ти кажувам дека претежно веганите се проповедници и не престануваат ако им кажеш дека не те интересира и не сакаш да го правиш тој муабет. Не верувам дека процентот омнивори кои би те гњавеле со муабет што треба да јадеш го надминува процентот вегани што гњават со таков муабет.